Прејди на содржината

Камерон Вурф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Камерон Вурф
Лични податоци
Цело имеКамерон Вурф
Роден3 август 1983(1983-08-03)(40 г.)
Сенди Беј, Тасманија, Австралија
Висина1,83 м
Маса71 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
2007
2008
Бисел
Чинели ОПД
Професионални клубови
2008
2009
2010
2011
2012
2013–2014
2017
2020-
Фолксбанк
Фуџи-Сервето
Андрони Џокатоли
Ликвигас-Канондејл
Чемпион Систем
Канондејл
Сајленс Про Сајклинг
Тим Инеос
Последна промена
18 октомври 2022
Камерон Вурф на Тре Вали Варезине 2010

Камерон Вурф (англиски: Cameron Wurf; р. 3 август 1983) — австралиски професионален триатлонец и друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1] Тој бил национален првак и бил олимписки веслач и ја претставувал Австралија на Летните олимписки игри 2004 во дисциплината лесни парни двојки за мажи под 23 години.[2]

Вурф е роден во Хобарт, Вурф учел во училиштето „Хатчинс“ во Хобарт, каде започнал со веслање. Го освоил државното првенство во 2001 година.[3]

На 18 години, Вурф ја претставувал Австралија во дисциплината четворки без кормилар на Светското јуниорско првенство во веслање 2001 година во Дисбург, Германија, каде австралискиот екипаж завршил седми.[4] Потоа на Светското првенство во 2003 година во Белград настапил во дисциплината лесни четворки без кормилар, каде го освоил златниот медал.[4]

Од 2004 до 2006 година, Вурф бил избран да ја претставува Тасманија во лесна четворка без кормилар на купот Пенрит на меѓудржавната регата во рамки на Австралиското првенство во веслање. Сите три од тасманиските екипажи биле победоносни[5]

На Летните олимписки игри 2004, Вурф настапил во дисциплината лесни парни двојки и завршил на шеснаесеттото место.[4][6] Продолжил да ја претставува Австралија на највисоко ниво во веслање до 2006 година, кога настапил на светското првенство. На Светското првенство 2005 во Гифу настапил во дисциплината лесни парни двојки освојувајќи го дванаесеттото место, а на првенството во Итон Дорни во 2006 година настапил во двојки без кормилар, освојувајќи го четвртото место. Тоа бил последен репрезентативен настап во веслање за Вурф.[4]

Велосипедизам

[уреди | уреди извор]

Вурф ја напуштил екипата Чемпион Систем на крајот на сезоната 2012, приклучувајќи се на екипата на почетокот на сезоната[7] – и се приклучил на Канондејл за сезоната 2013.[8]

Во февруари 2015 година, откако завршил трет на хронометарот на друмските првенства на Океанија во 2015 година, Вурф објавил дека ќе земе слободна година од професионалниот велосипедизам, објаснувајќи дека повеќе не се пронаоѓал во спортот.[9]

Триатлон

[уреди | уреди извор]

Во периодот на слободна година, Вурф настапил во триатлон, завршувајќи деветти во генералниот пласман и ја освоил својата возрасна група (30-34) на неговото деби во ајронмен во Вислер во јули 2015 година.[10]

Вурф го имал својот прв професионален триатлонски настап на првенствата на Азија и Пацифик во ајронмен во Кернс во јуни 2016 година.[11] Во декември 2016 година објавил дека ќе настапува за Сајленс Про Сајклинг во сезоната 2017, комбинирајќи го велосипедизмот со настапите во ајронмен.[12] Меѓутоа, настапил само на националните друмски првенства за својата екипа.[12]

Во 2022 година било објавено дека Вурф ќе го има својот прв настап во Супер триатлонската лига во Малибу. Таму завршил на 18. место, откако бил елиминиран во првата етапа, меѓутоа изразил интерес да се врати во лигата во иднина.[13]

Враќање во велосипедизам

[уреди | уреди извор]

На 31 јануари 2020 година, Вурф потпишал со Тим Инеос за да го пополни местото на неодамна пензионираниот Васил Кириенка.[14]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2007
1. Игри на Океанија - поединечен хронометар
1. Хроно Шампеноа
9. Краен пласман Хералд Сан Тур
2011
5. Краен пласман Трка околу Турција
2012
2. Краен пласман Трка околу езерото Кукунор
4. Краен пласман Трка околу Кина II
7. Краен пласман Трка околу Јапонија
2014
2. Краен пласман Хералд Сан Тур
8. Краен пласман Трка околу Тајван
2015
Друмски првенства на Океанија
3. Хронометар
6. Друмска трка

Распоред на резултатите на големите трки

[уреди | уреди извор]
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Џиро 77 128
Тур не настапил во текот на својата кариера
Вуелта 99 95

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. „Ineos Grenadiers“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
  2. Гурин, Ендру (28 март 2012). „Олимписки игри Атина 2004“. History of Australian Rowing. Архивирано од изворникот на 2018-07-01. Посетено на 28 март 2012.
  3. „Aust Cships Schoolboy Scull History at Guerin Foster“. Архивирано од изворникот на 17 February 2011. Посетено на 29 May 2018.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Wurf at World Rowing
  5. „2006 Austn Rowing C'ships at Guerin Foster“. Архивирано од изворникот на 5 May 2018. Посетено на 29 May 2018.
  6. Guerin, Andrew (28 March 2012). „Olympic Games—Athens 2004“. History of Australian Rowing. Архивирано од изворникот на 1 July 2018. Посетено на 28 March 2012.
  7. Aubrey, Jane (14 February 2012). „New role for Wurf at Champion System“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 14 February 2012.
  8. Обри, Џејн (30 август 2012). „Wurf to take lessons learnt into 2013 with Brixia Sport“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 септември 2012.
  9. Shaw, Rob (13 February 2015). „Wurf to take a year out“. The Examiner. Посетено на 5 July 2016.
  10. Smith, Adam (7 September 2015). „Time off brings future into focus for Cameron Wurf“. The Mercury. Посетено на 5 July 2016.
  11. Hepenstall, Ian (12 June 2016). „Swallow and Van Berkel Claim Asia-Pacific Honors“. World Triathlon Corporation. Архивирано од изворникот на 14 June 2016. Посетено на 5 July 2016.
  12. 12,0 12,1 Woodpower, Zeb (6 December 2016). „Wurf's Cylance deal to facilitate his Ironman aspirations“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 31 January 2020.
  13. Leitch, Adam (2022-09-20). „Cameron Wurf Wants Super League Triathlon Return After Tough Debut“. Super League Triathlon (англиски). Посетено на 2022-10-06.
  14. „Team Ineos announce signing of Cameron Wurf“. Cyclingnews.com. Future plc. 31 January 2020. Посетено на 31 January 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]