Прејди на содржината

Ели Жесбер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ели Жесбер
Жесбер во 2013 година
Лични податоци
Цело имеЕли Жесбер
Роден1 јули 1995(1995-07-01)(29 г.)
Сен Брие,  Франција
Висина1,81 м[1]
Маса63 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубФортунео-Самсик
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2014–2015
2016
По де Динан
Вело Клуб де Лудеак
Професионални клубови
2015
2016-
ФДЖ (стажант)
Фортунео - Витал Консепт
Последна промена
26 септември 2018

Ели Жесбер (француски: Élie Gesbert; р. 1 јули 1995 во Сен Брие) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Фортунео-Самсик.[2]

Во јуни 2017 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2017,[3] каде што бил најмлад учесник на трката.[4] Настапил и на Тур де Франс 2018 и на Тур де Франс 2019.

Фортунео-Витал Консепт (2016-денес)

[уреди | уреди извор]

Жесбер возел на Тур де Франс и започнал како прв возач на поединечниот хронометар на првата етапа на неговиот роденден. Ја освоил својата прва професионална победа на Тур ди Лимузен, првата етапа, каде завршил на второто место на крај.

Жесбер го возел својот прв монумент во 2018 година, на Лиеж-Бастоњ-Лиеж, каде завршил на 91. место. Исто така учествувал на Тур де Франс каде се нашол во вестите, откако бил удрен од Џани Москон.[5]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2013
1. Национално јуниорско друмско првенство
2015
1. Етапа 6 Тур де л’Авенир
2. Крајц Брајц
2016
1. Етапа 3 Ронд де л’Изар
2017
2. Краен пласман Тур ди Лимузен
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 1
4. Краен пласман Тур де Бретањ
1. Етапа 6
6. Краен пласман Тур ди Жеводан Лангдок-Русијон
Награда за борбеност на етапа 10 на Тур де Франс
2019
4. Краен пласман Тур де л’Ен
5. Краен пласман Трка околу Оман
1. Пласман за млад возач
5. Предизвик Мон Венту Денивле
6. Тур ди Дуа
9. Краен пласман Тур ди Лимузен
9. Париз-Камемберт
Награда за борбеност на етапа 14 на Тур де Франс

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2017 2018 2019
Џиро
Тур 85 86 78
Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. 1,0 1,1 „ELIE GESBERT - Arkea-Samsic“. Архивирано од изворникот на 2019-07-05. Посетено на 5 јули 2019.
  2. „Franck Bonnamour et Romain Le Roux avec Arkéa-Samsic en 2020“ [Franck Bonnamour and Romain Le Roux with Arkéa-Samsic in 2020]. Аркеа-Самсик (француски). Pro Cycling Breizh. 14 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2020-01-11. Посетено на 11 јануари 2020.
  3. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.
  4. „Tour de France 2017 – Youngest competitors“. ProCyclingStats. Посетено на 16 јули 2017.
  5. http://www.cyclingnews.com/news/moscon-knows-he-let-the-team-down-with-tour-de-france-disqualification-says-brailsford/

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]