Џонатан Кастровјехо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џонатан Кастровјехо
Кастровјехо на подиум по победата на прологот на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело име Џонатан Кастровјехо Николас
Роден 27 април 1987 (1987-04-27) (воз. 31 г.)
Гечо,  Шпанија
Висина 1,71 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометар
Аматерски клубови
2008–2009 Орбеја
Професионални клубови
2010–2011
2012–2017
2018-
Еускалтел-Еускади
Мовистар Тим
Тим Скај
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
MaillotEspaña.PNG Национален хронометарски првак (2013, 2015, 2017)
Европски хронометарски првак (2016)
Последна промена
5 февруари 2018

Џонатан Кастровјехо Николас (шпански: Jonathan Castroviejo Nicolás; р. 27 април 1987 во Гечо, Баскија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Откако возел две сезони за послабата екипа на де факто националниот баскиски состав, тој му се придружил на Еускалтел-Еускади во 2010. Првата победа како професионалец ја остварил на Тур де Романди 2011, забележувајќи најбрзо време на прологот од 3,5 километри, победувајќи го светскиот првак под 23 години Тејлор Фини за 0,27 секунди. Резултатот стигнал само еден ден по 24. роденден на Кастровјехо.[2] Неговата вештина за хронометри била релативно необична за возач од Еускалтел-Еускади, бидејќи екипата е позната за лесни возачи со мали способности на хронометрите. Меѓутоа, победата на етапата на Тур де Романди, не била целосен шок - порано во сезоната, Кастровјехо завршил осми на завршниот хронометар на Тирено-Адријатико, надминувајќи ги времињата на Густав Ларсон, Кедел Еванс и Дејвид Забриски, сите познати специјалисти за хронометри.[3] Подоцна, Кастровјехо се покажал солидно и на вториот хронометар на Тур де Романди, завршувајќи деветти на патеката од 20,1 километар, подобар од Марко Пиноти и Жан Кристоф Перо (помеѓу другите), обајцата поранешни прваци во хронометар во своите земји.[4]

Кастровјехо преминал во Мовистар Тим за сезоната 2012.[5] Ја носел водечката маичка на Вуелта а Еспања на две етапи, откако неговата екипа победила на воведниот екипен хронометар и прв поминал низ целта, но изгубил два дена подоцна од колегата Алехандро Валверде. Кастровјехо не можел да го следи пеколното темпо поставено од Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) на последното искачување на третата етапа.[6]

Во 2015 година, Кастровјехо по втор пат во својата кариера го освоил националното друмско првенство.[7]

На 17 август 2017 година било објавено дека Кастровјехо ќе се приклучи на Тим Скај од сезоната 2018.[1]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2009
1. Етапа 3 Тур ду Хаут Анжу
1. Пролог Ронд де л’Изар д’Ариеж
1. Етапа 5 Тур де л’Авенир
2010
1. Спринтерски пласман Волта а Каталуња
2011
1. Пролог Тур де Романди
1. Етапа 1 (ITT) Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
2. Шпанско хронометарско првенство
2012
Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
1. Етапа 1 (ITT)
1. Спринтерски пласман
1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Вуелта а Мурсија
6. Краен пласман Енеко Тур
2013
1. MaillotEspaña.PNG Национално хронометарско првенство
8. Краен пласман Волта ао Алгарве
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2015
1. MaillotEspaña.PNG Национално хронометарско првенство
3. Bronze medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
3. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
4. Светско хронометарско првенство
1. Jersey yellow number.svg Екипен пласман Тур де Франс
2016
1. EuropeanChampionJersey(2016).png Европско хронометарско првенство
2. Национално хронометарско првенство
2. Хроно де Насионс
Светски првенства
3. Bronze medal blank.svg Индивидуален хронометар
6. Екипен хронометар
4. Олимписки хронометар
2017
1. MaillotEspaña.PNG Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
3. Хроно де Насионс
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
7. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 3 (ITT)
10. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро 57
Jersey yellow.svg Тур 97 24 60
Jersey red.svg Вуелта 148 65 36

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Castroviejo joins Team Sky from Movistar for 2018“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 17 август 2017 (посет. 3 јануари 2018 г).
  2. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-upt/prologue/results
  3. Фаранд, Стивен. „Тирено-Адријатико 2011: Резултати & Вести“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/races/46th-tirreno-adriatico-his/stage-7/results. 
  4. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-romandie-upt/stage-4/results
  5. Кастровјехо потврди за Мувистар“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 септември 2011 (посет. 1 јануари 2012 г).
  6. Valverde claims photo finish on Eibar“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 август 2012 (посет. 20 август 2012 г).
  7. Movistar sweeps Spanish time trial with Castroviejo repeating title“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 26 јуни 2015 (посет. 27 јуни 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Луис Леон Санчез
Национален хронометарски првак
2013
Наследник
Алехандро Валверде
Претходник
Алехандро Валверде
Национален хронометарски првак
2015
Наследник
Јон Изагире