Адам Јејтс (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Адам Јејтс
Јејтс на Трката околу Алберта 2015
Лични податоци
Цело имеАдам Јејтс
Прекар„Сенката“ (The Shadow)[1]
Роден7 август 1992 (1992-08-07) (26 г.)
Бери,  Обединето Кралство
Висина1,73 м[2]
Маса58 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубМичелтон-Скот
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Аматерски клубови
2013 СС Етип
Професионални клубови
2014– Орика-ГринЕЏ
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Jersey white.svg Пласман за млад возач (2016)

Етапни трки

Трка околу Турција (2014)

Еднодневни трки и класици

Класика де Сан Себастијан (2015)
ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано (2014, 2017)
Последна промена
9 април 2019

Адам Јејтс (англиски: Adam Yates; р. 7 август 1992) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист и брат-близнак на Сајмон Јејтс, кој вози за UCI World Tour екипата Мичелтон-Скот.[3] На Тур де Франс 2016 завршил четврти и го освоил пласманот за млад возач, станувајќи прв британски возач кој го освоил пласманот.

Браќата не се поврзани со поранешниот велосипедист Шон Јејтс.

Кариера[уреди | уреди извор]

Аматерска кариера[уреди | уреди извор]

Сајмон и Адам започнале со велосипедизам откако нивниот татко Џон бил повреден при судир со автомобил додека возел — во текот на неговото опоравување ги носел близнаците до Манчестерскиот велодром да следат трки возени од неговиот велосипедски клуб, Бери Кларион, за да одржува контакт со другите членови. И обајцата наскоро започнале да возат за Бери Кларион (друмски) и за Истлендс Вело (велодромски). Додека Сајмон бил избран од Британската федерација за нивната програма „Олимписка академија“, Адам се насочил на друмската кариера во Франција со финансиска помош од Дејв Рејнер.[4]

Јејтс завршил втор со само 55 секунди зад шпанскиот возач Рубен Фернандез во генералниот пласман на Тур де л’Авенир 2013, додека настапувал за британската репрезентација.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Орика-ГринЕЏ (2014-денес)[уреди | уреди извор]

Откако поминал успешна сезона со француската аматерска екипа СС Етип, се приклучил на екипата Орика-ГринЕЏ заедно со неговиот брат во 2014.[3] На неговата прва професионална трка, Тур де Сан Луис во Аргентина, Јејтс завршил единаесетти во генералниот пласман и прв во пласманот за млад возач.[5]

Јејтс на Трката околу Турција 2014, каде ја остварил првата професионална победа

Пробивот на Јејтс се случил на Трката околу Турција на крајот на април и почетокот на мај 2014. Бил еден од заштитените возачи на екипата за генералниот пласман, заедно со неговиот брат.[6] На третата етапа, станал де факто предводник на екипата, откако Сајмон паднал на трката, при што се здобил со повреди.[7] Јејтс бил единствениот кој го следел нападот на Реин Тарамае на последното искачување до Елмали и на крајот завршил на етапата на второто место, шест секунди зад Тарамае откако повторно нападнал во последните метри.[8] По две етапи наменети за спринтерите, Јејтс ја постигнал својата прва професионална победа на шестата етапа. Јејтс се издвоил од намалената главна група на околу еден километар пред целта. Јејтс се одржал пред двајцата велосипедисти зад него и успеал да ја преземе водечката сина маичка од Тарамае, кој ја поминал целта седум секунди зад Јејтс.[9][10] Јејтс го задржал водството на трката до нејзиниот крај во Истанбул два дена подоцна; го зголемил неговото водство за четири секунди на последната етапа, откако групата се поделила и само 28 возачи добила исто време како етапниот победник, Марк Кевендиш.[11] Подоцна ја опишал победата — прва британска победа во генералниот пласман на трката — како „неочекувана“, откако имал амбиција да освои една етапа.[12]

Јејтс потоа настапил на Трката околу Калифорнија. Откако бил поминат на втората етапа од Бредли Вигинс (Тим Скај), индивидуален хронометар од 20 километри, завршил четврти на третата етапа и на шестата етапа.[13] На крајот завршил петти во генералниот пласман.

Импресивната форма на Јејтс продолжила на Критериум ду Дофине каде завршил осми на втората етапа.[14] Бил трет на петтата етапа откако започнал доцен напад со Вилко Келдерман и повторно завршил трет на осмата етапа. Јејтс ја завршил трката на шестото место.[15]

Јејтс возел на Тур де Франс 2015

Орика одлучиле да не го вклучи Јејтс во составот на екипата на Тур де Франс и наместо тоа одморал неколку недели. Се вратил со возење на ГП Индустрија & Артиџанато во јули, каде победил и стигнал до првата еднодневна професионална победа.[16] Јејтс бил во водечката група на Класика де Сан Себастијан со Алехандро Валверде, Бауке Молема, Хоаким Родригез и Микел Ниеве, но имал тежок пад при спуст на 3,5 километри пред целта.[17] Го имал својот прв настап на некоја голема трка на Вуелта а Еспања 2014,[18] каде завршил на 82. место.

Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015.[19] Завршил седми на осмата етапа, која водела до Мур де Бретањ,[20] и седми на првата планинска етапа, етапата 10, која завршила на Кол де ла Пјер Сен Мартин на Пиринеите.[21]

На 1 август 2015 година, Јејтс ја освоил најголемата победа дотогаш со победата на Класика де Сан Себастијан по нападот на завршното искачување откако предводникот Грег ван Авермет од БМЦ бил вклучен во судир со мотор и одржувајќи се пред групата зад него на спустот до Сан Себастијан. По конфузијата со падот на Ван Авермет, Јејтс не сфатил дека победил и првично не прославувал кога ја поминал целта.[22]

Јејтс (во средина) ја носи белата маичка на Тур де Франс 2016

Јејтс бил избран да вози на Тур де Франс 2016. На седмата етапа, Јејтс се одвоил од водечката група на спустот на Кол д’Аспен, но бил вклучен во пад кога балонот за последниот километар се издишал во моментот кога поминувал и паднал на него. Јејтс се здобил со исеченици на неговата брада кои морале да се сошијат, но откако резултатите на етапата биле ревидирани му дале 7 секунди предност пред главната група, со што Јејтс станал втор во генералниот пласман и ја презел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач од Жилијан Алафилип.[23] На деветтата етапа, која била прва завршница на нагорнина на трката, Јејтс завршил десетти, заедно со другите кандидати за генералниот пласман.[24] Со ова, Јејтс се задржал на второто место на првиот ден за одмор, 16 секунди зад Фрум и водел во пласманот за млад возач со 39 секунди пред Луис Мејнтџес.[25]

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017, каде завршил како деветти откако паднал на првите етапи на трката. Бил претекнат во водството на пласманот за млад возач на завршниот хронометар од страна на Боб Јунгелс.[26]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2011
3. Национално првенство во скреч
2012
3. Национално првенство во скреч
2013
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
8. Париз-Троа
2014
1. Jersey light blue.svg Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 6
1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач Тур де Сан Луис
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Џиро дела Тоскана
6. Краен пласман Критериум ду Дофине
2015
1. Класика де Сан Себастијан
2. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2. ГП Монтреал
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
2016
4. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
4. Краен пласман Тур де Јоркшир
6. Класик Ла Дром
7. Краен пласман Критериум ди Дофине
7. Класик Сид Ардеш
2017
1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2. Милано-Торино
4. Краен пласман Волта а Каталуња
5. Краен пласман Трка околу Полска
8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
9. Краен пласман Џиро д’Италија
9. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2018
2. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 7
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 5
2019
2. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
1. Етапа 4

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големи трки
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 9
Jersey yellow.svg Тур 50 4 29
Jersey red.svg Вуелта 82 34 45
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey yellow.svg Париз-Ница
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 9 19 СО 5 2
MaillotVolta.png Волта а Каталуња 23 4 2
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 76 СО 32
Jersey yellow.svg Тур де Романди
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 6 20 7 2
Jersey yellow.svg Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Monument 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Милано-Сан Ремо не настапил во кариерата
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 56 8
Џиро ди Ломбардија СО 56 74 29
Класична трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Амстел Голд Рејс СО
Флеш Валон 97 СО
Класика де Сан Себастијан 43 1 16
Гран при Квебек 32 72
Гран при Монтреал 2 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фотерингем, Вилијам (19 јули 2016). "Adam ‘The Shadow’ Yates shows he is a future force in the Tour de France". theguardian.com. конс. 19 јули 2016. 
  2. 2,0 2,1 "Адам Јејтс". конс. 15 април 2015. 
  3. 3,0 3,1 Браќата Јејтс го потврди префрлувањето во Орика-ГринЕЏ“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 3 октомври 2013 (посет. 3 октомври 2013 г).
  4. Слејтер, Мат (27 септември 2014). "Сајмон и Адам Јејтс: Моци од Бери на пат до врвот". bbc.co.uk. конс. 28 септември 2014. 
  5. Адам Јејтс најдобар млад возач на Тур де Сан Луис“, „Орика-ГринЕЏ“, GreenEDGE Cycling (посет. 27 јануари 2014 г).
  6. Адам Јејтс се искачува на второто место на кралската етапа на Трката околу Турција“, „Орика-ГринЕЏ“, GreenEDGE Cycling, 29 април 2014 (посет. 5 мај 2014 г).
  7. Сајмон Јејтс падна на Трката околу Турција“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 април 2014 (посет. 5 мај 2014 г).
  8. Вин, Најџел. „Адам Јејтс дојде на второто место зад Реин Тарамае на Трката околу Турција“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 29 април 2014 (посет. 5 мај 2014 г).
  9. Јејтс ја освои етапата 6“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 мај 2014 (посет. 5 мај 2014 г).
  10. Адам Јејтс го презема водството на Трката околу Турција со супер соло напад на шестата етапа“, „Sky Sports“, BSkyB, 2 мај 2014 (посет. 5 мај 2014 г).
  11. Јејтс го обезбеди успехот на Трката околу Турција“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 4 мај 2014 (посет. 5 мај 2014 г).
  12. Адам Јејтс вели дека триумфот на Трката околу Турција бил неочекуван“, „BBC Sport“, BBC, 5 мај 2014 (посет. 5 мај 2014 г).
  13. "Tour of California 2014, stage six: Sir Bradley Wiggins tightens grip on leader's jersey after mountain-top finish". Telegraph.co.uk. 17 мај 2014. 
  14. Даниел Бенсон. "Јејтс импресивен на планините на Дофине". Cyclingnews.com. 
  15. "7. Адам Јејтс (Орика-ГринЕЏ)". Road Cycling UK. 
  16. "Адам Јејтс победи на ГП Индустрија & Артиџанато во Италија". Cycling Weekly. 26 јули 2014. 
  17. Cycling News. "Јејтс повреден при пад на Класика де Сан Себастијан". Cyclingnews.com. 
  18. "Адам Јејтс ќе вози на Вуелта а Еспања". Cycling Weekly. 22 јули 2014. 
  19. "Стартна листа на Тур де Франс 2015". Velo News. конс. 2 јули 2015. 
  20. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-france-2015/stage-8/results
  21. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-france-2015/stage-10/results
  22. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/adam-yates-wins-clasica-de-san-sebastian-without-knowing-it-185574
  23. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/36753586
  24. http://www.bbc.co.uk/sport/cycling/36759035
  25. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-9/results/
  26. "2017: 100th Giro d'Italia: Start List". Pro Cycling Stats. конс. 2 мај 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]