Џани Москон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џани Москон
Москон на Нокере Курсе 2016
Лични податоци
Цело име Џани Москон
Прекар Il Trattore („Тракторот“)[1]
Роден 20 април 1994 (1994-04-20) (воз. 24 г.)
Тренто,  Италија
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Аматерски клубови
2013–2015 Залф-Еуромобил-Дезире-Фјор
Професионални клубови
2016– Тим Скај
Значајни победи
Етапни трки
Арктичка трка на Норвешка (2016)

Еднодневни трки и класици

MaillotItalia.svg Национално хронометарско првенство (2017)
Последна промена
24 март 2018

Џани Москон (италијански: Gianni Moscon; р. 20 април 1994) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.

Ран живот и кариера[уреди | уреди извор]

Москон пораснала на фарма за јаболка северно од Тренто во Трентино, во северниот дел на Италија. Ова довело да му биде доделен прекарот „Ил Траторе“ или „Тракторот“.[2]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Тим Скај (2016-денес)[уреди | уреди извор]

Во септември 2015 година било објавено дека потпишал договор со Тим Скај за сезоната 2016.[3] Ова дошло по препорака од Фаусто Пинарело, производителот на велосипедите на екипата, кој го гледал Москон како победува аматерски трки.[4]

Во 2016 година, Москон ја забележал својата прва професионална победа на Арктичката трка на Норвешка, каде ја освоил кралската етапа. Подоцна го освоил генералниот пласман, заедно со пласманот за млад возач. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[5]

Контроверза[уреди | уреди извор]

Расизам и суспензија[уреди | уреди извор]

Во 2017 година, во текот на Тур де Романди, Џани Москон расистички го навредил афрофранцускиот велосипедист Кевин Реза.[6] Џани бил суспендиран од трки од Тим Скај во период од шест недели. Тим Скај назначил дека наредниот расистички инцидент ќе предизвика раскинување на неговиот договор со екипата.[7]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2012
4. Краен пласман Џиро дела Луниџана
2014
1. Пиколо Џиро ди Ломбардија
2. ГП Каподарко
5. Гран Премио ди Поџана
6. Џиро дел Белведере
8. Копа дела Паче
9. Гран Премио Палио дел Речото
10. Трофео Алчиде Дегаспери
2015
1. MaillotItalia.svg Национално друмско првенство под 23 години
1. Гран Премио Сан Џузепе
1. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
1. Копа деи Лаги-Трофео Алмар
5. Краен пласман Мировна трка под 23 години
2016
1. Jersey blue.svg Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 3
3. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
Национални друмски првенства
4. Хронометар
5. Друмска трка
5. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
6. ГП Монтреал
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
8. Нокере Курсе
2017
Национални друмски првенства
1. MaillotItalia.svg Хронометар
5. Друмска трка
Светски друмски првенства
3. Bronze medal blank.svg Екипен хронометар
6. Хронометар
3. Џиро ди Ломбардија
5. Париз-Рубе
5. Џиро дел’Емилија
7. Краен пласман Рут ди Сид
7. Тре Вали Варезине
2018
2. Трофео Сера де Трамунтана
8. Е3 Харелбеке
8. Трофео Љосета-Андрат

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]