Салваторе Пучо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Салваторе Пучо
Пучо на Шелдепрејс 2015
Лични податоци
Цело име Салваторе Пучо
Роден 31 август 1989 (1989-08-31) (29 г.)
Менфи,  Италија
Висина 1,82 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за класици
Аматерски клубови
2008
2009–2010
2011
Монсуманезе
Бедоњи Граси Наталини Анико
Хопла Трак ИТ
Професионални клубови
2012– Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 ТТТ етапа (2013)
Вуелта а Еспања
1 ТТТ етапа (2016)
Последна промена
9 март 2018

Салваторе Пучо (италијански: Salvatore Puccio; р. 31 август 1989) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Салваторе Пучо на првата (хронометар) етапа на Трката околу Словенија 2015.

Се приклучил на Тим Скај во сезоната 2012, по успешната сезона 2011 кога победил на Трката околу Фландрија во категоријата под 23 години.[2][3]

Пучо го имал своето деби на некоја голема трка на Џиро д’Италија 2013. Откако екипата Тим Скај го освоила екипниот хронометар на втората етапа, Пучо го преземал водството на трката и ја носел розевата маичка на третата етапа, откако бил највисоко пласиран возач од Тим Скај на првата етапа.[4]

Пучо ќе ја започне сезоната 2018 со настап на Тур Даун Андер 2018.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Етапа 2 Џиро дела Тоскана (јуниори)
2010
5. ГП Претола
5. ГП Сан Џузепе
6. ГП Индустри дел Мармо
9. Трофео Едил Ц
2011
1. Ронде ван Вландерен Белофтен
2. ГП Претола
2. Џиро дел Белведере ди Вила ди Кордињано
2. ГП Палио дел Речото
4. Трофео Банка Пополаре Пива
4. Краен пласман Џиро дела Тоскана
1. Етапа 3
5. Гп Каподарко
2012
6. Трофео Деја
2013
1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија
2014
8. Гран Премио Чита ди Камаиоре
2015
7. Краен пласман Трка околу Словенија
2016
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2013 2014 2015 2016 2017
Jersey pink.svg Џиро д’Италија 73 98 68 86
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта СО 77 121 78

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cycling Weekly (2 јануари 2012). „Пучо потпиша за Скај“. Cyclingweekly.com. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/529977/sky-signs-italian-prospect-salvatore-puccio.html. посет. 2 јануари 2012 г. 
  2. Puccio wins U23 Flanders“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 април 2011 (посет. 6 јануари 2012 г).
  3. Salvatore Puccio remporte le Tour des Flandres Espoirs 2011“, „Трка околу Фландрија“, Flanders Classics NV, 11 април 2011 (посет. 6 јануари 2012 г). (на француски)
  4. Тим Скај го освои екипниот хронометар“, „BBC Sport“, BBC, 5 мај 2013 (посет. 6 мај 2013 г).
  5. Team sky team for Tour down under“, Cyclingnews.com, 8 јануари 2018 (посет. 8 јануари 2018 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]