Чад Хејга

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чад Хејга
Лични податоци
Цело имеЧад Хејга
ПрекарХагасаки[1]
Роден26 август 1988 (1988-08-26) (31 г.)
Мекини, Тексас,  САД
Висина1,91 м
Маса71,5 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Санвеб
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Аматерски клубови
2006–2010
2009–2011
2010
2011
Тексас А&М Универзитет
Тим Брејн енд Спајн Сајклинг
Супер Сквадра
Рио Гранде Сајклинг
Професионални клубови
2011–2013

2014-
Кели Бенефит Стратеџис–ОптумХелт
Џајант-Шимано
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 поединечна етапа (2019)
Последна промена
5 јануари 2020

Чад Хејга (италијански: Chad Haga; 26 август 1988) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Санвеб.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Се родил во Мекини, Тексас[3] и го посетувал Универзитетот Тексас А&М, каде дипломирал како машински инженер во 2010 година.[3] За време на студирањето возел за универзитетскиот велосипедски тим и како аматер со Тим Брејн енд Спајн Сајклинг и Тим Сквадра. По дипломирањето се приклучил на екипата Рио Гранде Сајклинг. Започнал професионално да вози во 2011 година, откако се приклучил на Кели Бенефит Стратеџис–ОптумХелт.[4]

На 23 јануари 2016 година, бил еден од шестмината од Џајант-Алпецин кои биле удрени од автомобил додека тренирале во Шпанија. Сите возачи биле во стабилна состојба.[5]

Хејга ја започнал сезоната со трката Тур Даун Андер. Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[6]

Го освоил хронометарот на завршната етапа на Џиро д’Италија 2019, негова прва победа на некоја голема трка.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2011
1. Пролог Класик Маунт Худ
3. Краен пласман Трка Елк Гроув
2012
1. Пролог Велосипедски класик Каскад
4. Класик Коперас Ков
2013
1. Jersey gold.svg Краен пласман Етапна трка Џо Мартин
1. Пролог Трка Елк Гроув
2. Краен пласман Волта ао Алентежо
2. Краен пласман Велосипедски класик Редлендс
1. Етапа 1
3. Национален календар САД
3. Краен пласман Пацифички класик Меклејн
3. Краен пласман Велосипедски класик Каскад
5. Национално хронометарско првенство
10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2018
2. Silver medal blank.svg Светско првенство во екипен хронометар
2. Национално хронометарско првенство
2019
1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро 99 78 82 71 105
Jersey yellow.svg Тур 72 134
Jersey red.svg Вуелта 73 76 98

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Interviews - PezCycling News".
  2. "Team Sunweb". UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 3 јануари 2020. Посетено на 3 јануари 2020.
  3. 3,0 3,1 "Optum's Chad Haga aims for top time trialing spot in the U.S." 28 февруари 2013.
  4. "Haga postpones engineering career to pursue pro cycling dreams".
  5. "John Degenkolb and Warren Barguil among six Giant-Alpecin cyclists hospitalised after being hit by a car". Irish Independent. 23 јануари 2016.
  6. "2018: 105th Tour de France: Start List". Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]