Жан Кристоф Перо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жан Кристоф Перо
Перо на Тур де л’Ен 2014
Лични податоци
Цело име Жан Кристоф Перо
Роден 22 мај 1977 (1977-05-22) (воз. 39 г.)
Тулуза,  Франција
Висина 1,72 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Планински и друмски велосипедизам
Улога Возач
Аматерски клубови
1999–2005
2006–2009
СКО Дижон
Кресо Сајклинг
Професионални клубови
2010
2011-2016
Омега Парма-Лото
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Етапни трки
Критериум Интернасинал (2014, 2015)
Еднодневни трки и класици
MaillotFra.PNG Национален хронометарски првак (2009)
Последна промена
3 јануари 2017

Жан Кристоф Перо (француски: Jean-Christophe Péraud; р. 22 мај 1977 во Тулуза) — поранешен француски професионален планински и друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата Аг2р-Ла Мондијал. Бил член од француската репрезентација на Летните олимписки игри 2008. Професионално настапувал од 2010 до 2016 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Настапувајќи на Летните олимписки игри 2008 во пекинг го освоил сребрениот медал на машката крос-кантри трка.[1] Во јуни 2009 станал изненадувачки победник на француското национално хронометарско првенство.[2] Ова довело да потпише со UCI World Tour екипата Омега Парма-Лото за сезоната 2010, за да го зголеми нивното хронометарско присуство на етапните трки. Моментално вози за Аг2р-Ла Мондијал, со кого го постигнал 2. место на Критериум Интернасионал 2011 и 9. место на Тур де Франс 2011. Паднал во последната недела на Тур де Франс 2013 во текот на хронометарот на два километра пред крајот, возејќи со фрактура на клучната коска здобиена во мината несреќа истото утро. Перо бил повторно деветти во генералниот пласман пред несреќата зад предводникот на трката Крис Фрум.

Во 2014 година, Перо го освоил Критериум Интернасионал во март. Исто така, забележал солидни резултати помеѓу првите пет на Тирено-Адријатико, на Волта ао Алгарве и на Трката околу Баскија. По ова, Перо имал одличен настап на Тур де Франс 2014, каде завршил на второто место во генералниот пласман. Тој и Тибо Пино станале првите Французи на подиум на Тур де Франс од 1997 година.

Во 2015 година, Перо ја повторил својата победа на Критериум Интернасионал со освојување на последната етапа. Го освоил генералниот пласман со разлика од десет секунди од сонародникот Тибо Пино. „На почетокот, мислев дека ќе му помагам на (колегата) Алекси Вијермоз. Но, нападнав и се најдов сам“, изјави Перо. „Оваа победа е важна по тешки времиња и две операции оваа зима“.[3]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2009
1. MaillotFra.PNG Национален хронометарски првак
2010
4. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
9. Краен пласман Париз-Ница
2011
2. Краен пласман Трка околу Медитеранот
6. Краен пласман Париз-Ница
6. Краен пласман Критериум Интернационал
9. Краен пласман Тур де Франс
2013
2. Краен пласман Медитеранска трка
1. Етапа 4
3. Краен пласман Париз-Ница
5. Краен пласман Критериум Интернасионал
6. Краен пласман Тур де Романди
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Критериум Интернасионал
2. Краен пласман Медитеранска трка
1. Етапа 5
2. Краен пласман Тур де Франс
3. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
5. Краен пласман Тур де л’Ен
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Етапа 3
2016
9. Краен пласман Џиро дел Трентино

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро СО
Jersey yellow.svg Тур 9 44 СО 2 61
Jersey red.svg Вуелта 39 13

СО = се откажал; — = не учествувал

Други поголеми етапни трки[уреди | уреди извор]

Трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Париз-Ница 8 6 90 3 СО
Тирено-Адријатико 4 24
Волта а Каталуња
Трка околу Баскија 4 60 4 17 3
Тур де Романди СО 40 96 6 32
Критериум ду Дофине СО 7 68 37
Тур де Свис 13 56

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]