Пјер Латур
Латур на Тур л’Ен 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Пјер Латур | ||
Роден | 12 октомври 1993 Роман на Изер, ![]() | ||
Висина | 1,80 м[1] | ||
Маса | 64 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | АГ2Р Ситроен Тим | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Аматерски клубови | |||
2010–2011 2012–2014 | ВС Ромне Пеажо Шанбери ЦФ | ||
Професионални клубови | |||
2013 2015– | Аг2р-Ла Мондијал (стажант) Аг2р-Ла Мондијал | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 2 јуни 2020 |
Пјер Латур (француски: Pierre Latour; р. 12 октомври 1993) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата АГ2Р Ситроен Тим.[2]
Тој е етапен победник на Вуелта а Еспања и двократен победник на националното хронометарско првенство.
Кариера[уреди | уреди извор]
Поради административна грешка кога бил аматер, Латур обично е познат како „Роже“, односно како Пјер Роже Латур.[3]
АГ2Р Ла Мондијал (2015-денес)[уреди | уреди извор]
2015[уреди | уреди извор]
Во неговата прва година како професионален возач, Латур имал солиден настап на Рут ди Сид. Нападнал на третата етапа, но на последното искачување го стигнале Алберто Контадор и Наиро Кинтана. Не успеал да го следи Контадор на спустот. Ја завршил етапата на третото место, како и целата трка, освојувајќи го пласманот за млад возач.
2016[уреди | уреди извор]

На Тур де Романди, Латур го освоил пласманот за млад возач, што бил прв таков пласман на трка од Светската турнеја. По петтата етапа на Тур де Свис бил во водечката маичка, но на крајот ја напуштил трката. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[4] На трката ја постигнал својата прва етапна победа на некоја голема трка на претпоследната етапа, победувајќи го Дарвин Атапума.[5]
2017[уреди | уреди извор]
Во сезоната 2017, Латур уште еднаш го освоил пласманот за млад возач на Тур де Романди. Кон крајот на јуни исто така го освоил националното хронометарско првенство. Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[6] Водел во пласманот за млад возач 2 дена пред да ја предаде маичката на Сајмон Јејтс, кој победил на крајот. Латур завршил шести во пласманот за млад возач на Тур. Ја завршил годината со деветто место на Милано-Торино и шесто место на Хроно де Насионс.
2018[уреди | уреди извор]
На Волта а Каталуња, Латур стигнал до подиум со третото место и го освоил пласманот за млад возач. Исто така, завршил осми на Тур де Романди и седми на Критериум ди Дофине, каде го освоил пласманот за млад возач. Кон крајот на јуни по вторпат го освоил националното хронометарско првенство. Во јуни настапил по вторпат на Тур де Франс. Изгубил време веќе на првата етапа, но повратил дел од него кога завршил втор на шестата етапа зад Даниел Мартин. Успеал да влезе во водство на пласманот за млад возач по десеттата етапа и го освоил пласманот на крајот на трката.
Достигнувања[уреди | уреди извор]
- 2010
- 3. Краен пласман Тур ди Валроме
- 2011
- 1. Класик дез Алп за јуниори
- 2. Национално јуниорско друмско првенство
- 4. Краен пласман Реџо-Тур
- 1. Етапа 1
- 5. Краен пласман Трофео Карлсберг
- 2013
- 1. Же де ла Франкофони
- 4. Пиколо Џиро ди Ломбардија
- 5. Тур ди Ду
- 6. Краен пласман Ронд де л’Изар
- 7. Краен пласман Тур ди Жеводан Лангдок-Русијон
- 1. Пласман за млад возач
- 8. Краен пласман Тур де Пеи де Савоја
- 2014
- 1. Гран при де Сен Лие
- 1. Гран при Кур ла Вил
- 3. Трка Јура
- 3. Пиколо Џиро ди Ломбардија
- 5. Краен пласман Тур де Пеи де Савоја
- 6. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 9. Краен пласман Тур де л’Ен
- 2015
- 3. Краен пласман Тур де л’Ен
- 3. Краен пласман Рут ди Сид
- 5. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 7. Краен пласман Трка околу Австрија
- 7. Краен пласман Етоал де Бесеж
- 10. Краен пласман Тур де Пикарди
- 2016
- 1. Етапа 20 Вуелта а Еспања
- 1.
Пласман за млад возач Тур де Романди
- 2. Краен пласман Критериум Интернационал
- 3. Краен пласман Тур де л’Ен
- 7. Краен пласман Етоал де Бесеж
- 10. Џиро ди Ломбардија
- 10. Трофео Лаигвелја
- 2017
- 1.
Национално друмско првенство
- 1.
Пласман за млад возач Тур де Романди
- 3. Тур ди Финистер
- 4. Краен пласман Етоал де Бесеж
- 5. Класик Сид-Ардеш
- 6. Хроно де Насионс
- 9. Милано-Торино
- 2018
- Национални друмски првенства
- 1.
Пласман за млад возач Тур де Франс
- 3. Краен пласман Волта а Каталуња
- 6. Хроно де Насионс
- 7. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 8. Краен пласман Тур де Романди
- 8. Класик Сид-Ардеш
- 2019
- 6. Краен пласман Трка околу Полска
- 7. Џиро дел’Емилија
- 9. Џиро ди Ломбардија
Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]
Распоред на резултатите на големите трки[7] | |||||
Голема трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|
![]() |
не настапил во кариера | ||||
![]() |
— | — | 29 | 13 | — |
![]() |
— | 28 | — | — | 35 |
Распоред на резултатите на етапните трки[7] | |||||
Трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
![]() |
— | 76 | 49 | — | — |
![]() |
не настапил во кариера | ||||
![]() |
96 | — | 32 | 3 | — |
![]() |
— | 14 | — | СО | — |
![]() |
— | 12 | 14 | 8 | — |
![]() |
— | — | 15 | 7 | — |
![]() |
— | СО | — | — | СО |
Распоред на резултатите на првенствата[уреди | уреди извор]
Настан | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | |
---|---|---|---|---|---|---|
![]() |
Друмска трка | не се одржал | — | не се одржал | ||
![]() |
Хронометар | — | — | — | — | 18 |
Друмска трка | — | — | — | — | — | |
Хронометар | — | 10 | 1 | 1 | 14 | |
Друмска трка | СО | 53 | 65 | 4 | 71 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Pierre-Roger Latour“. ag2rlamondiale.fr. Архивирано од изворникот на 2016-09-18. Посетено на 2017-04-30.
- ↑ „Official presentation of the AG2R LA MONDIALE professional cycling team 2020“. АГ2Р-Ла Мондијал. Groupe AG2R La Mondiale. 10 December 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-10. Посетено на 1 January 2020.
- ↑ „inrng: saturday shorts“. inrng.com.
- ↑ „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
- ↑ „Nairo Quintana poised to win the Vuelta“. Вуелта а Еспања. Unipublic. 10 септември 2016. Посетено на 12 ноември 2016.
- ↑ „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.
- ↑ 7,0 7,1 „Pierre Latour“. www.procyclingstats.com.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Пјер Латур“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Пјер Латур“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Пјер Латур“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Пјер Латур“. ProCycling.