Ричи Порт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ричи Порт
Лични податоци
Цело име Ричард Џулијан Порт[1]
Прекар Тасмански ѓавол
Риба
Роден 30 јануари 1985 (1985-01-30) (воз. 33 г.)
Лонсестон, Тасманија, Австралија Австралија
Висина 1,72 м[2]
Маса 62 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клуб БМЦ Рејсинг Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2009 Бедоњи Граси Наталини
Професионални клубови
2008–2009
2010–2011
2012–2015
2016-
Пратис
Тим Саксо Банк
Тим Скај
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2010)
Етапни трки
Париз-Ница (2013, 2015)
Волта а Каталуња (2015)
Тур де Романди (2017)
Тур Даун Андер (2017)
Џиро дел Трентино (2015)
Волта ао Алгарве (2012)

Еднодневни трки и класици

MaillotAustralia.PNG Национален хронометарски првак (2015)
Последна промена
7 мај 2018

Ричард Џулијан „Ричи“ Порт (англиски: Richard Julian "Richie" Porte; р. 30 јануари 1985 во Лонсестон, Тасманија) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата БМЦ Рејсинг Тим.

Во неговата прва година на ProTour ниво, Порт го освоил пласманот на млад возач на Џиро д’Италија 2010 и се прославил на неколку етапни трки. Порт се преместил во Тим Скај за сезоната 2012 и набрзо потоа победил на Волта ао Алгарве 2012.[3] Во 2013 година, Порт ја остварил својата најголема победа, со освојување на две етапи и генералниот пласман на Париз-Ница 2013. Му бил главен помошник на Крис Фрум при неговата победа на Тур де Франс 2013. Следната година Порт го преземал водството на Тим Скај во текот на Тур де Франс 2014, откако Фрум паднал на трката.

Во 2015 година по освојувањето на националното хронометарско првенство, Порт освоил две етапи како и генералниот пласман на Париз-Ница, освојувајќи ја трката по втор пат во три години.[4][5][6]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Порт започнал со велосипедизам во 2006 година на 21 година. Претходно настапувал на триатлон, со активни трки од 2003 година. Претходно се натпреварувал во пливање.[7] Порт возел за екипата Тим УниСА-Австралија на Тур Даун Андер 2008 и завршил деветти во генералниот пласман. Возел со тасманската континентална екипа, Пратис, во 2008 и 2009 година, освојувајќи го петтото место на Хералд Сан Тур 2008 и победувајќи на Трките околу Перт и Тасманија. Порт се издигнал во аматерската италијанска трка во 2009 година, завршувајќи десетти на Тур де Лангкави 2009. Неговиот резултат на Џиробио 2009, каде го освоил индивидуалниот хронометар, му го донело вниманието на професионалните екипи.

2010[уреди | уреди извор]

Порт во белата маичка на Џиро д’Италија 2010

На крајот на сезоната 2009 потпишал двегодишен договор со Тим Саксо Банк. Неговиот тренер во Тим Саксо Банк бил сонародникот Бредли Мекги.[8] Мекги е поранешен професионален велосипедист и светски велодромски првак, кој го освоил олимпискиот златен медал во 2004 година и 3 етапи на големите трки.[9]

Во март, Порт го освоил хронометарот на четвртата етапа на Тур де Романди, завршувајќи десетти на крајот.[10] Прв пат настапил на некоја голема трка на Џиро д’Италија 2010 каде завршил седми во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач, со разлика од 7 минути и 29 секунди пред Роберт Кишерловски, обезбедувајќи го своето место како возач на иднината. Исто така бил предводник на трката на етапите 11-13 и ја носел розевата маичка. Во јули, Порт завршил десетти на Класика де Сан Себастијан и имал низа други силни резултати; втор на хронометарот на петтата етапа на Пост Данмарк Рунт,[11] четврти на Енеко Тур[12] и четврти на Трката околу Британија.[13] За малку го пропуштил бронзениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство UCI 2010, одржано во Австралија; завршил на четвртото место, шест и пол секунди зад третопласираниот, Германецот Тони Мартин.

2011[уреди | уреди извор]

Иако сезоната 2011 му донела помал индивидуален успех на Порт, иако бил главен помошник на Алберто Контадор во победата на Џиро д’Италија, Порт продолжил со неговите силни хронометарски резултати; завршувајќи трет на Париз-Ница[14] и осми на Трката околу Баскија.[15] Потоа, Порт ја освоил четвртата етапа на Вуелта а Кастилја и Леон[16] по дисквалификацијата на Контадор. Потоа, Порт се нашол трет на хронометарот на Џиро д’Италија[17] и четврти на хронометарот на Тур де Франс.[18] Потоа, Порт го освоил хронометарот на петтата етапа на Пост Данмарк Рунт, со разлика од десет секунди пред колегата, Густав Ларсон.[19] Потоа, Порт ја завршил неговата сезона на шестото место на Светското хронометарско првенство.

2012[уреди | уреди извор]

Порт се приклучил во Тим Скај за сезоната 2012.[20] Во јануари 2012, Порт настапил на националните првенства, каде завршил како трети на друмската трка,[21] и петти на индивидуалниот хронометар неколку дена подоцна.[22] Во февруари 2012, Порт го презел водството на Волта ао Алгарве по освојувањето на кралската етапа на трката.[23] Го одржал водството до крајот на трката, на крајот завршувајќи 37 секунди пред бранителот на трката, Тони Мартин.[3] Потоа, Порт работел за Бредли Вигинс на Париз-Ница, помагајќи му да ја освои трката. Порт бил клучниот член на екипата Скај, која му помогнала на Вигинс за победата на Тур де Романди, Критериум ду Дофине и Тур де Франс. Потоа, Порт возел на Вуелта а Еспања како поддршка на Крис Фрум и го зазел второто место на етапата 20.

2013[уреди | уреди извор]

Порт во водечката жолта маичка на седмата етапа на Париз-Ница 2013

Во отсуство на Вигинс и Фрум, Порт бил избран за водач на Тим Скај на Париз-Ница 2013. Ја освоил петтата етапа на трката, кралската етапа на трката, со напад на Монтањ де Лур и го преземал водството на трката од возачот на Гармин-Шарп Ендру Талански. Исто така, Порт го освоил завршниот хронометар на Кол д’Ез со предност од 23 секунди пред Талански и ја запечатил крајната победа со разлика од 55 секунди. Времето на Порт било само за четири секунди помало од рекордот на патеката, поставено од Вигинс претходната година.[24]

Добрата форма на Порт продолжила на Критериум Интернасионал 2013, каде го освоил хронометарот на втората етапа.[25] Второто место на последната планинска етапа не било доволно да го спречи етапниот победник и негов колега Крис Фрум во освојување на генералниот пласман, но му го обезбедил на Порт бодовниот пласман и второто место во генералниот пласман.[26]

Порт бил повторно предводник на Тим Скај на Трката околу Баскија 2013. Порт забрзал и се одвоил во последниот километар на етапата 5 од мала група на возачи, вклучувајќи го водачот на трката и негов колега Серхио Енао, и ја освоил етапата. На шестата и последна етапа, индивидуален хронометар, Порт не можел да се избори со Наиро Кинтана на нерамниот терен, но успеал да дојде до второто место во генералниот пласман, пред Енао. Порт се вратил како помошник за Крис Фрум на Тур де Романди. Му помогнал на Фрум да победи на трката и завршил осми во генералниот пласман. Порт и Фрум потоа настапиле на Критериум ду Дофине на почетокот на јуни. Порт бил петти во генералниот пласман по хронометарот на етапата 4, а на следната етапа му помогнал на Фрум да го преземе водството на трката преку поставување силно темпо со цел да отпадне Роан Денис, пред Фрум да нападне за победа на етапата. Порт се искачил на второто место во генералниот пласман, 52 секунди зад неговиот предводник. Фрум му дозволил на Порт да нападне на седмата етапа, иако тој успеал само една секунда да земе во однос на другите возачи. На завршната осма етапа, Фрум и Порт јасно се одвоиле од останатите на последното искачување и само Ендру Талански можел да ги следи, со што ја обезбедиле 1-2 победата во генералниот пласман.

Порт настапил на Тур де Франс како суперпомошник за Фрум. На осмата етапа — првата планинска етапа — Питер Кенох и потоа Порт успеале да ги откачат повеќето кандидати за генерален пласман и го достигнале раниот напад на Наиро Кинтана на последното искачување пред Фрум да нападна и да ја освои етапата и водството во трката. Порт успеал да заврши втор на етапата, 51 секунда зад Фрум, искачувајќи се на второто место во генералниот пласман.[27][28] Меѓутоа, на наредната етапа Порт достигнал бројни рани напади на возачи од Мовистар Тим, Гармин-Шарп и Тим Саксо-Тинкоф, оставајќи го Фрум целосно сам во поголемиот дел од етапата. Порт изгубил над десет минути и излегол од генералниот пласман, иако Фрум успеал да не изгуби многу време стигнувајќи ги Алехандро Валверде и Кинтана.[29] На петнаесеттата етапа, Порт повторно му помогнал на Фрум, кој победил на Мон Венту.[30] На осумнаесеттата етапа — која завршувала на Алп д’Ез — помошта на Порт се покажала клучна за Фрум, откако Фрум западнал во проблеми при крајот на етапата; Порт се вратил до автомобилот на екипата и покрај забраната да му донесе енергетски гелови на неговиот предводник, а потоа му давал темпо за да ја намалат разликата во однос на Кинтана и Хоаким Родригез. И двајцата, Порт и Фрум, добиле 20 секунди казна, како и 200 швајцарски франци за нарушување на правилата.[31] Фрум на крајот победил со разлика од четири минути и 20 секунди пред Кинтана, додека Порт завршил на 19. место во генералниот пласман.

2014[уреди | уреди извор]

Откако завршил трет зад Сајмон Геранс и Кедел Еванс на националното друмско првенство, Порт ја започнал неговата сезона 2014 на домашната трка, Тур Даун Андер. Ја освоил претпоследната петта етапа,[32] и завршил четврти во генералниот пласман на последната етапа.[33] Потоа, Порт завршил втор на трката Вуелта а Андалусија. Сезоната на Порт тргнала во надолна линија завршувајќи на 22. место на Критериум ди Дофине.[34] Потоа, Порт не учествувал на Тирено-Адријатико[35] и не успеал да заврши на: Тур де Романди,[36] Лиеж-Бастон-Лиеж,[37] Волта а Каталуња,[38][39] а потоа го преземал водството на Тим Скај поради отсуството на Крис Фрум и завршил на 23. место на Тур де Франс.[40] Потоа, Порт не успеал да заврши на Ватенфал Класик[41] како и на ГП Западна Франција[42] што довело да ја заврши сезоната порано откако му бил пронајдено пневмонија.[43]

Пред Тур де Франс 2014, Порт открил го подобрил времето на колегата Крис Фрум на познатото искачување Кол де ла Мадон близу Монте Карло. Порт го завршил искачувањето за 29 минути и 40 секунди, подобрувајќи го времето на Фрум за 29 секунди.[44]

2015[уреди | уреди извор]

Порт во неговиот дрес како австралиски првак

Порт ја започнал сезоната 2015 со успех, освојувајќи победа на националното хронометарско првенство.[45][46] Како и претходната сезона, Порт остварил победа на кралската етапа на Тур Даун Андер што му го донело второто место во генералниот пласман.[47][48] Потоа, Порт се вратил во Европа на Волта ао Алгарве, каде повторно ја освоил кралската етапа и оваа етапна победа му го донела четвртото место во генералниот пласман зад колегата Герајнт Томас, како и освојувањето на планинскиот пласман.[49] Следна победа на Порт била на Париз-Ница каде тој и колегата Томас однеле победа еден-два на врвот Кроа де Шобуре.[50] И покрај тоа што ги изгубил шансите за освојување на водството во трката по падот на претпоследната етапа на трката, победата на завршниот хронометар (повторно на Кол д’Ез), со разлика од 13 секунди од најблискиот соперник, му донела втора победа на трката во изминатите три сезони.[51][52][53] Следна победа на Порт стигнала кон крајот на март кога ја обезбедил победата на Волта а Каталуња. И покрај не освојувањето на етапата, Порт ја освоил трката со разлика од четири секунди од Алехандро Валверде, по освојувањето на два пласмани во првите пет на одлучувачките етапи.[54] Кон крајот на април, Порт ја забележал третата победа во сезоната, освојувајќи ја четиридневната етапна трката Џиро дел Трентино, како подготовка за Џиро д’Италија.[55] Порт ја освоил одлучувачката етапна победа на кралската етапа до Брентонико[56] со разлика од 24 секунди пред најблискиот соперник, Микел Ланда. Порт го задржал водството до завршницата во Клес.[57] Така, станал првиот возач кој победил на Париз-Ница, Волта а Каталуња и Џиро дел Трентино во една сезона.

На Џиро д’Италија, Порт покренал внимание откако имал караван во кој спиел како предводник на екипата додека другите колеги спиеле во хотели.[58] Се држел добро во првата недела на трката и се наоѓал на третото место по деветтата етапа. Меѓутоа, на десеттата етапа му се дупнала гума на пет километри од целта и прифатил тркала од Сајмон Кларк од друга екипа, (Орика-ГринЕЏ). Порт првично изгубил 47 секунди од главната група, но потоа бил казнет со две минути и 200 швајцарски франци за прифаќањето на тркалото од Кларк бидејќи оваа постака е нелегално по правилата на UCI, поради што паднал на 12. место во генералниот пласман.[59] На тринаесеттата етапа, Порт бил вклучен во пад на 3,3 километри од завршницата на етапата и загубил дополнителни две минути.[60] Порт имал лош индивидуален хронометар на четиринаесеттата етапа и уште полоша петнаесетта етапа, каде загубил 27 минути од тогашниот предводник Алберто Контадор. По дебаклот го предал водството на екипата на Леополд Кениг.[61] По гореспоменатата етапа објавил дека ја напушта трката поради повреда на ногата.[62]

По Џиро, Порт бил вклучен во екипата на Скај за Тур де Франс 2015 како главен помошник на Крис Фрум. Одиграл клучна улога во крајната победа на Фрум на трката, особено во текот на првата планинска етапа, десетта етапа, каде Порт не само што го извел крајниот напад кој му овозможил на Фрум да ја започне одлучувачкиот напад, туку се опоравил и го претекнал Наиро Кинтана на крајот и пристигнал втор зад Фрум, зголемувајќи го водството пред Кинтана поради бонус секундите. Во текот на завршната планинска етапа, дваесетта етапа, каде Фрум имал сериозни потешкотии на долгото искачување, а Наиро Кинтана агресивно напаѓал напред, Порт бил последниот возач на Скај кој влечел напред и го одржувал Фрум на искачувањето, дозволувајќи му да ги ограничи неговите загуби и да го обезбеди водството и жолтата маичка, стигнувајќи до втората победа на Тур.[63][64] Во текот на Тур, Порт потврдил дека ќе ја напушти екипата на крајот на годината, целејќи да стане екипен предводник на друго место.[65] Подоцна, во август било потврдено од БМЦ Рејсинг Тим.[66]

2016[уреди | уреди извор]

Порт на Тур де Франс 2016, напаѓајќи го поранешниот колега Крис Фрум

Пред сезоната 2016 ги навел Тур де Франс и олимписката друмска трка и хронометарот како негови цели за годината.[67] Ја започнал сезоната силно во Австралија, завршувајќи втор зад новиот колега Роан Денис на националното хронометарско првенство[68] пред да отиде на Тур Даун Андер, каде ја освоил првата победа во боите на БМЦ со освојување на петтата етапа до Вилунга Хил трета година по ред[69] и завршил втор во генералниот пласман.[70] Подоцна, имал проблеми на Трката околу Оман во февруари, губејќи над три минути во однос на предводниците на секоја од првите две етапи,[71] пред да се врати назад во Европа, освојувајќи го третото место во генералниот пласман на Париз-Ница по нападот на последното искачување на завршната етапа заедно со Алберто Контадор[72] по што следело четвртото место на Волта а Каталуња.[73] По третото место на Париз-Ница, Порт поминал една недела како светски број 1, во рамките на новосоздадениот систем.[74][75] Порт целел на Тур де Франс, но изгубил време уште рано во трката поради механички проблем на втората етапа. Се покажал добро на планините и на хронометрите, завршувајќи на крајот петти, негов најдобар резултатите на големите трки досега.[76]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Краен пласман Тур оф Брајт
1. Етапа 1
1. Етапа 2
2008
1. Краен пласман Тур де Перт
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Краен пласман Трка околу Тасманија
1. Етапа 7
1. Етапа 9
1. Етапа 2 Трка околу Велингтон
5. Краен пласман Хералд Сан Тур
9. Краен пласман Тур Даун Андер
2009
1. ГП Чита ди Фелино
1. Етапа 2 Џиро дел Фурланија-Јулиска краина
1. Етапа 4 (ITT) Џиробио
3. Национално хронометарско првенство
3. Копа дела Паче
4. Џиро Вали Аретине
10. Краен пласман Тур де Лангкави
2010
4. Краен пласман Трка околу Британија
4. Краен пласман Енеко Тур
4. Светско хронометарско првенство
7. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
Ја носел Jersey pink.svg розевата маичка на етапите 11–13
10. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3 (ITT)
10. Класика де Сан Себастијан
2011
1. Етапа 4 (ITT) Вуелта а Кастилја и Леон[N 1]
1. Етапа 5 (ITT) Трка околу Данска
6. Светско хронометарско првенство
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 3
3. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Тур де Романди
4. Краен пласман Трка околу Баварија
9. Краен пласман Критериум ду Дофине
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 5
1. Етапа 7 (ITT)
2. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2 (ITT)
2. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 5
2. Краен пласман Критериум ду Дофине
3. Bronze medal blank.svg Светско друмско првенство - Екипен хронометар
8. Краен пласман Тур де Романди
2014
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
3. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
2015
1. MaillotAustralia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 4
1. Етапа 7 (ITT)
1. MaillotVolta.png Краен пласман Волта а Каталуња
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
4. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Jersey blue.svg Планински пласман
1. Етапа 4
2016
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
2. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Париз-Ница
4. Краен пласман Волта а Каталуња
4. Краен пласман Критериум ди Дофине
5. Краен пласман Тур де Франс
2017
1. Jersey orange.svg Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 7 Париз-Ница
2. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 4 (ITT)
2018
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Тур де Романди

Распоред на резултатите[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро 7 81 СО
Jersey yellow.svg Тур 72 89 19 23 48 5 СО
Jersey red.svg Вуелта 68
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey yellow.svg Париз-Ница СО 22 68 1 1 3 11
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико СО
MaillotVolta.png Волта а Каталуња СО СО 1 4
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија 127 2 СО
Jersey yellow.svg Тур де Романди 10 121 4 8 СО СО 1 3
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 9 2 22 4 2
Jersey yellow.svg Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи и забелешки[уреди | уреди извор]

Забелешки
  1. Ретроактивно награден откако резултатите на Алберто Контадор биле повлечени по двегодишната забрана во февруари 2012.[77][78]
Наводи
  1. Порт победи на ГП Фелино“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 11 август 2009 (посет. 9 март 2012 г).
  2. 2,0 2,1 „Профил на Ричи Порт“. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/riders/sky-procycling/porte-richie.html?xtmc=porte&xtcr=2. 
  3. 3,0 3,1 Бенсон, Даниел. „Wiggins rounds off Sky's dominance in Algarve“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 февруари 2012 (посет. 19 февруари 2012 г).
  4. Ричи Порт до втората победа на Париз-Ница откако Тони Галопен потфрли“, BBC Sport, 15 март 2015.
  5. Ричи Порт победи на завршниот индивудуален хронометар за победа на Париз-Ница“, VeloNews, 15 март 2015.
  6. Австралиецот Ричи Порт победи на Париз-Ница по втор пат“, ABC News (Australia), 15 март 2015.
  7. Гинис, Руперт (17 март 2015). „Пливањето за враќањето на формата на Порт“. http://www.cyclingnews.com/news/swimming-behind-portes-return-to-form. посет. 17 март 2015 г. 
  8. Jean-François Quénet. „Porte secures white jersey and likely top-eight finish“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/porte-secures-white-jersey-and-likely-top-eight-finish. 
  9. Порт ја обезбеди белата маичка и веројатно ќе заврши меѓу првите осум
  10. ProCyclingStats. „Тур де Романди 2010 - Генерален пласман“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race/Tour_de_Romandie_2010. 
  11. ProCyclingStats. „Пост Данмарк Рунт 2010 - Етапа 5 (ITT)“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=108104. 
  12. ProCyclingStats. „Енеко Тур 2010 - Генерален пласман“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race/Eneco_Tour_2010. 
  13. ProCyclingStats. „Трка околу Британија 2010 - Генерален пласман“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race/Tour_of_Britain_2010. 
  14. ProCyclingStats. „Париз-Ница 2011 - Етапа 6 (ITT)“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=109207. 
  15. ProCyclingStats. „Трка околу Баскија 2011 - Етапа 6 (ITT)“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=109421. 
  16. ProCyclingStats. „Вуелта а Кастилја и Леон 2011 - Етапа 4“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=109476. 
  17. ProCyclingStats. „Џиро д’Италија 2011 - Етапа 20 (ITT)“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race/Giro_dItalia_2011_Stage_20_Milano. 
  18. ProCyclingStats. „Тур де Франс 2011 - Етапа 20 (ITT)“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=110686. 
  19. ProCyclingStats. „Пост Данмарк Рунт 2011 - Етапа 5 (ITT)“. procyclingstats.com. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=110881. 
  20. Галагер, Брендан. „Тим Скај потпиша со Ричи Порт од Саксо Банк-Сангард“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 7 септември 2011 (посет. 5 јануари 2012 г).
  21. Richie Porte accepts that last year was part of the learning curve“, „The Australian“, News Limited, 10 јануари 2012 (посет. 10 јануари 2012 г).
  22. Under 23 world champion Durbridge ousts Meyer in Learmonth“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 10 јануари 2012 (посет. 10 јануари 2012 г).
  23. Hymas, Peter. „Porte prevails on Alto do Malhão mountain finish“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 февруари 2012 (посет. 18 февруари 2012 г).
  24. Прајд, Кени (10 март 2013). „Ричи Порт победи на Париз-Ница по победата на завршниот хронометар“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/537324/richie-porte-wins-paris-nice-after-final-time-trial-victory.html. посет. 10 март 2013 г. 
  25. Витни, Џон (22 март 2013). „Porte powers to time trial win in Criterium International“. Cycling News. Future Publisjing Limited. http://www.cyclingnews.com/races/critrium-international-2013/stage-2/results. посет. 23 март 2013 г. 
  26. Вин, Најџел (24 март 2013). „Крис Фрум ја освои последната етапа и победил на Критериум Интернасионал“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/537568/chris-froome-takes-final-stage-and-overall-win-in-criterium-international.html. посет. 24 март 2013 г. 
  27. Вестбај, Мет. „Крис Фрум ја освои осмата етапа и ја презема жолтата маичка во Пиринеите“, „Sky Sports“, BSkyB, 6 јули 2013 (посет. 16 јули 2013 г).
  28. Крис Фрум во жолто по етапната победа“, BBC Sport, 6 јули 2013 (посет. 16 јули 2013 г).
  29. Браун, грегор. „Даниел Мартин победи на деветтата етапа на Тур де Франс додека Крис Фрум се бореше да го задржи водството“, „Cycling Weekly“, IPC Media, 7 јули 2013 (посет. 16 јули 2013 г).
  30. „Крис Фрум ја одбрани жолтата маичка на Мон Венту“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc.. 14 јули 2013. http://velonews.competitor.com/2013/07/news/chris-froome-defends-yellow-from-the-front-on-mont-ventoux_295053. посет. 16 јули 2013 г. 
  31. Крис Фрум го заголеми водството и покрај казната“, „BBC Sport“, BBC, 18 јули 2013 (посет. 27 јануари 2014 г).
  32. Вудпауер, Зеб. „Ричи Порт сам до победа на Тур Даун Андер“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 јануари 2014 (посет. 27 јануари 2014 г).
  33. Вудпауер, Зеб. „Победа на последниот ден за Андре Грајпел на Тур Даун Андер“, „Cyclingnews.com“, Future plc]], 26 јануари 2014 (посет. 27 јануари 2014 г).
  34. http://www.teamsky.com/teamsky/home/event/3486
  35. http://www.teamsky.com/teamsky/home/event/3244
  36. http://www.teamsky.com/teamsky/home/event/3362
  37. „Тим Скај — Лиеж-Бастон-Лиеж“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/event/3358. 
  38. Cycling News. „Ричи Порт ја напушта Каталуња“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/richie-porte-quits-catalunya. 
  39. „Тим Скај — Волта а Каталуња“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/event/3268. 
  40. „Тим Скај — Тур де Франс“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/event/3550. 
  41. „Тим Скај — Ватенфал Класик“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/event/3720. 
  42. „Тим Скај — ГП Западна Франција“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/event/3747. 
  43. Даниел Бенсон. „Richie Porte's self-assessment of his 2014 season“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/features/richie-portes-self-assessment-of-his-2014-season. 
  44. „Faster than Lance: Richie Porte smashes Madone record again“. Cycling Weekly. 19 март 2015. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/faster-than-lance-richie-porte-smashes-madone-record-again-162797. 
  45. „Тим Скај - Порт ја освои австралиската хронометарска титула“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/article/17483. 
  46. Зеб Вудпауер. „2015 започна со победа за Ричи Порт“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/2015-starts-with-a-bang-for-richie-porte. 
  47. „Тим Скај - Порт се уште крал на Вилунга“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/article/18810. 
  48. „Тим Скај - Порт втор на Тур Даун Андер“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/article/18848. 
  49. „Тим Скај - Одличен ден во Алгарве“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/article/26144. 
  50. „Тим Скај - Победа 1-2 на Париз-Ница“. teamsky.com. http://www.teamsky.com/teamsky/home/article/30197. 
  51. „Ричи Порт победи на Париз-Ница“. 15 март 2015. http://www.cyclingnews.com/races/paris-nice-2015/stage-7/results. посет. 15 март 2015 г. 
  52. Австралиецот Ричи Порт победи на Париз-Ница по втор пат“, ABC News (Australia), 15 март 2015.
  53. Ричи Порт и Тим Скај на врвот на Светската турнеја по Париз-Ница“, Cycling Weekly, 16 март 2015.
  54. Стивен Падикомб. „Ричи Порт издржа пред Валверде да ја запечати победата во Каталуња“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 29 март 2015 (посет. 29 март 2015 г).
  55. Кирстен Фратини. „Џиро дел Трентино 2015: Етапа 4 Резултати“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/races/giro-del-trentino-2015/stage-4/results. 
  56. Стивен Фаранд. „Porte takes charge at the Giro del Trentino“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/porte-takes-charge-at-the-giro-del-trentino. 
  57. Стивен Фаранд. „Порт подготвен за Џиро д’Италија со победата на Трентино“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/porte-ready-for-the-giro-ditalia-after-trentino-victory. 
  58. Inside Richie Porte’s Giro d’Italia motorhome“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 18 мај 2015 (посет. 24 мај 2015 г).
  59. Грегор Браун. „Порт казнет две минути и 200 франци за помошта на Орика“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 19 мај 2015 (посет. 24 мај 2015 г).
  60. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/32851585
  61. Стивен Фаранд. „Џиро д’Италија: Кениг го презема водството на Скај откако Порт изгуби 27 минути“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 24 мај 2015 (посет. 24 мај 2015 г).
  62. Ричи Порт го напушта Џиро д’Италија“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 мај 2015 (посет. 25 мај 2015 г).
  63. Tour de France 2015: Chris Froome makes huge statement with stage win“, The Guardian, 14 јули 2015.
  64. Тур де Франс 2015: Chris Froome poised to win Tour with one stage left“, Sydney Morning Herald, 26 јули 2015.
  65. „Ричи Порт потврди дека ќе го напушти Тим Скај на крајот на сезоната“. 13 јули 2015. http://www.theguardian.com/sport/2015/jul/13/richie-porte-confirms-he-will-leave-team-sky. посет. 13 јули 2015 г. 
  66. http://www.cyclingnews.com/news/porte-confirmed-with-bmc-for-2016/
  67. Бенсон, Даниел (8 октомври 2015). „Porte: I didn't leave Team Sky for BMC just to target the Giro d'Italia“. http://www.cyclingnews.com/features/porte-i-didnt-leave-team-sky-for-bmc-just-to-target-the-giro-ditalia/. посет. 29 март 2016 г. 
  68. Вудпауер, Зеб (7 јануари 2016). „Dennis crushes field to claim maiden Australian time trial title“. http://www.cyclingnews.com/races/cycling-australia-road-national-championships-2016/elite-mens-time-trial/results/. посет. 29 март 2016 г. 
  69. Вудпауер, Зеб (24 јануари 2016). „Tour Down Under: Porte wins on Willunga Hill“. http://www.cyclingnews.com/tourdownunder/stage-5/results/. посет. 29 март 2016 г. 
  70. Вудпауер, Зеб (24 јануари 2016). „Simon Gerrans wins the 2016 Tour Down Under“. http://www.cyclingnews.com/tourdownunder/stage-6/results/. посет. 29 март 2016 г. 
  71. Рајан, Бери (17 февруари 2016). „Porte concedes more ground at the Tour of Oman“. http://www.cyclingnews.com/news/porte-concedes-more-ground-at-the-tour-of-oman/. посет. 29 март 2016 г. 
  72. „Porte rides onto podium at Paris-Nice with final-day attacks“. 13 март 2016. http://www.cyclingnews.com/news/porte-rides-onto-podium-at-paris-nice-with-final-day-attacks/. посет. 29 март 2016 г. 
  73. Фотерингем, Аласдер (27 март 2016). „Quintana wins Volta a Catalunya“. http://www.cyclingnews.com/races/volta-ciclista-a-catalunya-2016/stage-7/results/. посет. 28 март 2016 г. 
  74. „Porte moves to top of WorldTour rankings“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/porte-moves-to-top-of-worldtour-rankings/. посет. 2 август 2016 г. 
  75. „Van Avermaet surges to World Rankings lead“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/van-avermaet-surges-to-world-rankings-lead/. посет. 2 август 2016 г. 
  76. Смит, Софи. „Richie Porte gains confidence from fifth-place finish in the Tour de France“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/racing/tour-de-france/richie-porte-gains-confidence-from-fifth-place-finish-in-the-tour-de-france-264631. посет. 2 август 2016 г. 
  77. New winners emerge from Contador's suspension“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 февруари 2012 (посет. 19 февруари 2012 г).
  78. „Вуелта а Кастилја и Леон (ШПА), 16 април 2011 - Етапа 4 (ITT): Замора - Замора“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Infostrada Sports. http://www.uci.infostradasports.com/asp/lib/TheASP.asp?PageID=19006&SportID=102&CompetitionID=20645&EditionID=646547&SeasonID=480&ClassID=1&GenderID=1&EventID=12146&EventPhaseID=0&Phase1ID=660500&Phase2ID=0&Phase3ID=0&PhaseClassificationID=-1&Detail=1&Ranking=0&All=0&TaalCode=2&StyleID=0&Cache=8. посет. 19 февруари 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]