Пласман за млад возач на Тур де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеТур де Франс
Доделена занајдобар млад возач
Локално имеMaillot blanc (француски)
Историја
Прва награда1975
Изданија44 (до 2018)
Прв победник Франческо Мозер (ИТА)
Најмногу победи Јан Улрих (ГЕР)
 Анди Шлек (ЛУК)
3 пати
Најнов победник Пјер Латур (ФРА)


Пласман за млад возач на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој постои од 1975 година. Освен во периодот 1989-1999, предводникот на пласманот за млад возач ја носел белата маичка. Условите за да можеш да учествуваш во пласманот за млад возач се менувале низ текот на годините, но секогаш биле такви да искусните велосипедисти не можат да учествуваат, понекогаш исклучувајќи ги велосипедистите по одредена возраст, велосипедисти кои претходно настапиле на Тур де Франс или велосипедисти кои биле професионалци повеќе од две години. Во поново време, само велосипедисти под 26-годишна возраст смеат да учествуваат во пласманот.

Историја[уреди | уреди извор]

Од 1968 до 1975, се доделувала белата маичка на Тур де Франс за предводникот во комбинираниот пласман (најдобар возач во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман). Во 1975 година, овој пласман бил отстранет и заменет со пласманот за најдобар млад возач. Секој нов професионалец (помалку од три години професионално возење) учествувал во овој пласман, кој бил пресметуван користејќи ги резултатите од генералниот пласман.[1] Предводникот во пласманот за млад возач ја носел белата маичка.

Правилата за пласманот за млад возач се измениле во 1983 година, кога пласманот бил отворен само за натпреварувачите кои возат по прв пат, но во 1987 година било изменето и им бил дозволено учество на сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката.[2] Во периодот 1989-1999, белата маичка повеќе не се доделувала, иако пласманот бил сè уште пресметуван. Од 2000, белата маичка повторно била доделувана, отворена за сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката. Во 1997 година, името на пласманот било официјално променето во „Сувенир Фабио Казартели“.[3] Чешкиот автомобилски производител Шкода е спонзор на белата маичка откога го преземал спонзорството на Тур де Франс од ФИАТ во 2003.

Победници[уреди | уреди извор]

Откако бил воведен пласманот за млад возач во 1975 година, бил освоен од 29 различни велосипедисти. Од нив, шест велосипедисти, исто така, ја освоиле жолтата маичка во текот на нивните кариери (Фињон, Лемонд, Пантани, Улрих, Контадор и Шлек). Во четири случаи, велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач, го освоил и генералниот пласман во истата година — Фињон во 1983, Улрих во 1997, Контадор во 2007 и Шлек 2010. Единствениот велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач и планинскиот пласман во истата година е Наиро Кинтана во 2013 година. Единствените велосипедисти кои го освоиле пласманот за млад возач повеќе пати се Марко Пантани (два пати), Улриј (три пати — исто така завршувајќи прв или втор во генералниот пласман на сите овие трки) и Анди Шлек (три пати).[4]

Година Велосипедист Екипа Место во ГП
1975  Франческо Мозер (ИТА) Филотекс 7.
1976  Енрике Мартинез-Ередија (ШПА) Кас-Кампањоло 23.
1977  Дитрих Турау (ГЕР) ТИ-Рали 5.
1978  Хенк Лубердинг (ХОЛ) ТИ-Рали 8.
1979  Жан Рене Бернодо (ФРА) Рено 5.
1980  Јохан ван дер Велде (ХОЛ) ТИ-Рали 12.
1981  Петер Винен (ХОЛ) Капри Зоне 5.
1982  Фил Андерсон (АВС) Пежо 5.
1983  Лорен Фињон (ФРА) Рено 1. Jersey yellow.svg
1984  Грег Лемонд (САД) Рено 3.
1985  Фабио Пара (КОЛ) Кафе де Колумбија 8.
1986  Ендру Хемпстен (САД) Ла Вие Клер 4.
1987  Раул Алкала (МЕК) 7-11 9.
1988  Ерик Брекинк (ХОЛ) Панасоник 12.
1989  Фабрис Филипо (ФРА)[5] Тошиба 24.
1990  Жил Делион (ФРА) Хелветија 15.
1991  Алваро Мехија (КОЛ) Ријалко 19.
1992  Еди Бувманс (ХОЛ) Панасоник-Спортлајф 14.
1993  Мартин Веласко (ШПА) Амаја Сегурос 12.
1994  Марко Пантани (ИТА) Карера Џинс-Тасони 3.
1995  Тур де ФрансMarco Pantani (ITA) Карера Џинс-Тасони 13th
1996  Јан Улрих (ГЕР) Тим Телеком 2.
1997  Јан Улрих (ГЕР) Тим Телеком 1. Jersey yellow.svg
1998  Јан Улрих (ГЕР) Тим Телеком 2.
1999  Беноа Салмон (ФРА) Казино-Аг2р Превојанс 16.
2000  Франсиско Мансебо (ШПА) Банесто 9.
2001  Оскар Севилја (ШПА) Келме-Коста Бланка 7.
2002  Иван Басо (ИТА) Фаса Бортоло 11th
2003  Денис Мењшов (РУС) иБанесто.com 11.
2004  Владимир Карпетс (РУС) Илес Балеарс-Банесто 13.
2005  Јарослав Попович (УКР) Дискавери Канал 12.
2006  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-Фондитал 12th
2007  Алберто Контадор (ШПА) Дискавери Канал 1. Jersey yellow.svg
2008  Анди Шлек (ЛУК) Тим ЦСЦ Саксо Банк 12.
2009  Анди Шлек (ЛУК) Тим Саксо Банк 2.
2010  Анди Шлек (ЛУК) Тим Саксо Банк 1. Jersey yellow.svg
2011  Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар 10.
2012  Тиџеј ван Гардерен (САД) БМЦ Рејсинг Тим 5th
2013  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 2. Jersey polkadot.svg
2014  Тибо Пино (ФРА) FDJ.fr 3.
2015  Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 2.
2016  Адам Јејтс (ВБР) Орика-БајкЕксчејнџ 4.
2017  Сајмон Јејтс (ВБР) Орика-Скот 7.
2018  Пјер Латур (ФРА) АГ2Р-Ла Мондијал 13.
  • ГП = Генерален пласман

По националност[уреди | уреди извор]

Победници на пласманот за млад возач по националност
Држава Бр. на велосипедисти Бр. на победи
 Франција 8 8
 Италија 4 5
 Холандија 5 5
 Шпанија 5 5
 Германија 2 4
 Колумбија 3 4
 Луксембург 1 3
 САД 3 3
 Обединето Кралство 2 2
 Русија 2 2
Австралија Австралија 1 1
 Мексико 1 1
 Украина 1 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cycling Revealed
  2. Одредби за трката 2011
  3. http://www.cvccbike.com/tour/eddy/xtra_bestanden/white.htm
  4. http://autobus.cyclingnews.com/road/2009/tour09/?id=/results/history/tdfhistory#youth
  5. Филипо завршил 24. на овој Тур, четири места зад 24-годишниот Алберто Луис Камарго, кој би го освоил пласманот за млад возач, ако неговиот спортски директор го пријавел за пласманот