Тур де Франс 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тур де Франс 2019 Cycling (road) pictogram.svg
Tour de France 2019, Egan Bernal (48417058947) (cropped small).jpg
Детали за трката
Издание106. Тур де Франс
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2019 2.UWT
Етапи21
Датуми6 – 28 јули 2019
Растојание3.365,8 км
ДржавиFRA Франција
BEL Белгија
ПоаѓалиштеБрисел
ОдредиштеПариз
Екипи22
Возачи на почеток176
Возачи на крај155
Просечна брзина40,576 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникCOL Еган Бернал (Инеос) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранGBR Герајнт Томас (Инеос) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранNED Стевен Краусвејк (Џамбо-Висма) Wikidata-logo S.svg
БодовенSVK Петер Саган (Бора-Хансгрое) Wikidata-logo S.svg
ПланинскиFRA Ромен Барде (АГ2Р Ла Мондијал) Wikidata-logo S.svg
МладинскиCOL Еган Бернал (Инеос) Wikidata-logo S.svg
БорбеностFRA Жилијан Алафилип (Декојнинк-Квик Степ) Wikidata-logo S.svg
ЕкипенESP Мовистар Wikidata-logo S.svg
Route of the 2019 Tour de France.png
◀ 20182020
Документација Wikidata-logo S.svg

Тур де Франс 2019 (познато и како: Трка околу Франција 2019) — 106. издание на велосипедската голема трка Тур де Франс, која се одржала помеѓу 6 и 28 јули како дваесет и седми настан во сезоната на Светската турнеја.[1]

Трката имала вкупна должина од 3.365,8 километри и се состоела од 21 етапа, започнувајќи на 6 јули во Брисел, Белгија, и завршувајќи на 28 јули со традиционалната етапа на Елисејските полиња во Париз. Воведната етапа (позната и како „Големо тргнување“, Grand Départ) била одржана во Брисел во чест на 50-годишнината од првата победа на Тур де Франс на Еди Меркс. Вкупно 176 возачи од 22 екипи учествувале во трката. Крајниот генерален пласман бил освоен од Еган Бернал од Тим Инеос. Неговиот колега и победникот на Тур 2018, Герајнт Томас, завршил втор додека Стевен Краусвејк (Џамбо-Висма) завршил трет.

Колегата на Краусвејк, Мике Тенисен, ја освоил првата етапа во масовен спринт, кој станал прв возач на Тур кој ја облекол водечката жолта маичка. Жилијан Алафилип од Декојнинк-Квик Степ го преземал водството на трката по победата на третата етапа. Ја изгубил жолтата маичка по шестата етапа од Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо), кој бил највисоко пласиран возач во групата на бегството, кое завршило пред главната група. Водството на Чиконе на Тур траело две етапи, пред Алафилип повторно да ја преземе жолтата маичка, која ја носел на следниве единаесет етапи, вклучувајќи ги и оние на Пиринеите, пред да ја изгуби од Бернал на вториот ден на Алпите, на етапата 19, која била скратена поради лошото време. Бернал го одржал водството на завршните две етапи за победа на Тур.

Бодовниот пласман бил освоен од Петер Саган по рекорден седми пат, додека Ромен Барде од АГ2Р-Ла Мондијал го освоил планинскиот пласман. Бернал, исто така, го освоил пласманот за млад возач. Мовистар Тим го освоиле екипниот пласман, додека Алафилип бил именуван најборбен на целата трка. Кејлеб Јуан од Лото-Судал имал најмногу победи на етапите, вкупно три.

Екипи[уреди | уреди извор]

Изданието во 2019 година имало вкупно 22 екипи.[2] Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Дополнително, организаторот на трката, поканиле четири професионални континентални екипи да учествуваат на настанот. Трите француски екипи и една белгиска екипа учествувале на трката и претходно.[4][5] Презентацијата на екипите – каде членовите на секоја екипа биле претставени пред медиумите и локалните власти – се одржала пред 75.000 луѓе на Големиот плоштад во Брисел, Белгија, на 4 јули, два дена пред воведната етапа.[6]

Секоја екипа имала дозволено да настапи со осум возачи, па така вкупно 176 возачи ја започнале трката.[2] Од нив, 33 го имале својот прв настап на Тур де Франс.[7] Возачите доаѓале од 30 држави. Шест држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Франција (43), Белгија (21), Италија (15), Шпанија (13), Германија (11) и Холандија (11).[2] Просечната возраст на возачите на трката била 29,71 година,[8] движејќи се од 21-годишниот Јаспер Филипсен (ОАЕ Тим Емирати) до 39-годишниот Ларс Бак (Тим Дименжн Дата).[9][10] Тим Санвеб го имала најмладиот состав, додека Тим Дименжн Дата го имала најстариот.[11]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. FRA АГ2Р Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. GER Бора-Хансгрое
  5. POL ССС Тим
  6. BEL Декојнинк-Квик Степ
  7. RSA Дименжн Дата
  8. USA ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг
  9. FRA Групама-ФДЖ
  10. NED Џамбо-Висма
  11. SUI Катјуша-Алпесин
  12. BEL Лото-Судал
  13. AUS Мичелтон-Скот
  14. ESP Мовистар
  15. GBR Инеос
  16. GER Санвеб
  17. USA Трек-Сегафредо
  18. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (4)
  1. FRA Аркеа-Самсик
  2. FRA Кофидис
  3. FRA Директ Енержи
  4. BEL Ванти-Груп Гобер

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Бранителот на титула Герајнт Томас (фотографиран на Тур де Франс 2018) се вратил да ја одбрани титулата.

Бранителот на титулата од 2018 година, Герајнт Томас, (Тим Инеос) се вратил да ја одбрани неговата титула. По прославата на неговата победа, на почетокот на сезоната 2019 бил надвор од форма.[12] Првите знаци за подобрување на формата било третото место на Тур де Романди. Потоа, учествувал на Тур де Свис, но имал пад на четвртата етапа поради што ја напуштил трката и морал да се опорави. Ова ја довело во прашање неговата спремност за настап на Тур.[13]

Второ- и третопласираниот од минатата година на Тур, Том Димулен (Тим Санвеб) и Крис Фрум (Тим Инеос) не учествувале на трката. Фрум не можел да настапи по тешкиот пад еден месец пред Тур на Критериум ди Дофине.[14][15] Во отсуство на Фрум, некои директори на екипите очекувале поотворена трка.[16] Димулен го пропуштил Тур поради повреда на коленото, која го приморала да се откаже од Џиро д’Италија, првата голема трка во сезоната.[17]

Возачи сметани за фаворити во генералниот пласман покрај Томас биле Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал), Еган Бернал (Тим Инеос), Јакоб Фуглсанг (Астана), Стевен Краусвејк (Џамбо-Висма), Микел Ланда (Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида), Тибо Пино (Групама-ФДЖ), Наиро Кинтана (Мовистар Тим) и Адам Јејтс (Мичелтон-Скот).[13][18][19][20][21] Барде завршил на подиумот два пати во неговата кариера, втор во 2016 и трет во 2017. Потфрлил во неговите подготовки за Тур, но неговото искуство и постојаност на неговите претходни резултати на трката го направиле да се смета за сериозен фаворит.[13][18][19] Колегата на Томас, Бернал, ги освоил трките Париз-Ница и Тур де Свис, и го делел водството со Томас на неговата екипа.[22] Фуглсанг имал многу успешна пролетна сезона, освојувајќи ја престижната еднодневна трка Лиеж-Бастоњ-Лиеж, како и етапните трки Вуелта а Андалусија и Дофине. Фуглсанг, исто така, се сметало дека ќе има голема корист од неговата силна екипа. Меѓутоа, имало сомнеж како Фуглсанг ќе се справи со тринеделна трка.[13][18] Краусвејк никогаш не завршил на подиум на крајот на некоја голема трка[23] и иако страдел од болест пред Тур, ја започнал сезоната добро и се сметал за голем фаворит.[13] Формата на Ланда била тешка да се предвиде, бидејќи не се тркал по завршувањето на Џиро, каде не завршил на подиумот. Негов најдобар резултат на Тур бил во 2017 година, кога завршил четврти возејќи како помошник за Фрум.[13][19] Ветеранот Нибали немал победи во 2019 година, но завршил втор на Џиро и се сметал за фаворит поради неговото искуство.[24] Тој бил единствен возач на почетокот на Тур покрај Томас кој го освоил Тур, изданието во 2014 година.[23] Пино бил исто така сметам дека е во исклучителна форма откако завршил петти на Дофине и го освоил генералниот пласман на Тур де л’Ен и Тур ди О Вар. Меѓутоа се говорело дека притисокот поради домашен фаворит ќе му наштети, како и можното потопло време. Неговите претходни резултати на Тур се мешани: завршил трет во 2014 година, но во подоцнежните години два пати се откажал.[20] Кинтана, двоен победник на некоја голема трка, бил гледан како кандидат за место на подиумот.[24] Јејтс се вратил на трката откако завршил на 29. место минатата година. Иако се повлекол од Дофине поради болест неколку недели порано, се верувало дека е во добра форма поради неговите добри резултати претходно во сезоната.[20]

Други возачи кои би имале добри резултати во генералниот пласман биле Емануел Бухман (Бора-Хансгрое), Даниел Мартин (ОАЕ Тим Емирати), Енрик Мас (Декојнинк-Квик Степ), Ричи Порт (Трек-Сегафредо), Ригоберто Уран и Тиџеј ван Гардерен (обајцата од ЕФ Едукејшн Фирст), Алехандро Валверде (Мовистар Тим) и Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин).[13][18][19][20]

Бранителот на бодовниот пласман, Петер Саган (Бора-Хансгрое), се вратил да ја одбрани титулата во обид да го сруши рекордот од шест победи на Ерик Цабел. Пред Тур го израмнил рекордот со Цабел, откако го освоил пласманот шест пати на изминатите седум изданија.[25][26] Саган бил сметан за главен фаворит за победа на бодовниот пласман од медиумите, како и од обложувалниците.[27][28][29] Возачи кои би биле најголеми соперници на Саган биле Кејлеб Јуан (Лото-Судал), Дилан Груневеген (Џамбо-Висма), Мајкл Метјус (Тим Санвеб) и Елија Вивијани (Декојнинк-Квик Степ). Други возачи кои би биле можни фаворити за зелената маичка биле Жилијан Алафилип (Декојнинк-Квик Степ), Едвалд Боасон Хаген (Тим Дименжн Дата), Александер Кристоф (ОАЕ Тим Емирати) и Ваут ван Ерт (Џамбо-Висма).[27][28]

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

На височина од 2.770 метри, врвот на планинскиот превој Кол де л’Изеран (погледнат кон југ од врвот) на етапата 19 е највисокиот асфалтиран превој на Алпите.

На 30 мај 2017 година, ASO објавиле дека Брисел ќе биде домаќин на воведните етапи во 2019 година (позната како „Големо тргнување“), во чест на еден од најуспешните возачи на Тур, Белгиецот Еди Меркс, на 50-годишнината на неговата прва од петте победи на трката. Тоа било втор пат Тур да започне во Брисел и било петто белгиско „Големо тргнување“. Исто така, се одбележале 100 години од водечката жолта маичка на Тур.[30] Други детали за првата етапа биле откриени на 16 јануари 2018 година, каде било споменато дека воведната етапа ќе го вклучи стрмното калдрмисано искачување Мур ван Герардсберген, секогаш вклучено на еднодневната Трка околу Фландрија и втората етапа, која била екипен хронометар на улиците на Брисел.[31] Целата рута била објавена на 25 октомври 2018 година, која директорот на трката Кристијан Придом ја опишал како „највисок Тур во историјата“.[32]

Воведната етапа го посетила Шарлеруа и се вратила назад во Брисел, поврзувајќи ги регионите Фландрија и Валонија на етапата. Започнувајќи во Бенш, третата етапа ја напуштила Белгија и влегла во Франција, додека следната етапа ја однела трката североисточно кон масивот Вогези, каде имало уште две етапи. Преодната седма етапа го однела Тур југозападно кон Централниот Масив, а осмата етапа завршила во градот Сент Етјен. Етапите 9 и 10 го поминале Централниот Масив, пред првиот ден за одмор. Следниве две етапи ја однеле трката на Пиринеите, каде имало четири етапи. По вториот ден за одмор, Тур имало долг трансфер на запад за етапата 16, која завршила во Ним. Етапата 17 ја однела трката на Алпите на Гап. По трите алпски етапи се извршило авионски трансфер до предградијата на Париз, со што завршила трката на Елисејските полиња.[33]

Имало 21 етапа на трката на вкупно растојание од 3.365,8 километри.[34] Имало две хронометарски етапи, екипен хронометар на втората етапа на растојание од 27,6 километри и поединечен хронометар на етапата 13 на растојание од 27,2 километри.[33] На преостанатите деветнаесет етапи, седум биле официјално категоризирани како рамни, пет како ридски и седум како планински.[33] Најдолга етапа била десеттата етапа со 217,5 километри, додека најкратка била етапата 14 со 117,5 километри.[33] Рутата имала пет завршници на нагорнини: етапата 6 до Ла Планкш де Бел Фил; етапата 14 до Кол ди Турмале; етапата 15 до Фоа; етапата 19 до Кол де л’Изеран;[б 1] и етапата 20 до Вал Торен.[36] Планинскиот превој Изеран, највисок асфалтиран превој во Европа, бил вклучен на етапата 19.[32] Ова било седми пат Тур да го искачи Изеран на 2.770 метри, но само втор пат од потешката јужна страна.[32] Таа била едно од петте искалувања од „екстра категорија“ на самата трка.[37]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1 Wikidata-logo S.svg6 јулBEL Брисел – BEL Брисел
рамна етапа
194,5NED Мике Тенисен Wikidata-logo S.svgNED Мике Тенисен Wikidata-logo S.svg
2 Wikidata-logo S.svg7 јулBEL Брисел – BEL Брисел
екипен хронометар
27,6NED Џамбо-Висма Wikidata-logo S.svgNED Мике Тенисен Wikidata-logo S.svg
3 Wikidata-logo S.svg8 јулBEL Бенш – Еперне
ридеста етапа
215FRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
4 Wikidata-logo S.svg9 јулРемсНанси
рамна етапа
213,5ITA Елија Вивијани Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
5 Wikidata-logo S.svg10 јулСен Дје де Вож – Колмар
ридеста етапа
175,5SVK Петер Саган Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
6 Wikidata-logo S.svg11 јулМилуз – Ла Планш де Бел Фиј
планинска етапа
160,5BEL Дилан Тенс Wikidata-logo S.svgITA Џулио Чиконе Wikidata-logo S.svg
7 Wikidata-logo S.svg12 јулБелфор – Шалон на Саон
рамна етапа
230NED Дилан Груневеген Wikidata-logo S.svgITA Џулио Чиконе Wikidata-logo S.svg
8 Wikidata-logo S.svg13 јулМакон – Сент Етјен
ридеста етапа
200BEL Томас де Гент Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
9 Wikidata-logo S.svg14 јулСент Етјен – Бриуд
ридеста етапа
170,5RSA Дарил Импи Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
10 Wikidata-logo S.svg15 јулСен Флур – Алби
рамна етапа
217,5BEL Ваут ван Ерт Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
11 Wikidata-logo S.svg17 јулАлбиТулуза
рамна етапа
167AUS Кејлеб Јуан Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
12 Wikidata-logo S.svg18 јулТулуза – Бањер де Бигор
планинска етапа
209,5GBR Сајмон Јејтс Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
13 Wikidata-logo S.svg19 јулПо – По
индивидуален хронометар
27,2FRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
14 Wikidata-logo S.svg20 јулТарб – Кол ди Турмале
планинска етапа
117,5FRA Тибо Пино Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
15 Wikidata-logo S.svg21 јулЛиму – Фоа
планинска етапа
185GBR Сајмон Јејтс Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
16 Wikidata-logo S.svg23 јулНим – Ним
рамна етапа
177AUS Кејлеб Јуан Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
17 Wikidata-logo S.svg24 јулПон ди Гар – Гап
ридеста етапа
200ITA Матео Трентин Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
18 Wikidata-logo S.svg25 јулАмбрин – Валоар
планинска етапа
208COL Наиро Кинтана Wikidata-logo S.svgFRA Жилијан Алафилип Wikidata-logo S.svg
19 Wikidata-logo S.svg26 јулСен Жан де Морен – Кол де л’Изеран
планинска етапа
89откажување на етапата Wikidata-logo S.svgCOL Еган Бернал Wikidata-logo S.svg
20 Wikidata-logo S.svg27 јулАлбервил – Вал Торанс
планинска етапа
59,5ITA Винченцо Нибали Wikidata-logo S.svgCOL Еган Бернал Wikidata-logo S.svg
21 Wikidata-logo S.svg28 јулРамбује – Париз
рамна етапа
128AUS Кејлеб Јуан Wikidata-logo S.svgCOL Еган Бернал Wikidata-logo S.svg

Преглед на трката[уреди | уреди извор]

Прва недела[уреди | уреди извор]

Возачот на Џамбо-Висма, Мике Тенисен (во средина), во текот на екипниот хронометар на втората етапа, ја носи жолтата маичка во генералниот пласман, која ја добил по освојувањето на воведната етапа

Масовната спринтерска завршница на првата етапа била освоена од возачот на Џамбо-Висма, Мике Тенисен. Бил дел од спринтерскиот воз на екипата, кој бил предводен од нивниот главен спринтер Дилан Груневеген, но самиот паднал во последните два километри, поради што Тенисен бил слободен да спринта. Ги освоил првата жолта и првата зелена маичка како предводник на генералниот и бодовниот пласман, соодветно.[38] Возачот од бегството, Грег ван Авермет, (ССС Тим) ја предводел трката на највисоко категоризираното искачување на етапата, Мур ван Герардсберген, поради што станал прв во планинскиот пласман и ја носел првата точкаста маичка како предводник на пласманот.[б 2]

Тенисен го зголемил водството на трката по екипната победа на екипниот хронометар на втората етапа, која завршила дваесет секунди пред второпласираната Тим Инеос.[39] Меѓутоа, неговото водство имало краток век откако Жилијан Алафилип го презел првото место со силен напад на последното искачување на третата етапа, достигнувајќи го и престигнувајќи го остатокот од бегството создадено на почетокот на етапата, со што ја освоил самата етапа. Петер Саган и Тим Веленс (Лото-Судал) го презеле водството во бодовниот и планинскиот пласман, соодветно.[40] Следела рамна етапа, која завршила со масовен спринт, кој го освоил Елија Вивијани.[41]

Искачувањето на петтата етапа не предизвикале проблеми на трката, бидејќи повеќето фаворити ја задржале својата енергија за стрмната завршница на следната етапа.[42] Раното четиричлено бегство, во кое бил и носителот на точкастата маичка Веленс, било достигнато пред масовната спринтерска завршница, која била освоена од Саган.[43] На планинската етапа шест вклучила 14-члено бегство, кое имало над 8 минути водство. До Кол де Шеврер останале само четворица. Веленс и Ксандро Мерис (Ванти-Гобер), каде првиот ја обезбедил точкастата маичка уште еден ден, заостанале на последното искачување зад Дилан Тенс (Бахреин-Мерида) и Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо). Тенс ја освоил етапата, но Чиконе успеал да ја преземе жолтата маичка и покрај тоа што попуштил во последните метри на искачувањето.[44] Последните 500 метри се покажале како тешкотија за фаворитите од генералниот пласман Винченцо Нибали, Ричи Порт и Ромен Барде, кои загубиле време на искачувањето.[45] Седмата етапа се вратила на рамен терен по Вогезите и била без возбуда, бидејќи бегството траело само неколку минути.[46] И покрај раните падови од Тиџеј ван Гардерен и Тенисен завршила во технички масовен спринт освоен од Груневеген.[47]

Главната група минува низ градот Родез на десеттата етапа, пред накрсните ветрови да предизвикаат групата да биде намалена на целта, а етапата била освоена од Ваут ван Ерт

Осмата етапа со близу 4.000 метри искачување била сметана пред трката како можност за победа од бегство,[37] на кое дента имало четворица. Како одминувале искачувањата, оваа бројка постепено се намалувала, и само Томас де Гент (Лото-Судал) и Алесандро де Марки (ССС Тим) преживеале до завршното искачување, на кое Де Гент успешно се оддалечил од него. Разликата била до минута во завршните километри, кога Алафилип и Тибо Пино нападнале и добиле дваесет секунди од доста намалената главна група, а Де Гент успеал да се одржи за етапна победа, додека Алафилип ја повратил неговата жолта маичка.[48] И покрај неговиот втор пад на трката, бранителот на титулата Герајнт Томас успеал да се одржи и да избегне рана катастрофа.[49]

Деветтата етапа имала рано бегство од четиринаесет возачи, на кое подоцна се приклучил Марк Солер (Мовистар Тим), кој го пуштила главната група. На 40 километри до целта, Лукас Пестлбергер од Бора-Хансгрое нападнал, добивајќи околу 30 секунди пред другите од бегството да се здружат за да го стигнат, со што пола од нив ќе отпаднат. На последното брдо на денот, Кот де Сен Жист од трета категорија, на само 15 километри од целта, Пестлбергер бил конечно достигнат и се создало водечко трио, составено од Николас Роуш (Тим Санвеб), Тиш Бенот (Лото-Судал) и Дарил Импи (Мичелтон-Скот). Роуш отпаднал пред целта, оставајќи ја победата на Импи, кој го претекнал Бенот во завршниот спринт,[50] додека во генералниот пласман немало значителни промени.[51]

Завршната етапа пред денот за одмор, кој бил еден ден подоцна од вообичаеното, била на релативно рамен терен.[37] Меѓутоа, на 30 километри до целта, се случиле делби во главната група откако Тим Инеос и другите излегле на чело на групата и ја поделиле главната група при силни накрсни ветрови. Овој потег се покажал одлучувачки, бидејќи неколку од другите фаворити биле фатени позади, вклучувајќи ги Пино, Ричи Порт, Ригоберто Уран, Јакоб Фуглсанг и Микел Ланда, кои и изгубиле време од групата напред. Томас, Еган Бернал, Алафилип и Барде ги задржале нивните места на чело на трката, помеѓу намалената група.[52] Победата ја однел Ваут ван Ерт, откако неколку од главните спринтери останале позади, вклучувајќи го и неговиот колега од Џамбо-Висма, Груневеген.[53]

Втора недела[уреди | уреди извор]

До првиот ден за одмор, жолтата маичка била во посед на Алафилип, кој имал водствот од 1' 12" пред Томас, позади кого бил Бернал на третото место, само 4" зад Томас. Домашниот фаворит Пино, и покрај тоа што бил 1' 21" од Томас на единаесеттото место, имал уште шанси за добар резултат.[54] Во бодовниот пласман, фаворитот пред трката Саган бил на првото место, со 62 бода пред второпласираниот Мајкл Метјус. Планинскиот пласман бил понеизвесен, каде возачите од бегствата и колеги од Лото-Судал, Веленс и Де Гент се бореле за првото и второто место, соодветно, со разлика од само шест бода.[55] На етапата 11, малото бегство на денот било достигнато на 5 километри до целта, пред Кејлеб Јуан да го освои масовниот спринт.[56]


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI reveal WorldTour calendar for 2019“. Cycling News. конс. 23 октомври 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „List of starters – Tour de France 2019“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 6 јули 2019. конс. 6 јули 2019.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  3. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. конс. 20 август 2015. 
  4. „Cofidis and Wanty-Groupe Gobert awarded Tour de France wildcard places“. Cyclingnews.com. 10 јануари 2019. конс. 13 јуни 2019. 
  5. Балингер, Алекс (22 март 2019). „André Greipel to ride 2019 Tour de France as final wildcard places announced“. Cycling Weekly. конс. 13 јуни 2019. 
  6. Торфс, Мишел. „"Eddy" has goose bump moment as Brussels soaks up Tour de France atmosphere“, „VRT“, 5 јули 2019 (посет. 5 јули 2019 г).
  7. „Tour de France 2019 – Debutants“. ProCyclingStats. конс. 6 јули 2019. 
  8. „Tour de France 2019 – Peloton averages“. ProCyclingStats. конс. 6 јули 2019. 
  9. „Tour de France 2019 – Youngest competitors“. ProCyclingStats. конс. 6 јули 2019. 
  10. „Tour de France 2019 – Oldest competitors“. ProCyclingStats. конс. 6 јули 2019. 
  11. „Tour de France 2019 – Average team age“. ProCyclingStats. конс. 6 јули 2019. 
  12. Кери, Том (4 јуни 2019). „Party time over as 'more confident than ever' Geraint Thomas sets sights on more Tour de France success“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. конс. 25 јуни 2019. 
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 Флечер, Патрик (25 јуни 2019). „Form ranking: Tour de France 2019 favourites – Pre-race“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 25 јуни 2019. 
  14. Балингер, Алекс. „Chris Froome sustained ‘multiple serious injuries’ in Critérium du Dauphiné 2019 crash, Team Ineos confirm“, „Cycling Weekly“, TI Media, 12 јуни 2019 (посет. 13 јуни 2019 г).
  15. Јорк, Филипа. „Philippa York: Losing Chris Froome changes the Tour de France for every team“, Immediate Media Company, 13 јуни 2019 (посет. 13 јуни 2019 г).
  16. Браун, Грегор (4 јули 2019). „Riders and directors predict wide-open battle for Tour de France overall“. VeloNews. Pocket Outdoor Media. конс. 5 јули 2019. 
  17. Виндзор, Ричард. „Tom Dumoulin to miss the 2019 Tour de France“, „Cycling Weekly“, TI Media (посет. 20 јуни 2019 г).
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 Лабарга, Начо (21 јуни 2019). „Without Froome or Dumoulin in the Tour de France, who is now the main favorite?“. Marca ((шпански)). Unidad Editorial. конс. 27 јуни 2019. 
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 Ејнсен, Јури (4 јули 2019). „Tour 2019: Preview – Favorites general classification“. WielerFlits ((холандски)). конс. 4 јули 2019. 
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 Лоу, Феликс (4 јули 2019). „Tour de France 2019: Yellow jersey guide – Egan Bernal leads open field“. Eurosport. Discovery, Inc. конс. 4 јули 2019. 
  21. Остерман, Михаел (3 јули 2019). „Tour de France: Breites Favoritenfeld“ [Tour de France: Wide field of favourites]. Sportschau ((германски)). конс. 5 јули 2019. 
  22. Tour de France: Ineos name Thomas and Bernal as joint team leaders“, „The Guardian“, 28 јуни 2019 (посет. 2 јули 2019 г).
  23. 23,0 23,1 Флечер, Патрик. „Tour de France 2019: The Essential Guide“, Immediate Media Company, 26 јуни 2019 (посет. 10 септември 2019 г).
  24. 24,0 24,1 Обри, Џејн. „Top of the Tour – yellow jersey preview“, „SBS“, 2 јули 2019 (посет. 10 септември 2019 г).
  25. „Bora-Hansgrohe: announces four riders including Sagan and Buchmann“. L'Équipe ((француски)). 27 јуни 2019. конс. 27 јуни 2019. 
  26. Гоф, Брајан (6 јули 2017). „Peter Sagan falls victim to the black box of European sport governance“. Forbes ((англиски)). конс. 27 јуни 2019. 
  27. 27,0 27,1 Ван Хенгел, Тим (3 јули 2019). „Tour 2019: Preview – The points classification“. WielerFlits ((холандски)). конс. 3 јули 2019. 
  28. 28,0 28,1 Лоу, Феликс (2 јули 2019). „Tour de France 2019: Green jersey guide – Peter Sagan's seventh heaven?“. Eurosport. Discovery, Inc. конс. 3 јули 2019. 
  29. Лонг, Џони (1 јули 2019). „Who are the favourites for the green jersey at the Tour de France 2019?“. Cycling Weekly. TI Media. конс. 2 јули 2019. 
  30. Tour de France honours Merckx with 2019 Brussels Grand Depart“, „Diario AS“, 30 мај 2017 (посет. 6 јули 2019 г).
  31. 2019 Tour de France Grand Depart routes revealed“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 16 јануари 2018.
  32. 32,0 32,1 32,2 Фаранд, Стивен. „Tour de France 2019 route revealed“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 25 октомври 2018 (посет. 13 јуни 2019 г).
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 „Official route of Tour de France 2019“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. конс. 6 јули 2019. 
  34. „Official classifications of Tour de France 2019 – Stage 21“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 29 јули 2019. конс. 29 July 2019.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  35. Tour de France: Bernal takes yellow on shortened stage 19“, „Cyclingnews.com“, 26 јули 2019 (посет. 26 јули 2019 г).
  36. Виндзор, Ричард (1 јуни 2019). „Tour de France 2019: route and stage analysis“. Cycling Weekly. конс. 17 јуни 2019. 
  37. 37,0 37,1 37,2 Фотерингем, Вилијам; Шихи, Финбар; Симонс, Харви (1 јули 2019). „Tour de France 2019: stage-by-stage guide“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. конс. 29 јули 2019. 
  38. Tour de France: Teunissen takes yellow jersey after sprint victory in Brussels“, Immediate Media Company, 6 јули 2019.
  39. 39,0 39,1 Tour de France 2019: Geraint Thomas puts time into rivals as Teunissen retains yellow“, „BBC Sport“, BBC, 7 јули 2019.
  40. Лонг, Џони (8 јули 2019). „Julian Alaphilippe takes magnificent solo victory and yellow jersey on stage three of the Tour de France 2019“. Cycling Weekly. конс. 16 јули 2019. 
  41. Артур-Бренан, Мишел. „Elia Viviani nets his first ever Tour de France win in stage four sprint“, „Cycling Weekly“, TI Media, 9 јули 2019 (посет. 9 јули 2019 г).
  42. Витл, Џереми (10 јули 2019). „Tour de France: Sagan takes ‘exquisite’ stage win as Alaphilippe stays in yellow“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. конс. 29 јули 2019. 
  43. Бенсон, Даниел (10 јули 2019). „Tour de France: Peter Sagan wins stage 5“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 29 јули 2019. 
  44. Флечер, Патрик (11 јули 2019). „Tour de France: Teuns wins atop La Planche des Belles Filles“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 29 јули 2019. 
  45. Витл, Џереми (11 јули 2019). „Tour de France: Thomas makes statement but Ciccone takes yellow“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. конс. 29 јули 2019. 
  46. Витл, Џереми (12 јули 2019). „Groenewegen sprints to Tour stage win as Brailsford cools Bernal hype“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. конс. 29 јули 2019. 
  47. Бенсон, Даниел (12 јули 2019). „Tour de France: Groenewegen wins stage 7“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 29 јули 2019. 
  48. Флечер, Патрик (13 јули 2019). „Tour de France: De Gendt wins in Saint Etienne“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 29 јули 2019. 
  49. Витл, Џереми (13 јули 2019). „Geraint Thomas battles back after suffering second Tour de France crash“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. конс. 29 јули 2019. 
  50. „Tour de France: Impey wins stage 9 in Brioude“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 14 јули 2019. конс. 29 јули 2019. 
  51. Витл, Џереми (14 јули 2019). „Daryl Impey sprints to Bastille Day victory in Tour de France“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. конс. 29 јули 2019. 
  52. Витл, Џереми (15 јули 2019). „Van Aert sprints to stage but Thomas the big winner on Tour day of chaos“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. конс. 29 јули 2019. 
  53. Бенсон, Даниел (15 јули 2019). „Tour de France: Wout van Aert wins stage 10“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. конс. 29 јули 2019. 
  54. Витл, Џереми (16 јули 2019). „Dave Brailsford keen to ‘twist knife’ into Team Ineos’s Tour rivals“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. конс. 30 јули 2019. 
  55. „Official classifications of Tour de France 2019 – Stage 10“. Тур де Франс. Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 14 јули 2019. конс. 30 јули 2019.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош);
  56. Лонг, Џони. „Caleb Ewan takes first Tour de France victory by the finest of margins on stage 11“, „Cycling Weekly“, TI Media, 17 јули 2019 (посет. 20 јули 2019 г).

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Етапата 19 била запрена по бурата од град и лизгање на земјиштето, поради што патот бил непрооден близу Вал д’Изер, пред планираното искачување до Тињ. Времињата за генералниот пласман биле земени од врвот на Кол де л’Изеран, но етапната победа и наградата за најборбен возач на денот не биле доделени. Еган Бернал го имал најбрзото време земено на таа точка.[35]
  2. На првата етапа, Грег ван Авермет освоил два бода кога поминал прв на врвот на искачувањето Мур ван Герардсберген од трета категорија, додека Ксандро Мерис (Ванти-Гобер) освоил еден бод за второ место. Потоа, Мерис освоил уште еден бод откако бил прв на искачувањето Босберг од четврта категорија, уште едно категоризирано искачување. Иако обајцата имале два бода по етапата, Ван Авермет го добил водството во пласманот, бидејќи Мур ван Герардсберген било повисоко категоризирано.[39]

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]