Тирено-Адријатико 2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тирено-Адријатико 2011
Светска турнеја UCI 2011, трка 3 од 27
Tirreno Adriatico 2011.png
Детали за трката
Датум(и) 9–15 март
Етапи 7
Растојание 1.075,1 км
Време 27ч 37' 37" (24,181 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Кедел Еванс (АВС) (БМЦ Рејсинг Тим)
Втор  Роберт Гесинк (ХОЛ) (Рабобанк)
Трет  Микеле Скарпони (ИТА) (Лампре-ИСД)

Бодовен  Микеле Скарпони (ИТА) (Лампре-ИСД)
Планински  Давиде Малакарне (ИТА) (Квик Степ)
Младински  Роберт Гесинк (ХОЛ) (Рабобанк)
Екипен Ликвигас-Канондејл
2010
2012

Тирено-Адријатико 2011 — 46. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, често позната како Трка на две мориња. Започнала на 9 март во Марина ди Карара, а завршила на 15 март во Сан Бенедето дел Тронто и се состоела од седум етапи, вклучувајќи воведен екипен хронометар и завршен индивидуален хронометар. Била трета трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена од возачот на БМЦ Рејсинг Тим Кедел Еванс, кој ја освоил водечката сина маичка на петтата етапа пред да ја постигне етапната победа на наредната етапа.[1][2] Разликата на Еванс пред второпласираниот Роберт Гесинк (Рабобанк) била 11 секунди, додека Гесинк ги претекнал Иван Басо од Ликвигас-Канондејл и возачот на Лампре-ИСД Микеле Скарпони на завршниот хронометар.[2] Скарпони — победник на четвртата етапа — го заокружил подиумот, 15 секунди зад Еванс.

Во другите пласмани на трката, второто место на Гесинк му ја донело и белата маичка за највисоко пласиран возач под 25 години, а Скарпони ја освоил црвената маичка за највисок број на бодови на етапите и средните спринтови. Возачот на Квик Степ Давиде Малакарне го освоил планинскиот пласман, додека Ликвигас-Канондејл завршил на чело на екипниот пласман.

Екипи[уреди | уреди извор]

Тирено-Адријатико бил дел од Светската турнеја, па така сите 18 екипи биле автоматски повикани и се обврзани да присуствуваат. Две континентални екипи добиле специјални покани. Тоа биле Аква & Сапоне, екипа на бранителот на титулата Стефано Гарцели и Фарнезе Вини-Нери Сотоли, екипа на италијанскиот национален првак Џовани Висконти, обајцата присутни на трката.

Целосниот список на екипи бил:

Етапи[уреди | уреди извор]

Етапа 1[уреди | уреди извор]

9 март 2011 — Марина ди Карара, 16,8 км, екипен хронометар (ТТТ)
Резултат од етапа 1
Екипа Време
1 Рабобанк 18' 08"
2 Гармин-Сервело + 9"
3 ХТЦ-Хајроад + 10"
4 Саксо Банк-СанГард + 11"
5 Ликвигас-Канондејл + 22"
6 БМЦ Рејсинг Тим + 26"
7 Леопард Трек + 29"
8 Тим РадиоШек + 30"
9 Тим Скај + 33"
10 Лампре-ИСД + 37"
Генерален пласман по етапа 1
Возач Екипа Време
1  Ларс Бом (ХОЛ) Сина маичка Рабобанк 18' 08"
2  Себастијан Лангевелд (ХОЛ) Рабобанк + 0"
3  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк + 0"
4  Брам Танкинк (ХОЛ) Рабобанк + 0"
5  Оскар Фреир (ШПА) Рабобанк + 0"
6  Том Лезер (ХОЛ) Рабобанк + 0"
7  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Сервело + 9"
8  Дејвид Забриски (САД) Гармин-Сервело + 9"
9  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Сервело + 9"
10  Роџер Хамонд (ВБР) Гармин-Сервело + 9"

Етапа 2[уреди | уреди извор]

10 март 2011 — Карара до Арецо, 202 км
Резултат од етапа 2
Возач Екипа Време
1  Тајлер Фарар (САД) Гармин-Сервело 4ч 56' 06"
2  Алесандро Петаки (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
3  Хуан Хосе Аедо (АРГ) Саксо Банк-СанГард и.в.
4  Марк Реншо (АВС) ХТЦ-Хајроад и.в.
5  Марсел Зиберг (ГЕР) Омега Парма-Лото и.в.
6  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
7  Миреко Лоренцето (ИТА) Астана и.в.
8  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај и.в.
9  Борут Божич (СЛО) Вакансолел-ДКМ и.в.
10  Оскар Гато (ИТА) Фарнезе Вини-Нери Сотоли и.в.
Генерален пласман по етапа 2
Возач Екипа Време
1  Тајлер Фарар (САД) Сина маичка Црвена маичка Гармин-Сервело 5ч 14' 13"
2  Том Лезер (ХОЛ) Рабобанк + 1"
3  Ларс Бом (ХОЛ) Рабобанк + 1"
4  Себастијан Лангевелд (ХОЛ) Рабобанк + 1"
5  Оскар Фреир (ШПА) Рабобанк + 1"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк + 1"
7  Брам Танкинк (ХОЛ) Рабобанк + 1"
8  Хуан Хосе Аедо (АРГ) Саксо Банк-СанГард + 8"
9  Андреас Клир (ГЕР) Гармин-Сервело + 10"
10  Роџер Хамонд (ВБР) Гармин-Сервело + 10"

Етапа 3[уреди | уреди извор]

11 март 2011 — Терануова Брачолини до Перуџа, 189 км
Резултат од етапа 3
Возач Екипа Време
1  Хуан Хосе Аедо (АРГ) Саксо Банк-СанГард 4ч 39' 45"
2  Тајлер Фарар (САД) Сина маичка Гармин-Сервело и.в.
3  Даниел Ос (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
4  Алесандро Петаки (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
5  Марк Реншо (АВС) ХТЦ-Хајроад и.в.
6  Роби Мекјуан (АВС) Тим РадиоШек и.в.
7  Лојд Мондори (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
8  Едвалд Боасон Хаген (НОР) Тим Скај и.в.
9  Марсел Зиберг (ГЕР) Омега Парма-Лото и.в.
10  Тор Хушовд (НОР) Гармин-Сервело и.в.
Генерален пласман по етапа 3
Возач Екипа Време
1  Тајлер Фарар (САД) Сина маичка Црвена маичка Гармин-Сервело 9ч 53' 51"
2  Хуан Хосе Аедо (АРГ) Саксо Банк-СанГард + 5"
3  Ларс Бом (ХОЛ) Рабобанк + 6"
4  Оскар Фреир (ШПА) Рабобанк + 8"
5  Том Лезер (ХОЛ) Рабобанк + 8"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк + 8"
7  Себастијан Лангевелд (ХОЛ) Рабобанк + 8"
8  Брам Танкинк (ХОЛ) Рабобанк + 8"
9  Рамунас Навардаускас (ЛИТ) Гармин-Сервело + 15"
10  Андреас Клир (ГЕР) Гармин-Сервело + 17"

Етапа 4[уреди | уреди извор]

12 март 2011 – Нарни до Кјети, 240 км
Резултат од етапа 4
Возач Екипа Време
1  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД 6ч 10' 59"
2  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
3  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим и.в.
4  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2"
5  Данило ди Лука (ИТА) Катјуша + 6"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк + 12"
7  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 12"
8  Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 12"
9  Томас Лефквист (ШВЕ) Тим Скај + 16"
10  Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 16"
Генерален пласман по етапа 4
Возач Екипа Време
1  Роберт Гесинк (ХОЛ) Сина маичка Бела маичка Рабобанк 16ч 05' 10"
2  Кедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим + 10"
3  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 12"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 15"
5  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 19"
6  Себастијан Лангевелд (ХОЛ) Рабобанк + 19"
7  Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 22"
8  Дамијано Карузо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 34"
9  Томас Лефквист (ШВЕ) Тим Скај + 37"
10  Петер Велитс (СВК) ХТЦ-Хајроад + 37"

Етапа 5[уреди | уреди извор]

13 март 2011 — Кјети до Кастелрајмондо, 240 км
Резултат од етапа 5
Возач Екипа Време
1  Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото 6ч 43' 23"
2  Ваут Пулс (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ и.в.
3  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
4  Данило ди Лука (ИТА) Катјуша и.в.
5  Андреј Амадор (КРИ) Мовистар Тим и.в.
6  Давиде Малакарне (ИТА) Квик Степ и.в.
7  Тијаго Машадо (ПОР) Тим РадиоШек + 2"
8  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 2"
9  Томас Лефквист (ШВЕ) Тим Скај + 2"
10  Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2"
Генерален пласман по етапа 5
Возач Екипа Време
1  Кедел Еванс (АВС) Сина маичка БМЦ Рејсинг Тим 22ч 48' 45"
2  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2"
3  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 3"
4  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД + 5"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк + 5"
6  Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 12"
7  Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 23"
8  Томас Лефквист (ШВЕ) Тим Скај + 27"
9  Марко Пиноти (ИТА) ХТЦ-Хајроад + 27"
10  Тијаго Машадо (ПОР) Тим РадиоШек + 32"

Етапа 6[уреди | уреди извор]

14 март 2011 — Усита до Мачерата, 178 км
Резултат од етапа 6
Возач Екипа Време
1  Кедел Еванс (АВС) Сина маичка БМЦ Рејсинг Тим 4ч 37' 58"
2  Џовани Висконти (ИТА) Фарнезе Вини-Нери Сотоли и.в.
3  Микеле Скарпони (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
4  Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
5  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
6  Ваут Пулс (ХОЛ) Вакансолел-ДКМ и.в.
7  Стефано Гарцели (ИТА) Аква & Сапоне и.в.
8  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк и.в.
9  Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото и.в.
10  Тијаго Машадо (ПОР) Тим РадиоШек и.в.
Генерален пласман по етапа 6
Возач Екипа Време
1  Кедел Еванс (АВС) Сина маичка БМЦ Рејсинг Тим 27ч 26' 33"
2  Микеле Скарпони (ИТА) Црвена маичка Лампре-ИСД + 9"
3  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 12"
4  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк + 15"
5  Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 21"
6  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 24"
7  Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 33"
8  Тијаго Машадо (ПОР) Тим РадиоШек + 42"
9  Томас Лефквист (ШВЕ) Тим Скај + 46"
10  Марко Пиноти (ИТА) ХТЦ-Хајроад + 46"

Етапа 7[уреди | уреди извор]

15 март 2011 — Сан Бенедето дел Тронто, 9,3 км, индивидуален хронометар (ITT)
Резултат од етапа 7
Возач Екипа Време
1  Фабијан Канчелара (ШВА) Леопард Трек 10' 33"
2  Ларс Бом (ХОЛ) Рабобанк + 9"
3  Адријано Малори (ИТА) Лампре-ИСД + 19"
4  Рик Фленс (ХОЛ) Рабобанк + 20"
5  Берт Грабш (ГЕР) ХТЦ-Хајроад + 22"
6  Марко Пиноти (ИТА) ХТЦ-Хајроад + 24"
7  Себастјен Роселер (БЕЛ) Тим РадиоШек + 24"
8  Џонатан Кастровјехо (ШПА) Еускалтел-Еускади + 25"
9  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк + 27"
10  Ник Нујенс (БЕЛ) Саксо Банк-СанГард + 28"
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Кедел Еванс (АВС) Сина маичка БМЦ Рејсинг Тим 27ч 37' 37"
2  Роберт Гесинк (ХОЛ) Бела маичка Рабобанк + 11"
3  Микеле Скарпони (ИТА) Црвена маичка Лампре-ИСД + 15"
4  Иван Басо (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 24"
5  Винченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 30"
6  Марко Пиноти (ИТА) ХТЦ-Хајроад + 39"
7  Тијаго Машадо (ПОР) Тим РадиоШек + 42"
8  Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-ИСД + 50"
9  Филип Жилбер (БЕЛ) Омега Парма-Лото + 57"
10  Томас Лефквист (ШВЕ) Тим Скај + 58"

Поредок[уреди | уреди извор]

На Тирено-Адријатико 2011 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и одземајќи ги временските бонуди на средните спринтови и на завршниците на етапите, предводникот ја добивал сината маичка. Овој пласман бил сметан за најважен и победникот бил сметан за победник на самата трка.

Дополнително постоел бодовен пласман, на кој се доделувала црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите десет места на етапите. Етапната победа носела 12 бодови, второто место носело 10 бодови, третото 8 бодови и по еден бод помалку за секое место подолу, сè до еден бод за десеттото место. Исто така, првите четворица возачи на средните спринтови добивале 5, 3, 2 и 1 бод.

Постоел и планинскиот пласман, кој бил претставен преку зелената маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку возачот стигне пред другите на врвот на искачувањето. Постоеле шеснаесет искачувања на трката. За разлика од другите трки, искачувањата не биле поделени во категории — секое искачување носело ист број на бодови за првите петорица преку врвот.

Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, на кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил пресметуван на ист начин како генералниот пласман, но учествувале само возачите родени по 1 јануари 1986 година.[3]

Исто така, постоел и екипен пласман, во кој се натпреварувале самите екипи.

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey blue.svg
Бодовен пласман
Jersey red.svg
Планински пласман
Jersey green.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
1 Рабобанк Ларс Бом недоделена недоделена Роберт Гесинк Рабобанк
2 Тајлер Фарар Тајлер Фарар Тајлер Фарар Хавиер Арамендија
3 Хуан Хосе Аедо
4 Микеле Скарпони Роберт Гесинк Ликвигас-Канондејл
5 Филип Жилбер Кедел Еванс Давиде Малакарне
6 Кедел Еванс Микеле Скарпони
7 Фабијан Канчелара
На крај
Кедел Еванс Микеле Скарпони Давиде Малакарне Роберт Гесинк Ликвигас-Канондејл

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кедел Еванс победи на „трката на двете мориња“ по победата на хронометар на Фабијан Канчелара“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 15 март 2011 (посет. 15 март 2011 г).
  2. 2,0 2,1 Еванс победи на Тирено, Канчелара освои етапа“, „Yahoo! Sports“, Yahoo!, 15 март 2011 (посет. 15 март 2011 г).
  3. Tirreno–Adriatico Regulation