Трка Абу Даби 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трка Абу Даби 2017 Cycling (road) pictogram.svg
Детали за трката
Издание3. Трка Абу Даби
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2017 2.UWT
Етапи4
Датуми23 – 26 февруари 2017
Растојание671 км
ДржаваUAE Обединети Арапски Емирати
ПоаѓалиштеАбу Даби
ОдредиштеЈас Марина
Екипи20
Возачи на почеток158
Возачи на крај141
Добитници на наградите
ПобедникPOR Руј Кошта (ОАЕ Емирати) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранRUS Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранNED Том Димулен (Санвеб) Wikidata-logo S.svg
БодовенGBR Марк Кевендиш (Дименжн Дата) Wikidata-logo S.svg
СпринтерскиAUT Патрик Конрад (Бора-хансгрое) Wikidata-logo S.svg
МладинскиFRA Жилијан Алафилип (Квик-Степ Флорс) Wikidata-logo S.svg
ЕкипенUAE ОАЕ Емирати Wikidata-logo S.svg
20162018 ▶
Документација Wikidata-logo S.svg

Трка Абу Даби 2017 — 3. издание на велосипедската етапна трка Абу Даби, која се одржала помеѓу 23 и 25 февруари како трет настан во сезоната на Светската турнеја. Прв пат ќе биде вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]

Планинската завршница на трката на Џабал Хафит го обезбедила завршниот подиум на трката, откако Марк Кевендиш (Тим Дименжн Дата), Марсел Кител (Квик-Степ Флорс) и Кејлеб Јуан (Орика-Скот) ги освоиле трите спринтерски етапи. Светскиот првак од 2013 година, Руј Кошта, возејќи за новоименуваната ОАЕ Тим Емирати, се одвоил со возачот на Катјуша-Алпесин, Илнур Закарин, останувајќи до крајот; Кошта успеал да го претекне Закарин и ја освоил етапата, а со дополнителните бонус секунди ја зачувал крајната победа за четири секунди.[3] Подиумот бил заокружен од возачот на Тим Санвеб, Том Димулен, кој се обидел да му се приближи на двоецот на искачувањето, но задоцнил десет секунди.

Со завршување на првото, второто и третото место на спринтерските етапи, Кевендиш бил удобен победник на бодовниот пласман. Во другите пласмани, колегата на Кител, Жилијан Алафилип го освоил пласманот за млад возач; се искачил четири места погоре на завршниот ден со трите секунди бонус за освојување на едниот од средните спринтови — искачувајќи се од деветтото на петтото место. Уште еден искачувач на завршниот ден бил возачот на Бора-Хансгрое, Патрик Конрад, кој го освоил пласманот на средните спринтови, освојувајќи уште два други спринта и завршил втор зад Алафилип на третиот. Со осум секунди бонус, се искачил од 24. на 10. место. Екипниот пласман бил освоен од екипата на Кошта, ОАЕ Тим Емирати.

Рута[уреди | уреди извор]

Целосната рута за Трката Абу Даби 2017 била објавена на 24 јануари 2017.[4]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1 Wikidata-logo S.svg23 февруариАбу Даби – Мадинат Зајед
рамна етапа
189GBR Марк Кевендиш Wikidata-logo S.svgGBR Марк Кевендиш Wikidata-logo S.svg
2 Wikidata-logo S.svg24 февруариМарјах – Абу Даби
рамна етапа
153GER Марсел Кител Wikidata-logo S.svgGBR Марк Кевендиш Wikidata-logo S.svg
3 Wikidata-logo S.svg25 февруариХаза бин Зајед – Џабал Хафит
среднопланинска етапа
186POR Руј Кошта Wikidata-logo S.svgPOR Руј Кошта Wikidata-logo S.svg
4 Wikidata-logo S.svg26 февруариЈас Марина – Јас Марина
рамна етапа
143AUS Кејлеб Јуан Wikidata-logo S.svgPOR Руј Кошта Wikidata-logo S.svg

Екипи[уреди | уреди извор]

Како нова трка во Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат на трката. Со тоа, шеснаесет од осумнаесетте екипи — сите освен Канондејл-Драпак и ФДЖ — настапиле на трката.[5] Четири професионални континентални екипи настапиле, со што ја заокружиле главната група од 20 екипи.

Екипи од Светската турнеја UCI (16)
  1. FRA АГ2Р-Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. USA БМЦ Рејсинг Тим
  5. GER Бора-хансгрое
  6. RSA Дименжн Дата
  7. SUI Катјуша-Алпесин
  8. NED Лото НЛ-Џамбо
  9. BEL Лото-Судал
  10. ESP Мовистар
  11. AUS Орика-Скот
  12. BEL Квик-Степ Флорс
  13. GBR Тим Скај
  14. GER Санвеб
  15. USA Трек-Сегафредо
  16. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (4)
  1. ITA Бардијани ЦСФ
  2. RUS Газпром-РусВело
  3. ITA Нипо-Вини Фантини
  4. USA Ново Нордиск
Wikidata-logo S.svg

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. GBR Марк Кевендиш Дименжн Дата4ч 37' 06
2. GER Андре Грајпел Лото-Судал+ 0
3. ITA Николо Бонифацио Бахреин-Мерида+ 0
4. ITA Симоне Консони ОАЕ Емирати+ 0
5. ITA Елија Вивијани Тим Скај+ 0
6. GER Роџер Клуге Орика-Скот+ 0
7. RUS Александар Порсев Газпром-РусВело+ 0
8. ITA Матео Пелуки Бора-хансгрое+ 0
9. ITA Никола Руфони Бардијани ЦСФ+ 0
10. ROU Едуард Микаел Гросу Нипо-Вини Фантини+ 0
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. GBR Марк Кевендиш црвена маичка за предводникот во генералниот пласманзелена маичка за предводникот во бодовниот пласманДименжн Дата4ч 36' 56
2. GER Андре Грајпел Лото-Судал+ 4
3. ITA Мануеле Мори црна маичка за предводникот во спринтерскиот пласманОАЕ Емирати+ 4
4. ITA Николо Бонифацио бела маичка за предводникот во пласманот за млад возачБахреин-Мерида+ 6
5. ITA Мирко Маестри Бардијани ЦСФ+ 8
6. JPN Казушиге Кубоки Нипо-Вини Фантини+ 8
7. ITA Симоне Консони ОАЕ Емирати+ 10
8. ITA Елија Вивијани Тим Скај+ 10
9. GER Роџер Клуге Орика-Скот+ 10
10. RUS Александар Порсев Газпром-РусВело+ 10
Извор: ProCyclingStats


Етапа 2[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. GER Марсел Кител Квик-Степ Флорс3ч 28' 11
2. AUS Кејлеб Јуан Орика-Скот+ 0
3. GBR Марк Кевендиш црвена маичка за предводникот во генералниот пласманзелена маичка за предводникот во бодовниот пласманДименжн Дата+ 0
4. ITA Матео Пелуки Бора-хансгрое+ 0
5. GER Фил Баухаус Санвеб+ 0
6. ITA Елија Вивијани Тим Скај+ 0
7. ITA Андреа Гвардини ОАЕ Емирати+ 0
8. ROU Едуард Микаел Гросу Нипо-Вини Фантини+ 0
9. GER Андре Грајпел Лото-Судал+ 0
10. RUS Александар Порсев Газпром-РусВело+ 0
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. GBR Марк Кевендиш црвена маичка за предводникот во генералниот пласманзелена маичка за предводникот во бодовниот пласманДименжн Дата8ч 05' 03
2. GER Марсел Кител Квик-Степ Флорс+ 4
3. GER Андре Грајпел Лото-Судал+ 8
4. ITA Марко Канола црна маичка за предводникот во спринтерскиот пласманНипо-Вини Фантини+ 8
5. AUS Кејлеб Јуан бела маичка за предводникот во пласманот за млад возачОрика-Скот+ 8
6. ITA Мануеле Мори ОАЕ Емирати+ 8
7. ITA Николо Бонифацио Бахреин-Мерида+ 10
8. AUS Фабио Калабрија Ново Нордиск+ 11
9. ITA Мирко Маестри Бардијани ЦСФ+ 12
10. JPN Казушиге Кубоки Нипо-Вини Фантини+ 12
Извор: ProCyclingStats


Етапа 3[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. POR Руј Кошта ОАЕ Емирати4ч 34' 08
2. RUS Илнур Закарин Катјуша-Алпесин+ 0
3. NED Том Димулен Санвеб+ 10
4. NED Бауке Молема Трек-Сегафредо+ 28
5. FRA Жилијан Алафилип Квик-Степ Флорс+ 46
6. ITA Фабио Ару Астана+ 46
7. POL Рафал Мајка Бора-хансгрое+ 46
8. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 46
9. ITA Доменико Поцовиво АГ2Р-Ла Мондијал+ 46
10. COL Наиро Кинтана Мовистар+ 58
Извор: ProCyclingStats
Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. POR Руј Кошта црвена маичка за предводникот во генералниот пласманОАЕ Емирати12ч 39' 15
2. RUS Илнур Закарин Катјуша-Алпесин+ 4
3. NED Том Димулен Санвеб+ 16
4. NED Бауке Молема Трек-Сегафредо+ 38
5. POL Рафал Мајка Бора-хансгрое+ 56
6. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 56
7. ITA Фабио Ару Астана+ 56
8. ITA Доменико Поцовиво АГ2Р-Ла Мондијал+ 56
9. FRA Жилијан Алафилип бела маичка за предводникот во пласманот за млад возачКвик-Степ Флорс+ 56
10. FRA Ромен Барде АГ2Р-Ла Мондијал+ 1' 08
Извор: ProCyclingStats


Етапа 4[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgЕтапен резултат
ВозачЕкипаВреме
1. AUS Кејлеб Јуан Орика-Скот3ч 03' 06
2. GBR Марк Кевендиш зелена маичка за предводникот во бодовниот пласманДименжн Дата+ 0
3. GER Андре Грајпел Лото-Судал+ 0
4. ITA Николо Бонифацио Бахреин-Мерида+ 0
5. ITA Матео Пелуки Бора-хансгрое+ 0
6. GER Роџер Клуге Орика-Скот+ 0
7. FRA Жилијан Алафилип бела маичка за предводникот во пласманот за млад возачКвик-Степ Флорс+ 0
8. RUS Александар Порсев Газпром-РусВело+ 0
9. USA Кил Рајнен Трек-Сегафредо+ 0
10. GER Рик Цабел Катјуша-Алпесин+ 0
Извор: ProCyclingStats

Поредок[уреди | уреди извор]

Завршен пласман[уреди | уреди извор]

[6]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. POR Руј Кошта црвена маичка за предводникот во генералниот пласманОАЕ Емирати15ч 42' 21
2. RUS Илнур Закарин Катјуша-Алпесин+ 4
3. NED Том Димулен Санвеб+ 16
4. NED Бауке Молема Трек-Сегафредо+ 38
5. FRA Жилијан Алафилип бела маичка за предводникот во пласманот за млад возачКвик-Степ Флорс+ 53
6. POL Рафал Мајка Бора-хансгрое+ 56
7. NZL Џорџ Бенет Лото НЛ-Џамбо+ 56
8. ITA Фабио Ару Астана+ 56
9. ITA Доменико Поцовиво АГ2Р-Ла Мондијал+ 56
10. AUT Патрик Конрад црна маичка за предводникот во спринтерскиот пласманБора-хансгрое+ 1' 07
Извор: ProCyclingStats


Водство во пласманите[уреди | уреди извор]

На Трката Абу Даби 2017 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршното време на секој велосипедист на секоја етапа и дозволувајќи временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ја добивал црвената маичка.[7] Овој пласман бил сметан за најважен на трката и победникот на пласманот се сметал за победник на трката.

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка.[7] Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите десет места на крајот на етапата. За победа на етапата, возачот добивал 20 бода, 16 бода за вториот, 12 за третиот, 9 за четвртиот, 7 за петтиот, 5 за шестиот и по еден бод помалку за секое наредно место, сè до 1 бод за 10. место. Бодови за пласманот можеле да се добијат и на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средно спринтови исто така нуделе временски секунди за генералниот пласман. Постоел и спринтерски пласман за бодовите доделени на гореспоменатите средни спринтови, каде водството било обележано со црна маичка.[7]

Четвртата маичка ја претставувал пласманот за млад возач, обележана со бела маичка.[7] Ова било одлучувано на ист начин како во генералниот пласман, но само возачите родени по 1 јануари 1992 година можеле да учествуваат во пласманот. Имало и пласман за екипите, каде биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти по екипа на секоја етапа; предводничката екипа на крајот на трката била екипа со најмало вкупно време.

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey red.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Спринтерски пласман
Jersey black.svg
Екипен пласман
1[8] Марк Кевендиш Марк Кевендиш Марк Кевендиш Николо Бонифацио Мануеле Мори Тим Дименжн Дата
2[9] Марсел Кител Кејлеб Јуан Марко Канола ОАЕ Тим Емирати
3[10] Руј Кошта Руј Кошта Жилијан Алафилип
4[11] Кејлеб Јуан Патрик Конрад
На крај Руј Кошта Марк Кевендиш Жилијан Алафилип Патрик Конрад ОАЕ Тим Емирати

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. конс. 2 октомври 2016. 
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. конс. 2 октомври 2016. 
  3. Тарнер, Џон. „UAE Team Emirates captain Rui Costa takes Abu Dhabi Tour General Classification title“, „The National“, Abu Dhabi Media, 26 февруари 2017 (посет. 26 февруари 2017 г).
  4. Тарнер, Џон. „Mark Cavendish: 2017 Abu Dhabi Tour will see a battle of 'the best sprinters in the world'“, „The National“, Abu Dhabi Media, 24 јануари 2017 (посет. 22 февруари 2017 г).
  5. Abu Dhabi Tour announces route, teams for 2017 race“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 24 јануари 2017 (посет. 22 февруари 2017 г).
  6. „Трка Абу Даби 2017“. ProCycling. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 2017 Abu Dhabi Tour route and jerseys unveiled“, „Velon.cc“, Velon Limited, 25 јануари 2017 (посет. 22 февруари 2017 г).
  8. Cavendish strikes first in Abu Dhabi Tour sprint“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 23 февруари 2017 (посет. 23 февруари 2017 г).
  9. Abu Dhabi: Marcel Kittel wins stage 2“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 24 февруари 2017 (посет. 24 февруари 2017 г).
  10. Rui Costa wins mountain stage in Abu Dhabi Tour“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 25 февруари 2017 (посет. 25 февруари 2017 г).
  11. Ewan wins stage 4 of the Abu Dhabi Tour ahead of Cavendish and Greipel“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 26 февруари 2017 (посет. 26 февруари 2017 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]