Џиро д’Италија 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џиро д’Италија 2019 Cycling (road) pictogram.svg
GIRO0536 carapaz (48002197537).jpg
Детали за трката
Издание102. Џиро д’Италија
НатпреварувањеСветска турнеја UCI 2019 2.UWT
Етапи21
Датуми11 мај – 2 јуни 2019
Растојание3.486,5 км
ДржавиITA Италија
SMR Сан Марино
ПоаѓалиштеБолоња
ОдредиштеВерона
Екипи22
Возачи на почеток176
Возачи на крај142
Просечна брзина38,726 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникECU Ричард Карапас (Мовистар) Wikidata-logo S.svg
ВторопласиранITA Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида) Wikidata-logo S.svg
ТретопласиранSLO Примож Роглич (Џамбо-Висма) Wikidata-logo S.svg
БодовенGER Паскал Акерман (Бора-Хансгрое) Wikidata-logo S.svg
ПланинскиITA Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо) Wikidata-logo S.svg
СпринтерскиITA Фаусто Маснада (Андрони Џокатоли-Сидермек) Wikidata-logo S.svg
МладинскиCOL Мигел Анхел Лопес (Астана) Wikidata-logo S.svg
БорбеностITA Фаусто Маснада (Андрони Џокатоли-Сидермек) Wikidata-logo S.svg
BreakawayITA Дамијано Чима (Нипо-Вини Фантини-Фезане) Wikidata-logo S.svg
ЕкипенESP Мовистар Wikidata-logo S.svg
◀ 20182020
Документација Wikidata-logo S.svg

Џиро д’Италија 2019 (позната и како Трка околу Италија 2019) — 102. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 11 мај и 2 јуни како дваесет и трети настан во сезоната на Светската турнеја.[1] Таа била прва голема трка во сезоната 2019.

Започнала со поединечен хронометар во Болоња[2], а завршила со уште еден хронометар во Верона.[3] Трката била освоена од Ричард Карапас (Мовистар Тим), кој станал првиот еквадорски возач кој ја освоил Џиро д’Италија.[4] Италијанецот Винченцо Нибали (Бахреин-Мекларен) завршил втор, додека Словенецот Примож Роглич (Џамбо-Висма) завршил на третото место.[5][6] Карапас, исто така, станал втор јужноамерикански возач кој ја освоил Џиро, по Наиро Кинтана во 2014 година.[7]

Паскал Акерман (Бора-Хансгрое) тесно го освоил бодовниот пласман пред Арно Демар (Групама-ФДЖ), додека Дамијано Чима (Нипо-Вини Фантини-Фезане) завршил трет. Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо) го освоил планинскиот пласман откако го предводел на 20 од вкупно 21 етапа на трката, а Мигел Анхел Лопес (Астана) го освоил пласманот за млад возач. Екипниот пласман бил освоен од екипата Мовистар Тим.

Екипи[уреди | уреди извор]

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи. Поради договор помеѓу организаторите RCS Sport и организаторите на италијанскиот друмски куп, една од четирите покани традиционално се доделува на победничката екипа во купот. Така, поканата била доделена на Андрони Џокатоли-Сидермек. На 25 јануари 2019 година, организаторите на трката ги доделиле останатите три покани на Бардијани-ЦСФ, Израел старт-ап нејшн и Нипо-Вини Фантини-Фезане. Сите екипи со покани претходно настапувале на Џиро, а три од четирите екипи настапувале и претходната година. Единствен исклучок бил Нипо-Вини Фантини, чие последно учество на Џиро било во 2016 година.[9] Секоја екипа имала право на осум возачи.

Претставување на екипите се одржало во Болоња на 9 мај, два дена пред воведната етапа.[10]

Екипи од Светската турнеја UCI (18)
  1. FRA АГ2Р Ла Мондијал
  2. KAZ Астана
  3. BRN Бахреин-Мерида
  4. GER Бора-Хансгрое
  5. POL ССС Тим
  6. RSA Дименжн Дата
  7. USA ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг
  8. FRA Групама-ФДЖ
  9. NED Џамбо-Висма
  10. BEL Лото-Судал
  11. AUS Мичелтон-Скот
  12. ESP Мовистар
  13. BEL Декојнинк-Квик Степ
  14. SUI Катјуша-Алпесин
  15. GBR Инеос
  16. GER Санвеб
  17. USA Трек-Сегафредо
  18. UAE ОАЕ Емирати
Професионални континентални екипи (4)
  1. ITA Андрони Џокатоли-Сидермек
  2. ITA Бардијани ЦСФ
  3. ISR Израелска велосипедска академија
  4. ITA Нипо-Вини Фантини-Фезане

Фаворити пред трката[уреди | уреди извор]

Два претходни шампиона на Џиро, Винченцо Нибали (Бахреин-Мекларен) и Том Димулен (Тим Санвеб), се сметале за фаворити за розевата маичка, заедно со Мигел Анхел Лопес (Астана), Микел Ланда (Мовистар Тим), Примож Роглич (Џамбо-Висма) и Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот).

Други возачи за генералниот пласман биле Ричард Карапас (Мовистар Тим), Естебан Чавес (Мичелтон-Скот), Давиде Формоло (Бора-Хансгрое), Јон Исагире (Астана), Боб Јунгелс (Декојнинк-Квик Степ), Рафал Мајка (Бора-Хансгрое), Бауке Молема (Трек-Сегафредо), Бен О’Конор (НТТ Про Сајклинг) и Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин).

Возачи за кои се верувало дека ќе бидат главни фаворити за победи на спринтерските етапи се моменталниот германски првак Паскал Акерман (Бора-Хансгрое), Французинот Арно Демар (Групама-ФДЖ), австралискиот возач Кејлеб Јуан (Лото-Судал), Колумбиецот Фернандо Гавирија (ОАЕ Тим Емирати) и бранителот на бодовниот пласман од 2018 г., Италијанецот Елија Вивијани (Декојнинк-Квик Степ).[11][12]

Рута и етапи[уреди | уреди извор]

Мигел Анхел Лопес во текот на етапата 19, носејќи ја белата маичка како предводникот на пласманот за млад возач

Трката започнала на 11 мај со поединечен хронометар во должина од 8 километри, планински хронометар во градот Болоња. Етапата завршувала на искачување во должина од 2,1 километар до манастирот Мадона ди Сан Лука. Стрмното искачување (просечен наклон 9,7%),[13] кое редовно се користи како завршнува на италијанскиот есенски класик Џиро дел’Емилија, првпат било возено на Џиро во 1956 година и досега се појавило вкупно четири пати.[14][15][16] Потоа, трката се планира да продолжи на југ, каде втората етапа ги преминува Апенините и влегува во Тоскана, чествувајќи го тосканскиот велосипедист Џино Бартали, со етапна завршница во Фучекио. Следната етапа ќе започне во Винчи, прославувајќи ја 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи и завршница во Орбетело, каде ќе биде и почетокот на следната етапа, каде трката ќе ја напушти Тоскана за областа Лацио со етапна завршница во Фраскати. Продолжувајќи на југ, главната група потоа ќе го напушти Фраскати за етапна завршница во Терачина. По краткиот пренос до Касино, трката ќе продолжи со ридска етапа во Апулија на источниот брег, завршувајќи во градот Сан Џовани Ротондо. Потоа, трката ќе продолжи на север, со етапни завршница во Л’Аквила и Пезаро. Со исклучок на воведната етапа, првиот дел на трката се смета подобен за спринтерите и можни бегства. Борбата за генералниот пласман се очекува да започне на поединечниот хронометар на етапата 9 во Сан Марино. Етапата во Сан Марино ќе биде последна пред денот за одмор и само тогаш трката ќе ја напушти Италија.[17][18]

По првиот ден за одмор на 20 мај, возачите имале две рамни етапи со завршници во Модена и Нови Лигуре.[19] Дванаесеттата етапа од Кунео се верувала дека е првата етапа наменета за искачувачите, бидејќи го вклучувала искачувањето Монтозо (1.248 м.н.в.). Релативно кратката (146 км) етапа завршувала со многу кратко, но стрмно искачување во градот Пинероло со наклони до 20%.[20] Тринаесеттата етапа се сметала за прв тест за возачите кои целеле на генералниот пласман и била прва завршница на брдо, на Лаго Серу. Етапата вклучувала и две други категоризирани искачувања.[21]

По вториот и последен ден за одмор на 27 мај, возачите ја имале кралската етапа на трката. Етапата ќе започнела во Ловере и ќе вклучувала неколку категоризирани искачувања, како Пасо дел Мортироло, пред да заврши во Понте ди Лењо. Првично, етапата требало да го вклучува Пасо ди Гавија, последно вклучено во 2014 година[22][23], меѓутоа искачувањето било отстрането од рутата два дена пред етапата поради снег и лоши временски услови. Мортироло било првпат вклучено во 1990 година и оттогаш се појавило повеќепати на трката, последно на 16. етапа на Џиро д’Италија 2017, освоена од Нибали. Трката треба да заврши со хронометар во должина од 17 километри во Верона на 2 јуни.[24]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1 Wikidata-logo S.svg11 мајБолоња – Мадона ди Сан Лука
индивидуален хронометар
8SLO Примож Роглич Wikidata-logo S.svgSLO Примож Роглич Wikidata-logo S.svg
2 Wikidata-logo S.svg12 мајБолоња – Фучекио
ридеста етапа
205GER Паскал Акерман Wikidata-logo S.svgSLO Примож Роглич Wikidata-logo S.svg
3 Wikidata-logo S.svg13 мајВинчи – Орбетело
рамна етапа
220COL Фернандо Гавирија Wikidata-logo S.svgSLO Примож Роглич Wikidata-logo S.svg
4 Wikidata-logo S.svg14 мајОрбетело – Фраскати
рамна етапа
235ECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svgSLO Примож Роглич Wikidata-logo S.svg
5 Wikidata-logo S.svg15 мајФраскати – Терачина
рамна етапа
140GER Паскал Акерман Wikidata-logo S.svgSLO Примож Роглич Wikidata-logo S.svg
6 Wikidata-logo S.svg16 мајКасино – Сан Џовани Ротондо
ридеста етапа
238ITA Фаусто Маснада Wikidata-logo S.svgITA Валерио Конти Wikidata-logo S.svg
7 Wikidata-logo S.svg17 мајВасто – Л'Аквила
ридеста етапа
185ESP Пељо Билбао Wikidata-logo S.svgITA Валерио Конти Wikidata-logo S.svg
8 Wikidata-logo S.svg18 мајТорторето – Пезаро
ридеста етапа
239AUS Кејлеб Јуан Wikidata-logo S.svgITA Валерио Конти Wikidata-logo S.svg
9 Wikidata-logo S.svg19 мајРичоне – SMR Сан Марино
индивидуален хронометар
34,8SLO Примож Роглич Wikidata-logo S.svgITA Валерио Конти Wikidata-logo S.svg
10 Wikidata-logo S.svg21 мајРавена – Модена
рамна етапа
145FRA Арно Демар Wikidata-logo S.svgITA Валерио Конти Wikidata-logo S.svg
11 Wikidata-logo S.svg22 мајКарпи – Нови Лигуре
рамна етапа
221AUS Кејлеб Јуан Wikidata-logo S.svgITA Валерио Конти Wikidata-logo S.svg
12 Wikidata-logo S.svg23 мајКунео – Пинероло
среднопланинска етапа
158ITA Чезаре Бенедети Wikidata-logo S.svgSLO Јан Поланц Wikidata-logo S.svg
13 Wikidata-logo S.svg24 мајПинероло – Черезоле Реале
планинска етапа
196RUS Илнур Закарин Wikidata-logo S.svgSLO Јан Поланц Wikidata-logo S.svg
14 Wikidata-logo S.svg25 мајСен Венсан – Курмајор
планинска етапа
131ECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
15 Wikidata-logo S.svg26 мајИвреа – Комо
среднопланинска етапа
232ITA Дарио Каталдо Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
16 Wikidata-logo S.svg28 мајЛовере – Понте ди Лењо
планинска етапа
194ITA Џулио Чиконе Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
17 Wikidata-logo S.svg29 мајКомеѕадура – Разен-Антхолц
среднопланинска етапа
181FRA Нан Петер Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
18 Wikidata-logo S.svg30 мајОланг – Санта Марија ди Сала
рамна етапа
222ITA Дамијано Чима Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
19 Wikidata-logo S.svg31 мајТревизо – Сан Мартино ди Кастроца
среднопланинска етапа
151COL Естебан Чавес Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
20 Wikidata-logo S.svg1 јунФелтре – Кроче д’Ауне
планинска етапа
194ESP Пељо Билбао Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg
21 Wikidata-logo S.svg2 јунВеронаВерона
индивидуален хронометар
17USA Чад Хејга Wikidata-logo S.svgECU Ричард Карапас Wikidata-logo S.svg

Преглед на трката[уреди | уреди извор]

Примож Роглич (на етапата 18) станал првиот носител на розевата маичка откако ја освоил првата етапа.

Првата етапа, планински хронометар во должина од 8 километри во Болоња, била освоена од Примож Роглич (Џамбо-Висма) кој со тоа станал првиот носител на розевата маичка како предводник на генералниот пласман. Роглич, исто така, го презел водството во бодовниот пласман. Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо) го презел водството во планинскиот пласман и станал првиот носител на сината маичка, додека Мигел Анхел Лопес (Астана) завршил како најбрз млад возач и станал предводник на пласманот за млад возач.[25] Втората етапа, прва масовна спринтерска етапа, била освоена од Паскал Акерман (Бора-Хансгрое), кој ја искористил грешката на Елија Вивијани (Декојнинк-Квик Степ) во подготовката за спринтот. Роглич ја задржал розевата маичка уште еден ден, додека Акерман го презел бодовниот пласман. Чиконе, исто така, заминал во бегство и го задржал водството во планинскиот пласман.[26] Третата етапа повторно била групен спринт, но оваа имала повеќе контроверзи. Во завршницата на спринтот, Вивијани ја свртел линијата на движење и го исфрлил Матео Москети (Трек-Сегафредо) од насоката. Вивијани ја освоил етапата, но судиите подоцна го казниле за нелегален спринт, поради што му ја доделиле победата и бодовниот пласман на Фернандо Гавирија (ОАЕ Тим Емирати). Не се случиле други промени во маичките.[27] Ричард Карапас (Мовистар Тим) ја освоил четвртата етапа по доцниот напад. Поради повеќе падови на само неколку километри пред целта биле погодени повеќе возачи. Еден од погодените возачи бил и фаворитот Том Димулен (Тим Санвеб), кој на крајот ја завршил етапата четири минути зад многу други фаворити. Роглич го зголемил своето водство во генералниот пласман на 35 секунди, а Акерман го повратил бодовниот пласман.[28] На петтата етапа имала пороен дожд, поради што бил неутрализиран масовниот спринт на крајот. Акерман ја освоил етапата откако за малку ќе удрел во возач на Групама-ФДЖ. Гавирија завршил втор.[29] Димулен официјално се повлекол само неколку километри по почетокот на етапата, наведувајќи дека болката била преголема за да продолжи.[30]

Прво раздрмување на трката се случило на шестата етапа, каде бегството ја освоило етапата. Фаусто Маснада (Андрони Џокатоли-Сидермек) го поразил Валерио Конти (ОАЕ Тим Емирати) на целта, поразувајќи ја главната група за цели седум минути. Конти ја презел розевата маичка помеѓу другите членови на бегството. Џовани Карбони ({{{име на тимот-2019}}}) го презел пласманот за млад возач.[31] Седмата етапа била уште еден за бегство, овој пат Пељо Билбао (Астана) го поразил Тони Галопен (АГ2Р-Ла Мондијал) за победа.[32] На осмата етапа Кејлеб Јуан (Лото-Судал) го освоил спринтот пред Елија Вивијани и Паскал Акерман, носителот на маичката циклама.[33] Деветтата етапа, хронометар во Сан Марино, ја заокружувала првата недела, каде Примож Роглич бил повторно победоносен, овој пат за само 11 секунди пред Виктор Кампенертс (Лото-Судал) и цела минута пред Бауке Молема (Трек-Сегафредо) и остатокот од главните фаворити. Конти уште ја носел розевата маичка.[34]

Мала контроверза се појавила во втората недела, кога десеттата етапа завршила во намален број во спринтерската завршница поради падот на носителот на маичката циклама, Акерман. Арно Демар (Групама-ФДЖ) победил пред Вивијани и Ридигер Зелиг (Бора-Хансгрое), кои спринтале по падот на Акерман. Акерман завршил, иако ја изгубил маичката од Демар, а Матео Москети се повлекол поради повреди здобиени во падот.[35] Јуан повторно победил на етапата 11, каде повторно ги поразил Демар и Акерман. Јуан и Вивијани ги објавиле своите повлекувања потоа, како подготовка за Тур де Франс.[36] Дванаесеттата етапа ја следела вообичаената рута на Џиро ди Ломбардија, каде Чезаре Бенедети од бегство ја освоил својата прва професионална победа пред Дамијано Карузо и Еди Данбар. Воедно, Јан Поланц (ОАЕ Тим Емирати) го презел генералниот пласман од неговиот колега Конти.[37] Тринаесеттата етапа била прва вистинска планинска етапа на Џиро и можна пресвртна точка. Илнур Закарин ја освоил етапата по напад, во кој го достигнал и поминал второпласираниот Микел Ниеве, додека Микел Ланда завршил трет. Изненадување на денот бил Ричард Карапас, кој всушност бил оставен од Винченцо Нибали и Роглич. Ова го довело во пласманот меѓу другите фаворити, две места зад Роглич и уште две зад Поланц. Меѓутоа, на другата страна на спектарот, големи имиња како Мигел Анхел Лопес и Сајмон Јејтс изгубиле повеќе минути.[38] Четиринаесеттата етапа била одлучувачка етапа за розевата маичка, на која Карапас повторно ловел минути. Остатокот од фаворитите повторно го оставиле да оди и со тоа неговата разлика пораснала на скоро две минути за одлучувачка победа. Јејтс завршил втор, добивајќи околу 20 секунди во однос на другите фаворити.[39] Петнаесеттиот ден бил повторно за бегство, откако Дарио Каталдо (Астана) го поминал Матија Катанео за победа, додека Јејтс повторно завршил на подиумот. На оваа етапа, Роглич загубил време во однос на ривалите откако имал ден исполнет со падови.[40]

Третата недела започнала со скратената „кралска етапа“ на трката. Пропуштајќи го превојот Гавија, предизвикувачкиот ден донело предводникот во планинскиот пласман Џулио Чиконе (Трек-Сегафредо) не само да го обезбеди пласманот, туку и да освои етапа од тешко бегство со Јан Хирт (Астана), кој завршил втор. Фаусто Маснада завршил вторпат на подиум на трката како трет, додека Лопес изгубил околу 20 секунди од Нибали, а Роглич над минута.[41] Седумнаесеттиот ден бил уште еден за бегство, овој пат Нан Петер се изборил за победа, додека Естебан Чавес завршил минута и пол зад него, а Давиде Формоло бил трет. Нибали, Роглич и другите, повторно загубиле секунди од Карапас.[42] Меѓутоа, етапата 18 била пауза за многумина. Дамијано Чима ги издржал спринтерските „возови“ на другите екипи за изненадувачка победа пред Акерман и Симоне Консони. Демар, кој го имал бодовниот пласман, завршил осми, поради што ја предал маичката на Акерман, кој ја носел до крајот на трката.[43] Етапата 19 била уште една за бегство, овој пат Чавес конечно освоил етапа за себе и екипата. Андреја Вендраме и Амаро Антунес завршиле на подиум, додека Лопес освоил околу 45 секунди во однос на неговите ривали.[44] Претпоследната етапа на Џиро била една од повозбудливите, каде Пељо Билбао (Астана) освоил уште една победа пред Ланда, додека Чиконе бил трет. Роглич и Јејтс изгубиле околу 50 секунди во однос на фаворитите, а Лопес повторно изгубил 2 минути.[45] Со тоа, трката се решавала на завршниот хронометар. Американецот Чад Хејга изненадувачки му ја донел на екипата единствената победа на Џиро, додека Кампенертс завршил четири секунди зад него, а Томас де Гент бил трет, со што заокружил одлично издание на Џиро.[46]

Карапас станал прв еквадорски возач кој освоил голема трка и втор јужноамерикански возач кој победил на Џиро, по Колумбиецот Наиро Кинтана во 2014. Винченцо Нибали завршил втор, една минута за него, а Роглич успеал да заврши трет, откако го претекнал Ланда на последниот ден за осум секунди. Паскал Акерман го освоил бодовниот пласман за 13 бода пред Арно Демар, а Џулио Чиконе преовладал на планинскиот пласмна. Мигел Анхел Лопес очекувано бил најдобар млад возач пред Павел Сиваков, а Мовистар очекувано го освоиле екипниот пласман.[47]

Инциденти[уреди | уреди извор]

Околу 60 километри од целта на етапата 18, гледач одел на патот кратко пред бегството да стигне таму и оставил велосипед на патеката. Потоа, човекот заминал од местото. Друг гледач влегол на патот и ја отстранил пречката. На 4 јуни 2019 година било објавено дека идентификуваниот гледач, човек од Тунис, се соочил со депортација во неговата земја поради неговите постапки.[48]

Во текот на последното качување на Кроче д’Ауне на етапата 20, Мигел Анхел Лопес бил исфрлен од неговиот велосипед по инцидент со гледач. Пред да се врати на неговиот велосипед, Лопес во лутина го удрил обожавателот неколкупати. Изгубил скоро две минути во однос на групата на фаворити на крајот на етапата. Иако правилата на UCI наведуваат дека возач вклучен во физичко насилство треба да биде дисквалификуван, Лопес не добил никаква казна.[49] UCI објавиле на 2 јуни 2019 година дека покренале истрага за одлуката на судиите да не го казнат.[50]

Допинг[уреди | уреди извор]

На 15 мај 2019 година, UCI објавиле дека привремено го суспендирале Кристијан Корен (Бахреин-Мерида), дел од составот за Џиро 2019, за негова наводна вклученост во допинг-случајот „Операција Адерлас“.[51] Екипата го повлекла Корен од трката.[52]

Поредок[уреди | уреди извор]

На Џиро д’Италија 2019 се доделувале четири различни маички. Прв и најважен е генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Возачите добивале временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) ако завршеле на првите три места на секоја етапа. Помали временски бонуси биле добивани за првите три места и на последниот среден спринт на секоја етапа (3, 2 и 1 секунда, соодветно). Возачот со најмало вкупно време ја добивал розевата маичка (италијански: maglia rosa). Овој пласман се сметал за најважен на Џиро д’Италија 2019 и победникот на овој пласман се сметал за победник на трката.[53][54]

Бодови за бодовниот пласман
Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
Рамни етапи завршница 50 35 25 18 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2 1
среден спринт 12 8 6 5 4 3 2 1 0
Ридски етапи завршница 25 18 12 8 6 5 4 3 2 1 0
среден спринт 12 8 6 5 4 3 2 1 0
Други етапи завршница 15 12 9 7 6 5 4 3 2 1 0
среден спринт 12 8 6 5 4 3 2 1 0

Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со маичка во циклама боја. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.[53][54]

Бодови за планинскиот пласман
Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9
Бодови за Чима Копи 50 30 20 14 10 6 4 2 1
Бодови за категорија 1 40 18 12 9 6 4 2 1 0
Бодови за категорија 2 18 8 6 4 2 1 0
Бодови за категорија 3 9 4 2 1 0
Бодови за категорија 4 3 2 1 0

Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На искачувањата од прва категорија, осум возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, шест возачи добивале бодови; на искачувањата од трета категорија, само четворица возачи добивале бодови, додека само тројца возачи освојувале бодови на искачувањата од четврта категорија. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија и бодови освојуваат девет возачи.[53] Првично, „Чима Копи“ за 2019 година требало да биде Пасо ди Гавија на шеснаесеттата етапа, но поради временските услови, искачувањето било отстрането од рутата. Следно највисоко искачување било тоа до езерото Серу, но искачувањето веќе било искачено пред откажувањето на Гавија. Поради тоа, организаторите го одбрале највисокото искачување од оние кои не биле искачени, превојот Манген на етапата 20.

Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1994 година.[53]

Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[53]

Прва дополнителна награда бил пласманот за средни спринтови. Секоја друмска етапа имала два спринта. Првите пет возачи на целта на спринтовите добивале бодови (10, 6, 3, 2 и 1 бод, соодветно); возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојувал пласманот. Уште еден пласман – наградата за борбеност (италијански: Premio Combattività) – се доделувал преку бодовите на првите возачи на етапните завршници, средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Постоела и награда за бегство (италијански: Premio della Fuga). За оваа награда, бодовите се доделувале на секој возач вклучен во бегство помало од 10 возачи, кои избегале најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој километар во бегството. Возачот со најмногу бодови на крајот на Џиро ја освојувал наградата. Последниот пласман бил пласманот за „добра игра“ за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на разни правила. Тие се движеле од пола бод за непочитување на предупредувања од организаторите на трката, до 2000 бода за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку бодови на крајот на Џиро го освојувала пласманот. Кога неколку екипи биле израмнети, екипата со најдобро пласиран возач во генералниот пласман била победник во пласманот.

Поредок по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
Jersey pink.svg
Бодовен пласман
Jersey violet.svg
Планински пласман
Jersey blue.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Трофеј Супер екипа Пласман на средни спринтови Награда за борбеност Пласман за бегство Пласман „добра игра“
1 Примож Роглич Примож Роглич Примож Роглич[б 1] Џулио Чиконе Мигел Анхел Лопес Џамбо-Висма не била доделена Примож Роглич не била доделена Џамбо-Висма
2 Паскал Акерман Паскал Акерман Дамијано Чима Дамијано Чима Лукаш Овсјан
3 Фернандо Гавирија Фернандо Гавирија Арно Демар Арно Демар Мичелтон-Скот
4 Ричард Карапас Паскал Акерман Бора-Хансгрое Дамијано Чима Дамијано Чима Марко Фрапорти
5 Паскал Акерман Паскал Акерман
6 Фаусто Маснада Валерио Конти Џовани Карбони Мовистар Тим ОАЕ Тим Емирати
7 Пељо Билбао
8 Кејлеб Јуан
9 Примож Роглич Нан Петер
10 Арно Демар Арно Демар
11 Кејлеб Јуан Арно Демар
12 Чезаре Бенедети Јан Поланц Џанлука Брамбила Хју Карти Андрони Џокатоли-Сидермек
13 Илнур Закарин Џулио Чиконе Павел Сиваков Мовистар Тим
14 Ричард Карапас Ричард Карапас Мовистар Тим
15 Дарио Каталдо Бахреин-Мерида
16 Џулио Чиконе Мигел Анхел Лопес Фаусто Маснада
17 Нан Петер Фаусто Маснада
18 Дамијано Чима Паскал Акерман Дамијано Чима Дамијано Чима
19 Естебан Чавес
20 Пељо Билбао Фаусто Маснада
21 Чад Хејга
На крај Ричард Карапас Паскал Акерман Џулио Чиконе Мигел Анхел Лопес Мовистар Тим Фаусто Маснада Фаусто Маснада Дамијано Чима Бахреин-Мерида
Забелешки
  1. На втората етапа, Сајмон Јејтс, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел маичката циклама, бидејќи Примож Роглич (на првото место) ја носел розевата маичка како предводник на генералниот пласман.

Пласмани[уреди | уреди извор]

Легенда
Розева маичка Го означува предводникот на генералниот пласман Сина маичка Го означува предводникот на планинскиот пласман
A red jersey Го означува предводникот на бодовниот пласман Бела маичка Го означува предводникот на пласманот за млад возач

Генерален пласман[уреди | уреди извор]

Wikidata-logo S.svgГенерален пласман
ВозачЕкипаВреме
1. ECU Ричард Карапас розева маичка за предводникот на генералниот пласманМовистар90ч 01' 47
2. ITA Винченцо Нибали Бахреин-Мерида+ 1' 05
3. SLO Примож Роглич Џамбо-Висма+ 2' 30
4. ESP Микел Ланда Мовистар+ 2' 38
5. NED Бауке Молема Трек-Сегафредо+ 5' 43
6. POL Рафал Мајка Бора-Хансгрое+ 6' 56
7. COL Мигел Анхел Лопес бела маичка за предводникот во пласманот за млад возачАстана+ 7' 26
8. GBR Сајмон Јејтс Мичелтон-Скот+ 7' 49
9. RUS Павел Сиваков Инеос+ 8' 56
10. RUS Илнур Закарин Катјуша-Алпесин+ 12' 14
11. GBR Хју Карти ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг+ 16' 36
12. USA Џо Домбровски ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг+ 20' 12
13. FRA Валентен Мадуа Групама-ФДЖ+ 21' 59
14. ITA Давиде Формоло Бора-Хансгрое+ 22' 38
15. SLO Јан Поланц ОАЕ Емирати+ 22' 38
16. ITA Џулио Чиконе сина маичка за предводникот во планинскиот пласманТрек-Сегафредо+ 27' 19
17. ESP Микел Ниеве Мичелтон-Скот+ 27' 46
18. EST Танел Кангерт ЕФ Едукејшн Фирст Про Сајклинг+ 30' 11
19. ITA Доменико Поцовиво Бахреин-Мерида+ 33' 40
20. ITA Фаусто Маснада Андрони Џокатоли-Сидермек+ 34' 52
Извор: ProCyclingStats


Пласман за бегства[уреди | уреди извор]

Пласман за бегства (1-10)
Место Возач Екипа Бодови
1  Дамијано Чима (ИТА) Нипо-Вини Фантини-Фезане 932
2  Марко Фрапорти (ИТА) Андрони Џокатоли-Сидермек 816
3  Мирко Маестри (ИТА) {{{име на тимот-2019}}} 742
4  Џулио Чиконе (ИТА) Трек-Сегафредо 367
5  Матија Катанео (ИТА) Андрони Џокатоли-Сидермек 306
6  Шо Хацујама (ЈАП) Нипо-Вини Фантини-Фезане 259
7  Дарио Каталдо (ИТА) Астана 246
8  Франсоа Бидар (ФРА) АГ2Р-Ла Мондијал 219
9  Лукаш Овсјан (ПОЛ) ССС Тим 195
10  Шон Бенет (САД) ЕФ Едукејшн Фирст 180


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UCI reveal WorldTour calendar for 2019“. Cycling News. Посетено на 23 октомври 2018.
  2. Браун, Грегор; Балингер, Алекс (31 октомври 2018). „Giro d'Italia 2019 route: Seven summit finishes and three individual time trials in all-Italian route“. Cycling Weekly. Посетено на 20 декември 2018.
  3. „Carapaz wins Giro d'Italia, Haga clinches final stage“. AP NEWS. 2 јуни 2019. Посетено на 2 јуни 2019.
  4. „Giro d'Italia: Richard Carapaz becomes the first Ecuadorian and to win the Giro d'Italia“. BBC Sport. Посетено на 2 јуни 2019.
  5. „Carapaz wins Giro d'Italia, Haga clinches final stage“. AP NEWS. 2 јуни 2019. Посетено на 2 јуни 2019.
  6. Останек, Даниел (2 јуни 2019). „Richard Carapaz wins the 2019 Giro d'Italia“. www.cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 јуни 2019.
  7. „Richard Carapaz wins Giro d'Italia to make cycling history for Ecuador“. Guardian. 2 јуни 2019. Посетено на 4 јуни 2019.
  8. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  9. http://www.cyclingnews.com/news/2019-giro-ditalia-wildcard-teams-announced/
  10. „Teams take the stage for Giro d'Italia presentation - Gallery“. www.cyclingnews.com. Future plc. 9 мај 2019. Посетено на 11 мај 2019.
  11. Фаранд, Стивен (1 мај 2019). „Giro d'Italia 2019: The Essential Guide“. Cyclingnews. Future plc. Посетено на 3 мај 2019.
  12. Лоу, Феликс (10 мај 2019). „Blazin' Saddles: The Big Five who can win the 2019 Giro d'Italia“. Eurosport. Посетено на 10 мај 2019.
  13. „Roadbook“ (PDF). Giro d'Italia. La Gazetta dello Sport. 2019. стр. 65–74. Посетено на 10 мај 2019.
  14. Лоу, Феликс (10 мај 2019). „Blazin' Saddles: The Big Five who can win the 2019 Giro d'Italia“. Eurosport (англиски). Посетено на 10 мај 2019.
  15. Фаранд, Стивен (10 мај 2019). „Giro d'Italia: Bologna TT a fight for every second – Preview“. www.cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 10 мај 2019.
  16. Браун, Грегор; Балингер, Алекс (31 октомври 2018). „Giro d'Italia 2019 route: Seven summit finishes and three individual time trials in all-Italian route“. Cycling Weekly. Посетено на 20 декември 2018.
  17. Фаранд, Стивен (1 May 2019). „Giro d'Italia 2019: The Essential Guide“. www.cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 10 мај 2019.
  18. Браун, Грегор; Балингер, Алекс (31 октомври 2018). „Giro d'Italia 2019 route: Seven summit finishes and three individual time trials in all-Italian route“. Cycling Weekly. Посетено на 20 декември 2018.
  19. Фаранд, Стивен (1 мај 2019). „Giro d'Italia 2019: The Essential Guide“. www.cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 10 мај 2019.
  20. „Giro 2019: Voorbeschouwing etappe naar Pinerolo“. WielerFlits (холандски). 23 мај 2019. Посетено на 23 мај 2019.
  21. Бакон, Елис (1 ноември 2018). „Giro d'Italia 2019: 5 key stages“. www.cyclingnews.com.
  22. Бакон, Елис (1 ноември 2019). „Giro d'Italia 2019: 5 key stages“. www.cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 15 мај 2019.
  23. „Giro d'Italia 2014: How Nairo Quintana won his first Grand Tour“. 31 мај 2014. Посетено на 15 мај 2019.
  24. Фаранд, Стивен (1 мај 2019). „Giro d'Italia 2019: The Essential Guide“. www.cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 10 мај 2019.
  25. Останек, Даниел (11 мај 2019). „Roglic wins opening Giro d'Italia time trial“. www.cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 11 мај 2019.
  26. „Giro d'Italia stage 2: Pascal Ackermann takes sprint victory“. VeloNews.com (англиски). 12 мај 2019. Посетено на 14 мај 2019.
  27. „Giro d'Italia stage 3: Gaviria wins as Viviani is relegated“. VeloNews.com (англиски). 13 мај 2019. Посетено на 14 мај 2019.
  28. Лоу, Феликс (14 мај 2019). „Richard Carapaz won Stage 4 of the Giro d'Italia, holding off Paul Martens for the victory, but the“. Eurosport. Посетено на 14 мај 2019.
  29. „Giro d'Italia Stage 5: Ackermann wins, Roglic maintains lead (+ reaction and video highlights)“. road.cc (англиски). 15 мај 2019. Посетено на 16 мај 2019.
  30. „Dumoulin on leaving the Giro“. www.cyclingnews.com. Посетено на 16 мај 2019.
  31. „Emotional Masnada Wins Stage Six, Conti Takes Pink Jersey In Giro Terracina“. www.flobikes.com (англиски). Посетено на 17 мај 2019.
  32. „Giro d'Italia stage 7: Bilbao wins tough leg to l'Aquila“. VeloNews.com (англиски). 2019-05-17. Посетено на 2019-06-12.
  33. „Caleb Ewan wins: Giro d'Italia, stage 8“. CyclingTips (англиски). 2019-05-19. Посетено на 2019-06-12.
  34. „Roglic pulls ahead, Yates falters: Giro d'Italia, stage 9“. CyclingTips (англиски). 2019-05-20. Посетено на 2019-06-12.
  35. Association, Press (2019-05-21). „Arnaud Démare wins stage 10 of Giro after Ackermann crash sparks chaos“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2019-06-13.
  36. „Giro d'Italia stage 11: Ewan sprints to second stage win“. VeloNews.com (англиски). 2019-05-22. Посетено на 2019-06-13.
  37. „Giro d'Italia stage 12: Polanc takes over pink as Benedetti claims victory“. VeloNews.com (англиски). 2019-05-23. Посетено на 2019-06-13.
  38. Перелман, Рич (2019-05-24). „CYCLING: Russia's Zakarin scores surprise win in Giro Stage 13 and rides into overall contention“. The Sports Examiner (англиски). Посетено на 2019-06-13.
  39. „Carapaz in pink, and the favourites reshuffle: Giro d'Italia, stage 14“. CyclingTips (англиски). 2019-05-26. Посетено на 2019-06-13.
  40. „Giro stage 15: Cataldo wins from day-long breakaway“. VeloNews.com (англиски). 2019-05-26. Посетено на 2019-06-13.
  41. „Giro d'Italia stage 16: Ciccone wins as Roglic is distanced“. VeloNews.com (англиски). 2019-05-28. Посетено на 2019-06-13.
  42. „Giro d'Italia stage 17: Peters solos to victory while Movistar consolidate“. VeloNews.com (англиски). 2019-05-29. Посетено на 2019-06-13.
  43. „Giro d'Italia stage 18: Cima defies sprinters as Ackermann reclaims points lead“. VeloNews.com (англиски). 2019-05-30. Посетено на 2019-06-13.
  44. „Giro d'Italia stage 19: Chaves bounces back to victory“. VeloNews.com (англиски). 2019-05-31. Посетено на 2019-06-13.
  45. „Giro d'Italia stage 20: Bilbao takes stage victory, Carapaz retains pink jersey“. VeloNews.com (англиски). 2019-06-01. Посетено на 2019-06-13.
  46. „Giro stage 21: Haga snatches surprise win while Carapaz claims the pink jersey“. VeloNews.com (англиски). 2019-06-02. Посетено на 2019-06-13.
  47. „Rankings – Giro d'Italia 2019: Official Site“. Giro d'Italia 2019: Official Site. Посетено на 2019-06-13.
  48. Браун, Грегор (4 јуни 2019). „Italy to expel Tunisian man over Giro d'Italia bike incident, according to reports“. Cycling Weekly. Посетено на 4 јуни 2019.
  49. „Lopez settles for white jersey and seventh overall after 'unlucky' Giro d'Italia“. cyclingnews.com. 4 јуни 2019. Посетено на 4 јуни 2019.
  50. Фаранд, Стивен (2 јуни 2019). „UCI jury decision under scrutiny after Lopez's assault on Giro d'Italia fan goes unpunished“. cyclingnews.com. Посетено на 4 јуни 2019.
  51. „Petacchi, Koren, Durasek, Bozic named in Austrian doping ring“. cyclingnews.com. 15 мај 2019. Посетено на 15 мај 2019.
  52. Балингер, Алекс (15 мај 2019). „Riders pulled from Giro d'Italia and Tour of California as UCI publishes names linked to blood doping scandal“. Cycling Weekly. Посетено на 15 мај 2019.
  53. 53,0 53,1 53,2 53,3 53,4 Лора, Вајсло (13 мај 2008). „Разјаснети пласманите на Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 август 2009.
  54. 54,0 54,1 „Giro revamps time bonus and points systems for 2014 edition“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 8 април 2014. Посетено на 16 октомври 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]