Тур де Франс 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Франс 2017 Cycling (road) pictogram.svg
Hauptfeld Tour de France 2017 bei der 2. Etappe von Düsseldorf nach Lüttich (35671704645).jpg
Детали за трката
Издание 104. Тур де Франс
Натпреварување Светска турнеја UCI 2017 2.UWT
Етапи 21
Датуми 1 – 23 јули 2017
Растојание 3.540 км
Држави FRA Франција
GER Германија
BEL Белгија
LUX Луксембург
Поаѓалиште Диселдорф
Одредиште Париз
Екипи 22
Возачи на почеток 198
Возачи на крај 167
Просечна брзина 40,996 км/ч
Добитници на наградите
Победник GBR Крис Фрум (Тим Скај)
Второпласиран COL Ригоберто Уран (Канондејл-Драпак)
Третопласиран FRA Ромен Барде (Аг2р-Ла Мондијал)
Бодовен AUS Мајкл Метјус (Санвеб)
Планински FRA Варан Баргиј (Санвеб)
Младински GBR Сајмон Јејтс (Орика-Скот)
Борбеност FRA Варан Баргиј (Санвеб)
Екипен GBR Тим Скај
2017 Tour de France map.png
2016 2018
Документација Wikidata-logo S.svg

Тур де Франс 2017 (познато и како: Трка околу Франција 2017) — 104. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 1 и 23 јули како дваесетипетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Започнала со поединечен хронометар во Диселдорф на 1 јули, а завршила на Шанзелизе во Париз на 23 јули 2017 година. Вкупно 198 возачи од 22 екипи ќе настапат на трката. Вкупно 198 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Крис Фрум од Тим Скај, негова четврта победа. Ригоберто Уран (Канондејл-Драпак) и Ромен Барде (Аг2р-Ла Мондијал) завршиле втор и трет, соодветно.

Герајнт Томас (Тим Скај) ја освоил воведната етапа и станал првиот возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Фрум, кој бил најдобар на воведниот етапа од фаворитите пред трката, го презел водството на завршницата на петтата етапа. Го држел водството додека не било преземено од Фабио Ару (Астана) на крајот на дванаесеттата етапа, каде Фрум изгубил време на стрмната завршница. Фрум ја презел жолтата маичка повторно на четиринаесеттата етапа и ја чувал до крајот на трката.

Бодовниот пласман бил освоен од Мајкл Метјус од Тим Санвеб, со колегата Варан Баргиј, победник на две планински етапи, освојувајќи го планинскиот пласман, како и наградата за најборбен возач. Возачот на Орика-Скот, Сајмон Јејтс, на седмото место во генералниот пласман, го освоил пласманот за млад возач. Екипниот пласман бил освоен од Тим Скај.

Екипи[уреди | уреди извор]

Плоштадот Бург во Диселдорф како место за претставување на екипите на 29 јуни.

Изданието во 2017 година на Тур де Франс се состоело од 22 екипи.[3] Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[4] Четири професионални континентални екипи биле дополнително поканети, чии покани биле објавени на 26 јануари 2017 година и со тоа главната група била составена од 22 екипи.[5] Од овие екипи, Ванти-Груп Гобер, прв пат ќе настапи на трката.[6] Фортунео-Оскаро биле првично поканети на трката како Фортунео - Витал Консепт,[7] пред промената на спонзорот пред воведниот ден на трката.[8] Претставувањето на екипите – претставување на членовите од секоја екипа пред медиумите и локалните власти – се случило пред 15.000 публика на плоштадот Бург во Диселдорф, на два дена пред воведната етапа во градот, на 29 јуни.[9]

Секоја екипа можела да настапи со по девет возачи, што предизвикало на почетокот да има вкупно 198 возачи.[10] OОд нив, 49 возеле на Тур де Франс по прв пат.[11] Возачите биле од 32 различни земји; Франција, Шпанија, Холандија, Италија, Белгија и Германија имале 13 или повеќе на трката.[10] Просечната возраст на возачите на трката била 29,39 години,[12] тргнувајќи од 22-годишниот Ели Жесбер (Фортунео-Оскаро) до 40-годишниот Ајмар Зубелдија (Трек-Сегафредо).[13][14] Тим Дименжн Дата го имале најмалиот просек, додека Канондејл-Драпак најголемиот.[15]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. FRA Аг2р-Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. USA БМЦ Рејсинг Тим
  5. GER Бора-хансгрое
  6. USA Канондејл-Драпак
  7. RSA Дименжн Дата
  8. FRA ФДЖ
  9. SUI Катјуша-Алпесин
  10. NED Лото НЛ-Џамбо
  11. BEL Лото-Судал
  12. ESP Мовистар
  13. AUS Орика-Скот
  14. BEL Квик-Степ Флорс
  15. GBR Тим Скај
  16. GER Санвеб
  17. USA Трек-Сегафредо
  18. UAE ОАЕ Емиратс
Професионални континентални екипи (4)
  1. FRA Кофидис
  2. FRA Директ Енержи
  3. FRA Фортунео-Оскаро
  4. BEL Ванти-Груп Гобер
Wikidata-logo S.svg

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Трикратниот победник Крис Фрум од екипата Тим Скај (фотографиран на Тур 2016) бил водечки фаворит пред трката за генералниот пласман.

Пред почетокот на Тур де Франс 2017, Крис Фрум (Тим Скај) бил сметан од многумина за главен фаворит пред трката за генералниот пласман.[16][17][18][19][20] Негови најголеми соперници се претпоставувало да бидат Ричи Порт (БМЦ Рејсинг Тим), Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Алберто Контадор (Трек-Сегафредо), Ромен Барде (Аг2р-Ла Мондијал) и Фабио Ару (Астана).[18][19][20][21][22][23][24] Други возачи сметани за кандидати за генералниот пласман биле Алехандро Валверде (Мовистар Тим), Јакоб Фуглсанг (Астана), Тибо Пино (ФДЖ), Естебан Чавес (Орика-Скот), Герајнт Томас (Тим Скај), Даниел Мартин (Квик-Степ Флорс), Сајмон Јејтс (Орика-Скот) и Луис Мејнтџес (ОАЕ Тим Емиратс).[19][19][22][23][24]

Фрум, кој ги освоил изданијата во 2013, 2015 и 2016 година на Тур, не освоил ниедна трка во сезоната 2017 пред почетокот на Тур. Негов најдобар резултат било четвртото место на Критериум ди Дофине, трка сметана како подготовка за Тур и трка која ја освоил пред останатите три победи на Тур. И покрај ова, било сметано дека ја имал една од најсилните екипи на трката која ќе вози со целосна поддршка за него.[18][20] 32-годишниот Порт, кој завршил петти на Тур 2016, го освоил генералниот пласман на две етапни трки во 2017 година, Тур Даун Андер и Тур де Романди и завршил втор на Дофине.[20] Кинтана, трет на Тур 2016, завршил втор на Џиро д’Италија, освојувајќи ги Тирено-Адријатико и Волта а ла Комунитат Валенсијана претходно во сезоната.[23] Двократниот победник (2007 и 2009), 34-годишниот Контадор завршил втор на четири етапни трки во 2017 година пред Тур, Париз-Ница, Вуелта а Андалусија, Волта а Каталуња и Трка околу Баскија.[23] Барде завршил шести во генералниот пласман на Дофине, а негов најдобар пласман во сезоната било шестото место на класичната трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[20] Ару го започнал Тур со поделено водство со победникот од Дофине, Фуглсанг. Ару го освоил националното друмско првенство една недела претходно и завршил петти на Дофине.[23]

Спринтерите сметани за фаворити за бодовниот пласман и победи на рамните или ридестите етапи со масовни завршници биле Петер Саган (Бора-хансгрое), Марсел Кител (Квик-Степ Флорс), Марк Кевендиш (Тим Дименжн Дата), Андре Грајпел (Лото-Судал), Александер Кристоф (Катјуша-Алпесин). Други спринтери сметани за фаворити биле Мајкл Метјус (Тим Санвеб), Арно Демар (ФДЖ), Дилан Груневеген (Лото-Судал), Џон Дегенколб (Трек-Сегафредо), Сони Колбрели (ОАЕ Абу Даби) и Насер Бухани (Кофидис).[21][25][26][27][28][29] Двократниот моментален светски првак Саган ги освоил петте претходни бодовни пласмани на Тур, една помалку од израмнувачкиот рекорд на шест на Ерик Цабел од 1996 до 2001 година.[21][30] Неговата форма во сезоната 2017 пред Тур ја вклучувала побдата на еднодневната трка Курне-Брисел-Курне и бодовните пласмани на Тирено-Адријатико, Тур де Свис и Трката околу Калифорнија.[31] Кител освоил осум победи во 2017 година, како и генералниот и бодовниот пласман на Трката Дубаи на почетокот на сезоната.[32] Сезоната на Кевендиш пред Тур била попречена од болест, пропуштајќи три месеци;[21] негов единствен успех била етапната победа и бодовниот пласман на Трката Абу Даби.[33] Грајпел освоил четири победи во 2017 година пред Тур, вклучувајќи една на Џиро.[28] Кристоф освоил шест победи во 2017 и бодовните пласмани на Трката околу Оман, Етоал де Бесеж и Три дена Де Пане.[34]

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

Германскиот град Диселдорф бил домаќин на „големото тргнување“ (Grand Départ) на трката

Почетокот на Тур де Франс 2017 (познато како „големо тргнување“) било првично предвидено да биде во Лондон; тоа би било трет пат Тур да го посети Лондон, по 2007 и 2014 година. Во септември 2015 година, една недела пред да биде објавено, градот се повлекол од кандидатурата.[35] Подоцна, било откриено дека ова било одлука на градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, заснована на трошоците: организирањето на „големото тргнување“ би чинело 35 милиони фунти.[36]

Во декември 2015 година, организаторот на трката објавил дека домаќин на почетокот ќе биде Диселдорф, Германија; ова ќе биде четврти пат Тур да започне во Германија и прв пат од 1987 година. Кандидатурата за домаќин на Тур била тесно усвоено од градскиот совет. Враќањето во Германија следело по оживувањето на германскиот велосипедизам, при што возачите бележеле успеси, како Тони Мартин, Марсел Кител, Андре Грајпел и Џон Дегенколб.[37] На 14 јануари 2016 година биле објавени деталите за воведните две етапи. Првата етапа ќе била поединечен хронометар во должина од 13 километри. Втората етапа, исто така, започнувала во Диселдорф,[38] при што ќе се искачат на Графенберг по само 6 километри, повторно ќе се упатат кон градот и ќе продолжат кон Лиеж, Белгија.

Етапа Датум Тек type Растојание (км) Победник Cевкупен лидер
1  Wikidata-logo S.svg 1 јули ДиселдорфДиселдорф
индивидуален хронометар
14 GBR Герајнт Томас Wikidata-logo S.svg GBR Герајнт Томас Wikidata-logo S.svg
2  Wikidata-logo S.svg 2 јули Диселдорф – Лиеж
рамна етапа
203,5 GER Марсел Кител Wikidata-logo S.svg GBR Герајнт Томас Wikidata-logo S.svg
3  Wikidata-logo S.svg 3 јули Вервје – Лонгви
ридеста етапа
212,5 SVK Петер Саган Wikidata-logo S.svg GBR Герајнт Томас Wikidata-logo S.svg
4  Wikidata-logo S.svg 4 јули Мондорф ле Бен – Вител
рамна етапа
207,5 FRA Арно Демар Wikidata-logo S.svg GBR Герајнт Томас Wikidata-logo S.svg
5  Wikidata-logo S.svg 5 јули Вител – Ла Планш де Бел Фиј
среднопланинска етапа
160,5 ITA Фабио Ару Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
6  Wikidata-logo S.svg 6 јули Везул – Троа
рамна етапа
216 GER Марсел Кител Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
7  Wikidata-logo S.svg 7 јули Троа – Ниј Сен Жорж
рамна етапа
213,5 GER Марсел Кител Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
8  Wikidata-logo S.svg 8 јули Дол – Стасион де Рус
среднопланинска етапа
187,5 FRA Лилијан Калмежан Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
9  Wikidata-logo S.svg 9 јули Нантија – Шамбери
планинска етапа
181,5 COL Ригоберто Уран Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
10  Wikidata-logo S.svg 11 јули Периге – Бержерак
рамна етапа
178 GER Марсел Кител Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
11  Wikidata-logo S.svg 12 јули Еме – По
рамна етапа
203,5 GER Марсел Кител Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
12  Wikidata-logo S.svg 13 јули По – Пејрагид
планинска етапа
214,5 FRA Ромен Барде Wikidata-logo S.svg ITA Фабио Ару Wikidata-logo S.svg
13  Wikidata-logo S.svg 14 јули Сен Жирон – Фоа
планинска етапа
101 FRA Варан Баргиј Wikidata-logo S.svg ITA Фабио Ару Wikidata-logo S.svg
14  Wikidata-logo S.svg 15 јули Блањак – Родез
ридеста етапа
181,5 AUS Мајкл Метјус Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
15  Wikidata-logo S.svg 16 јули Лесак Северак л’Еглис – Ле Пиј ан Веле
среднопланинска етапа
189,5 NED Бауке Молема Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
16  Wikidata-logo S.svg 18 јули Ле Пиј ан Веле – Роман на Изер
ридеста етапа
165 AUS Мајкл Метјус Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
17  Wikidata-logo S.svg 19 јули Ла Мир – Сер Шевалје
планинска етапа
183 SLO Примож Роглич Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
18  Wikidata-logo S.svg 20 јули Бријансон – Кол д’Изоар
планинска етапа
179,5 FRA Варан Баргиј Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
19  Wikidata-logo S.svg 21 јули Амбрин – Салон де Прованс
ридеста етапа
222,5 NOR Едвалд Боасон Хаген Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
20  Wikidata-logo S.svg 22 јули МарсејМарсеј
индивидуален хронометар
22,5 POL Мачеј Боднар Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg
21  Wikidata-logo S.svg 23 јули Монжерон – Елисејски полиња
рамна етапа
103 NED Дилан Груневеген Wikidata-logo S.svg GBR Крис Фрум Wikidata-logo S.svg

Преглед на трката[уреди | уреди извор]

Пласмани[уреди | уреди извор]

Постоеле четири главни индивидуални пласмани на Тур де Франс 2017, како и екипниот пласман. Најважен бил генералниот пласман, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот на овој пласман се смета за победник на Тур. На сите етапни завршници, исклучувајќи ги двете хронометарски етапи, првите тројца возачи добивале бонуси од 10, 6 и 4 секунди, соодветно. Ако се случи пад во последните три километри од етапа; ова не ги вклучувало хронометрите и завршниците на нагорнина, вклучените возачи добивале исто време како групата со која биле кога се случил падот.

Бодови за бодовниот пласман за најдобрите 15 места по вид[39]
Вид 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
Plainstage.svg рамна етапа 50 30 20 18 16 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2
Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа 30 25 22 19 17 15 13 11 9
планинска етапа 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
Time Trial.svg поединечен хронометар
Intermediate sprint.svg среден спринт

Предводникот на бодовниот пласман ја добивал зелената маичка.[40] Возачите добивале бодови за завршување помеѓу најдобрите на етапата или на средните спринтови во текот на етапите. Бодовниот систем бил исто така променет. Етапна победа вредела 50 бода наместо 45, второто место носело 30 наместо 35, а третото 20 наместо 30. Правилото за спринтерски бодови тежнеело да ја направи етапната победа повредна. Бодовите достапни на секоја етапна завршница биле одредувани од видот на етапата.[39]

Немало промени во планинскиот пласман, каде бодовите биле доделувани на возачите кои први се искачиле на врвот на најтешките искачувања. Искачувањата биле категоризирани како екстра категорија (hors catégorie), прва, втора, трета или четврта категорија, со повеќе бодови достапни на повисоко категоризираните искачувања.[39] Удвоени бодови биле доделувани на завршниците на нагорнини на етапите 9, 12, 17 и 19.[39] Предводникот на пласманот ја носел точкастата маичка.[40]

Пласманот за млад возач, означен со бела маичка, бил пресметуван на истиот начин како генералниот пласман, но пласманот бил ограничен на возачи кои биле родени на или по 1 јануари 1992 година.[41] Екипниот пласман бил пресметувани користејќи ги завршните времиња на тројцата најдобри возачи од екипа по секоја етапа (не на екипниот хронометар); водечката екипа биал екипата со најмало вкупно време. Бројот на етапни победи и пласмани по екипа го одредувале исходот во случај на изедначување. Возачите во екипата која водела во овој пласман биле означувани со жолти броеви на грбот на нивните маички и жолти кациги. Дополнително, постоела награда за борбеност, доделувана по секоја етапа, сметано од страна на жири, дека направил „најголем напор и покажал најдобри квалитети за спортски дух“. Немало награди за борбеност на хронометрите и на завршната етапа. Победникот носел црвен број на следната етапа.

Водство во пласманите по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey polkadot.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
Jersey yellow number.svg
Награда за борбеност
Jersey red number.svg
1 Герајнт Томас Герајнт Томас Герајнт Томас[lower-alpha 1] недоделена Штефан Кинг[lower-alpha 1] Тим Скај недоделена
2 Марсел Кител Марсел Кител Тејлор Фини Јоан Офредо
3 Петер Саган Нејтан Браун Пјер Латур Лилијан Калмежан
4 Арно Демар Арно Демар Гијом ван Кејрсбулк
5 Фабио Ару Крис Фрум Фабио Ару Сајмон Јејтс Филип Жилбер
6 Марсел Кител Вегард Стаке Ленген
7 Марсел Кител Марсел Кител Дилан ван Барле
8 Лилијан Калмежан Лилијан Калмежан Лилијан Калмежан
9 Ригоберто Уран Варан Баргиј Варан Баргиј
10 Марсел Кител Ели Жесбер
11 Марсел Кител Мачеј Боднар
12 Ромен Барде Фабио Ару Стив Камингс
13 Варан Баргиј Алберто Контадор
14 Мајкл Метјус Крис Фрум Томас де Гент
15 Бауке Молема Бауке Молема
16 Мајкл Метјус Силвен Шаванел
17 Примож Роглич Мајкл Метјус Алберто Контадор
18 Варан Баргиј Дарвин Атапума
19 Едвалд Боасон Хаген Јенс Кекелејре
20 Мачеј Боднар недоделена
21 Дилан Груневеген
На крај Крис Фрум Мајкл Метјус Варан Баргиј Сајмон Јејтс Тим Скај Варан Баргиј

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 На втората етапа, Васил Кириенка, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Герајнт Томас (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман. Штефан Кинг, кој бил втор во бодовниот пласмна, ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач.[42]

Поредок[уреди | уреди извор]

Легенда
  Jersey yellow.svg   Го означува предводникот во генералниот пласман[40]   Jersey green.svg   Го означува предводникот во бодовниот пласман[40]
  Jersey polkadot.svg   Го означува предводникот во планинскиот пласман[40]   Jersey white.svg   Го означува предводникот во пласманот за млад возач[40]
  Jersey yellow number.svg   Го означува предводникот во екипниот пласман[40] A white jersey with a red number bib. Го означува предводникот на наградата за најборбен возач[40]

Генерален пласман[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
Возач Екипа Време
1. GBR Крис Фрум жолта маичка за предводникот во генералниот пласман Тим Скај 86ч 20' 55
2. COL Ригоберто Уран Канондејл-Драпак + 54
3. FRA Ромен Барде Аг2р-Ла Мондијал + 2' 20
4. ESP Микел Ланда Тим Скај + 2' 21
5. ITA Фабио Ару Астана + 3' 05
6. IRL Даниел Мартин Квик-Степ Флорс + 4' 42
7. GBR Сајмон Јејтс бела маичка за предводникот во пласманот за млад возач Орика-Скот + 6' 14
8. RSA Луис Мејнтџес ОАЕ Емиратс + 8' 20
9. ESP Алберто Контадор Трек-Сегафредо + 8' 49
10. FRA Варан Баргиј точкаста маичка за предводникот во планинскиот пласманred bib, combative rider Санвеб + 9' 25


Екипен пласман[уреди | уреди извор]

Завршен екипен пласман[43]
Место Екипа Вре,е
1 Тим Скај Jersey yellow number.svg 259ч 21' 06"
2 Аг2р-Ла Мондијал + 7' 14"
3 Трек-Сегафредо + 1ч 44' 46"
4 БМЦ Рејсинг Тим + 1ч 49' 49"
5 Орика-Скот + 1ч 52' 21"
6 Мовистар Тим + 1ч 55' 52"
7 Канондејл-Драпак + 2ч 15' 25"
8 Фортунео-Оскаро + 2ч 18' 18"
9 Лото-Судал + 2ч 28' 18"
10 Астана + 2ч 28' 39"

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Велосипедизам

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/uci-expands-worldtour-to-37-events/. конс. 2 октомври 2016 г. 
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. http://www.uci.ch/pressreleases/the-uci-reveals-expanded-uci-worldtour-calendar-for-207/. конс. 2 октомври 2016 г. 
  3. „Teams – The riders, videos, photos – Tour de France 2017“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/le-tour/2017/us/teams.html. конс. 5 јули 2017 г. 
  4. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uci.ch/mm/Document/News/Rulesandregulation/16/82/39/2-ROA-20150619-E_English.pdf. конс. 20 август 2015 г. 
  5. Roadbook 2017, стр. 5.
  6. Вин, Најџел. „Tour de France 2017 wildcard teams announced“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 26 јануари 2017 (конс. 17 јуни 2017 г).
  7. Fortuneo-Vital Concept loses sponsorship“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 1 јуни 2017 (конс. 1 јули 2017 г).
  8. Team Fortuneo-Oscaro reveal new name and kit ahead of 2017 Tour de France“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 1 јули 2017 (конс. 1 јули 2017 г).
  9. Фриш, Михаел. „198 racing cyclists introduced at the team presentation in Düsseldorf“, „Landeshauptstadt Düsseldorf“, 29 јуни 2017 (конс. 5 јули 2017 г).
  10. 10,0 10,1 „Start list – Tour de France 2017“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.com/le-tour/2017/us/starters.html. конс. 5 јули 2017 г. 
  11. „Tour de France 2017 – Debutants“. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=171088&c=3&code=startlist-debutants. конс. 5 јули 2017 г. 
  12. „Tour de France 2017 – Peloton averages“. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=171088&c=3&code=startlist-general-peloton-averages. конс. 5 јули 2017 г. 
  13. „Tour de France 2017 – Youngest competitors“. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=171088&c=3&code=startlist-youngest-competitors. конс. 5 јули 2017 г. 
  14. „Tour de France 2017 – Oldest competitors“. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=171088&c=3&code=startlist-oldest-competitors. конс. 5 јули 2017 г. 
  15. „Tour de France 2017 – Average team age“. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=171088&c=3&code=startlist-average-team-age. конс. 5 јули 2017 г. 
  16. Кене, Жан Франсоа. „Tour de France 2017 power rankings: #1 – Chris Froome“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 јуни 2017 (конс. 7 јули 2017 г).
  17. Chris Froome favourite as unpredictable Tour de France begins in Dusseldorf“, „Eurosport“, Discovery Communications, 1 јули 2017.
  18. 18,0 18,1 18,2 Tour de France 2017 Preview: Who to back and why?“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 29 јуни 2017.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 Фотерингем, Вилијам. „Chris Froome’s Tour de France rivals? Porte, Quintana, Contador and Bardet“, „theguardian.com“, Guardian Media Group, 24 јуни 2017 (конс. 7 јули 2017 г).
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 Tour de France 2017: the contenders“, „SBS“, 29 јуни 2017 (конс. 7 јули 2017 г).
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 Чарлс, Енди. „Tour de France contenders and sprinters profiled in 10 to watch for 2017 race“, „Sky Sports“, Sky plc, 29 јуни 2017 (конс. 7 јули 2017 г).
  22. 22,0 22,1 Race Predictions for the 2017 Tour de France“, „Bicycling“, Rodale, Inc., 29 јуни 2017 (конс. 7 јули 2017 г).
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 Хенрис, Колин. „Tour de France 2017 preview: yellow jersey contenders – form guide“, „Road Cycling UK“, Mpora, 27 јуни 2017 (конс. 7 јули 2017 г).
  24. 24,0 24,1 Старни, Роб. „2017 Tour de France preview: the contenders“, „Canadian Cycling Magazine“, Gripped Publishing Inc., 27 јуни 2017 (конс. 7 јули 2017 г).
  25. Падикомб, Стивен. „Seven things to look out for at the 2017 Tour de France“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 27 јуни 2017 (конс. 8 јули 2017 г).
  26. Браун, Грегор. „Sagan tops sprinters heading to Tour de France“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 јуни 2017 (конс. 8 јули 2017 г).
  27. Лоу, Феликс. „Blazin’ Saddles: 2017 Tour de France green jersey guide“, „Eurosport“, Discovery Communications, 1 јули 2017.
  28. 28,0 28,1 Хенрис, Колин. „Tour de France 2017 preview: can anybody stop Peter Sagan winning the green jersey?“, „Road Cycling UK“, Mpora, 29 јуни 2017 (конс. 8 јули 2017 г).
  29. 2017 Tour de France preview: the sprinters“, „Canadian Cycling Magazine“, Gripped Publishing Inc., 24 јуни 2017 (конс. 8 јули 2017 г).
  30. Augendre 2016, стр. 120.
  31. „Peter Sagan – 2017“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/rider.php?id=140797&season=2017. конс. 8 јули 2017 г. 
  32. „Marcel Kittel – 2017“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/rider.php?id=140342&season=2017. конс. 8 јули 2017 г. 
  33. „Mark Cavendish – 2017“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/rider.php?id=140768&season=2017. конс. 8 јули 2017 г. 
  34. „Alexander Kristoff – 2017“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/rider.php?id=140749&season=2017. конс. 8 јули 2017 г. 
  35. London says no to hosting 2017 Grand Depart“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 28 септември 2015 (конс. 14 јануари 2016 г).
  36. Boris Johnson reveals he pulled the plug on London's Tour de France bid“, „Cycling Weekly“, Time Inc. UK, 29 септември 2015 (конс. 14 јануари 2016 г).
  37. 2017 Tour to begin with Dusseldorf time trial“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 22 декември 2015 (конс. 14 јануари 2016 г).
  38. 2017 Tour to begin with Dusseldorf time trial“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 14 јануари 2016 (конс. 14 јануари 2016 г).
  39. 39,0 39,1 39,2 39,3 Race regulations 2016, стр. 29.
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 40,4 40,5 40,6 40,7 Race regulations 2016, стр. 23.
  41. Race regulations 2016, стр. 30.
  42. „Classifications stage 1 – Düsseldorf > Düsseldorf – Tour de France 2017“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/le-tour/2017/us/stage-1/classifications.html. конс. 8 јуни 2017 г. 
  43. 43,0 43,1 43,2 43,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име letour-classifications.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Roadbook. Amaury Sport Organisation. 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]