Лук Роу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лук Роу
Роу на Националното друмско првенство 2013
Лични податоци
Цело име Лук Роу
Роден 10 март 1990 (1990-03-10) (28 г.)
Кардиф, Велс,  Обединето Кралство
Висина 1,85 м
Маса 72 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Аматерски клубови


2006
2007
2008–2011
Менди Флајерс
Кардиф Ајакс
Гленден/Бајк Тракс
Recycling.co.uk
Рафа Кондор-Recycling.co.uk
Професионални клубови
2012– Тим Скај
Последна промена
9 март 2018

Лук Роу (германски: Luke Rowe; р. 10 март 1990 во Кардиф) — велшки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роу започнал со возење велосипед на мала возраст, првично со неговите родители на велосипед тандем. Започнал да ужива во велосипедизмот и станал член на Менди Флајерс. Како младинец бил член на олимписката развојна програма на британската федерација. Неговиот брат Мет е исто така велосипедист, а неговиот татко Кортни Роу го подучува параолимпиецот Сајмон Ричардсон.

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Роу го направил неговото европско деби како член на екипата за екипна потера, која го освоила златниот медал на Европското велодромско првенство 2007. Завршил втор на Европското друмско првенство 2008 и го освоил медисон, заедно со Марк Кристијан и среброто на екипната потера на Европското велодромско првенство 2008.[2]

Тим Скај (2012–)[уреди | уреди извор]

Роу (во златна боја) на Трката околу Британија 2012, носејќи ја водечката маичка на втората етапа. Роу ја освоил првата етапа, неговата прва професионална победа.

Роу се приклучил на екипата Тим Скај за сезоната 2012 како нов професионалец, потпишувајќи на две години.[3] Ја освоил својата прва професионална победа во септември 2012 година со победа на воведната етапа на Трката околу Британија. Негов прв настап на некоја голема трка го имал на Вуелта а Еспања 2013.[4]

Роу го претставувал Велс на Комонвелтските Игри во Глазгов 2014 година[5] и завршил шести на друмската трка, која ја освоил колегата Герајнт Томас. Роу возел на Вуелта а Еспања 2014 и му помогнал на Крис Фрум да заврши втор во генералниот пласман.

Роу имал силен почеток во сезоната 2015 со четврто место на Океанската друмска трка Кедел Еванс и седми на Трката околу Катар.[6] Потоа, Роу имал пробив на класиците, завршувајќи деветти на Омлоп Хет Ниувсблад (на кој победил колегата Ијан Станард, тринаесетти на Е3 Харелбеке (каде победил колегата Герајнт Томас) и импресивното осмо место на Париз-Рубе, пред Бредли Вигинс (18.), кој ја возел последната трка за Скај.[7] Бил избран во составот на Скај за Тур де Франс 2015,[8][9] станувајќи третиот велшки возач кој настапил на Тур по Колин Луис и Герајнт Томас.[10]

Во август 2017 година, Роу ја скршил десната нога при скокање во плитка вода на забава во Прага.[11] Како последица не можел да настапи скоро една година.[12]

Се вратил на трките порано од очекуваното со настап на крајот на февруари на Трката Абу Даби.[13]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велодромски[уреди | уреди извор]

2000
3. Национално првенство за омниум под 12 години
2006
3. Национално првенство за екипна потера (со Џонатан Белис, Питер Кенох и Алекс Даусет)
2007
1. Европско јуниорско првенство за екипна потера
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално првенство за медисон (со Адам Блајт)
2008
Европско јуниорско првенство
1. Медисон (со Марк Кристијан)
2. Екипна потера (со Марк Кристијан, Ендру Фен и Ерик Роусел)
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално првенство дерни
2009
2. Национално првенство за медисон (со Герајнт Томас)
2010
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално првенство за медисон (со Марк Кристијан)
2011
1. MaillotReinoUnido.PNG Национално првенство за медисон (со Питер Кенох)
2012
Серија Револушн Трето коло
1. Скреч
1. Австралиска потера

Друмски[уреди | уреди извор]

2006
1. Јуниорска Трка околу Ирска
2007
3. Јуниорско Омлоп Хет Фолк
4. Јуниорска Трка околу Велс
1. Етапа 3
2008
2. Европско јуниорско друмско првенство
4. Класик Клејтон
2009
1. ЗЛМ Тур
6. Копа Коли Бријантеи Интернационале
2010
1. ГП Спортиви ди Поџана
3. ГП Индустри дел Мармо
4. ГП Палио дел Речото
5. Трка околу Фландрија за млади
6. Краен пласман Трка околу Берлин
8. Трофео Франко Балестра Меморијал Метели
9. Комонвелтски Игри - друмска трка
2011
1. ЗЛМ Тур
1. Етапа 7 Трка околу Тирингија
5. Краен пласман Тур де Норманди
8. Ла Кот Пикард
9. Краен пласман Трка Олимпија
2012
1. Етапа 1 Трка околу Британија
2. Дуо Норманд (со Алекс Даусет)
2013
5. Национално друмско првенство
5. Национално хронометарско првенство
9. Краен пласман Трка околу Катар
2014
4. Национално друмско првенство
4. Национално хронометарско првенство
6. Комонвелтски Игри - друмска трка
2015
1. Етапа 1 (TTT) Тур де Романди
4. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
7. Краен пласман Трка околу Катар
8. Париз-Рубе
9. Омлоп Хет Ниувсблад
2016
4. Омлоп Хет Њусблад
5. Трка околу Фландрија
2017
1. Етапа 2 Хералд Сан Тур
3. Курне-Брисел-Курне
5. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
6. Омлоп Хет Ниусблад

Резултати на класиците[уреди | уреди извор]

Година Омлоп Хет Ниусблад Е3 Харелбеке Гент-Вевелгем Трка околу Фландрија Париз-Рубе
2013 53. 70. 56. 93. 109.
2014 11. СО СО 62. 31.
2015 9. 13. СО 50. 8.
2016 4. 23. 22. 5. 14.
2017 6. 15. СО 120. СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 136 151 167
Jersey red.svg Вуелта СО 141

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тим Скај (SKY) – ВБР“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (посет. 4 јануари 2014 г).
  2. Енди Хауел (16 септември 2008). „Cycling: Young guns shine in Poland“. Wales Online. http://www.walesonline.co.uk/sports/cycling/2008/09/16/cycling-young-guns-shine-in-poland-91466-21828582/. посет. 22 декември 2008 г. 
  3. „Тим Скај потпиша со Роу“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 септември 2011. http://www.cyclingnews.com/news/team-sky-signs-rowe. посет. 6 септември 2011 г. 
  4. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/23771933
  5. „Commonwealth Games 2014: Olympic champion Geraint Thomas and world sprint star Becky James head up Welsh cycling team for Glasgow“. Wales Online. 9 јули 2014. http://www.walesonline.co.uk/sport/other-sport/cycling/commonwealth-games-2014-olympic-champion-7234116. 
  6. http://www.walesonline.co.uk/sport/other-sport/cycling/cardiff-cyclist-luke-rowe-claims-8642237
  7. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/luke-rowe-eighth-in-roubaix-a-sign-of-things-to-come-166236
  8. http://www.theguardian.com/sport/2015/jun/29/luke-rowe-chris-froome-team-sky-tour-de-france-line-up
  9. „Стартна листа на Тур де Франс 2015“. Velo News. http://velonews.competitor.com/2015/06/news/preliminary-start-list-2015-tour-de-france_375043. посет. 2 јули 2015 г. 
  10. „Tour de France 2015: Luke Rowe ecstatic at Tour selection“. 29 јуни 2015. http://www.bbc.co.uk/sport/0/wales/33312561. посет. 10 септември 2015 г. 
  11. „Luke Rowe: Team Sky rider breaks leg on brother's stag party“. BBC Sport. 8 август 2017. https://www.bbc.com/sport/cycling/40870421. посет. 11 август 2017 г. 
  12. „Team Sky's Luke Rowe 'could miss a year' after rafting leg break“. BBC Sport. 9 август 2017. https://www.bbc.com/sport/wales/40874578. посет. 11 август 2017 г. 
  13. http://www.cyclingnews.com/news/rowe-will-return-to-racing-with-team-sky-at-abu-dhabi-tour/

Надворешни врски[уреди | уреди извор]