Енрик Мас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Енрик Мас
Мас на Тур де Бретањ 2014
Лични податоци
Цело имеЕнрик Мас Николау
Роден7 јануари 1995(1995-01-07)(29 г.)
Арта,  Шпанија
Висина1,77 м[1]
Маса61 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубМовистар Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2016
2017-2019
2020-
Клајн Константија
Квик-Степ Флорс
Мовистар Тим
Значајни победи
Големи трки
Вуелта а Еспања
Награда за млад возач (2018)
1 поединечна етапа (2018)

Етапни трки

Трка околу Гуангси (2019)
Последна промена
5 февруари 2020

Енрик Мас Николау (шпански: Enric Mas Nicolau; р. 7 јануари 1995) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[2]

Претставува талентиран искачувач и има завршено меѓу првите десет на престижни трки, како и има освоено етапа на Трка околу Баскија. Токму од Алберто Контадор е сметан за негов наследник, меѓутоа Мас изјавил дека сака да биде првиот Енрик Мас.[3] Откако претходно возел за екипата Фундасион Контадор, Контадор ја знае неговата сила, верувајќи дека има светла иднина.

Кариера[уреди | уреди извор]

Квик-Степ Флорс (2017-2019)[уреди | уреди извор]

2017[уреди | уреди извор]

На 19 јули 2016 година, Етикс-Квик Степ објавиле дека потпишале со Мас за сезоната 2017.[4] Сезоната 2017 била негова прва во Светската турнеја. Најдобар резултат имал на Вуелта а Бургос, каде завршил втор на последната етапа и со тоа втор во генералниот пласман. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[5] Ја освоил наградата за борбеност на етапите 6 и 20 на. На претпоследната етапа бил во бегство и му помогнал на Алберто Контадор да ја освои етапата.

2018[уреди | уреди извор]

Сезоната 2018 била втора во Светската турнеја и стигнал негов прв пласман меѓу првите десет на Трката околу Баскија. Ја освоил последната етапа до Арате, кој била негова прва професионална победа. Се искачил до шестото место во генералниот пласман по последната етапа, што бил негов прв пласман меѓу првите десет на некоја трка од Светската турнеја. Исто така, го освоил пласманот за млад возач на трката. Продолжил со формата, 2 месеци подоцна завршил на 4. место на Тур де Свис и го освоил пласманот за млад возач. Успеал да заврши втор на петтата етапа зад Диего Улиси.

На Вуелта а Еспања, Мас бил надвор од првите десет пред последните две етапи во втората недела. Завршил седми на етапата до Лас Праерес и се искачил на осмото место. На следната етапа завршил шести и се искачил до шестото место. На хронометарот повторно покажал добра форма и завршил шести. Се искачил за уште едно место во генералниот пласман. На етапата 17, трката била на ново искачување. Мас бил најсилен од кандидатите за генералниот пласман и се стигнал до третото место во пласманот. Меѓутоа, паднал на четвртото место по етапата 19. На почетокот на следната етапа, разликата меѓу него и третопласираниот возач Стевен Краусвајк била само 17 секунди. Нападнал на последното искачување заедно со Мигел Анхел Лопес и Сајмон Јејтс. Мас возел заедно до целта со Лопес и го претекнал за негова прва етапна победа на некоја голема трка. Со резултатот на етапата, Мас се искачил на второто место на Вуелта, завршувајќи на подиум на неговата втора голема трка.

2019[уреди | уреди извор]

Во јули 2019 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[6]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2012
1. Национално јуниорско друмско првенство
2014
4. Мировна трка
2016
1. Краен пласман Волта ао Алентежо
1. Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Краен пласман Тур де По де Савоја
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Бодовен пласман
2017
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Пласман за млад возач
Награда за борбеност на етапите 6 и 20 на Вуелта а Еспања
2018
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Награда за млад возач
1. Етапа 20
4. Краен пласман Тур де Свис
1. Пласман за млад возач
6. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 6
2019
1. Краен пласман Трка околу Гуангси
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 4
4. Краен пласман Волта ао Алгарве
8. Класика де Сан Себастијан
9. Краен пласман Тур де Свис
9. Краен пласман Волта а Каталуња
10. Милано-Торино

Распоред на резултатите на етапните трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2017 2018 2019
Џиро
Тур 22
Вуелта 71 2
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2017 2018 2019
Париз-Ница
Тирено-Адријатико
Волта а Каталуња 75 44 9
Трка околу Баскија 14 6 11
Тур де Романди
Критериум ди Дофине СО
Тур де Свис 4 9

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Enric Mas, Deceuninck - Quick-Step Cycling team“. Архивирано од изворникот на 2019-07-15. Посетено на 15 јули 2019.
  2. „Movistar Team ready to open new era in 2020“. Мовистар Тим. Abarca Sports SL. 19 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
  3. „Mas: I want to be the first Enric Mas, not the next Alberto Contador“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 15 септември 2018.
  4. „Three neo-pros join Etixx–Quick-Step for 2017“. etixx-quickstep.com. 19 јули 2016. Посетено на 19 јули 2016.
  5. „2017 > 72nd Vuelta a España > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 17 август 2017.
  6. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]