Микел Ланда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Микел Ланда
Лични податоци
Цело име Микел Ланда Меана
Роден 13 декември 1989 (1989-12-13) (воз. 26 г.)
Мурхија, Шпанија
Висина 1,73 м
Маса 60 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2009 Орбеа Континентал
Професионални клубови
2010
2011–2013
2014–2015
2016-
Орбеа Континентал
Еускалтел-Еускади
Астана
Тим Скај
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2015)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2015)
Последна промена
4 јули 2016

Микел Ланда Меана (шпански: Mikel Landa Meana; р. 13 декември 1989) — шпански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Скај. Пробивот во неговата кариера се случил на Џиро д’Италија 2015, каде освоил две етапи и завршил трет во генералниот пласман.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Ланда е роден во Мургија, во Баскија, северна Шпанија. Како многу баскиски велосипедисти, кариерата ја започнал во развојната екипа Орбеа Континентал, во 2009 година, пред да се приклучи на професионалната екипа Еускалтел-Еускади во 2011 година. По три години со екипата Еускалтел-Еускади, Линда ја напуштил екипата на крајот на сезоната 2013, поради нејзиното расформирање, за да се приклучи на Астана.[1]

Астана[уреди | уреди извор]

Ланда освоил етапа на Џиро дел Трентино 2014 пред да вози на Џиро д’Италија 2014 како еден од помошниците на Фабио Ару. Му помогнал на Ару да стигне до третото место во генералниот пласман.

Во 2015 година, Ланда нападнал од бегство на последното искачување на петтата етапа на Трката околу Баскија.[2]

Ланда возел на Џиро д’Италија, повторно првично како помошник за Ару. На осмата етапа, втората планинска завршница на трката, Ланда завршил втор по нападот од Ару и подоцнежнето неуспешно бркање на предводникот Бењат Инчаусти (Мовистар Тим) во обид за победа на етапата. Со тоа, Ланда се искачил на петтото место во генералниот пласман, 42 секунди зад предводникот Алберто Контадор (Тинкоф-Саксо).[3] Ланда се искачил на третото место во генералниот пласман на десеттата етапа, кога Ричи Порт (Тим Скај) добил временска казна поради прифаќањето на тркало од возачот на Орика-ГринЕЏ, Сајмон Кларк.[4] На четиринаесеттата етапа, индивидуален хронометар од 59,4 километри, Ланда бил достигнат од Контадор, губејќи три минути од него и паднал на седмото место во генералниот пласман, 4 минути и 55 секунди зад предводникот. Меѓутоа, следниот ден, Ланда ја освоил планинската петнаесетта етапа откако го нападнал Контадор на последното искачување.[5] По вториот ден за одмор на следната етапа, шеснаесеттата етапа или кралската етапа со пет алпски врвови. На првото искачување, Контадор доживеал механички проблем, по што Катјуша и Астана веднаш го зголемиле темпото напред, предизвикувајќи контроверза за чистата игра.[6] На крајот, по долга потера, Контадор стигнал до Ланда, Фабио Ару и Стевен Краусвејк на Мортироло. Потоа, Контадор нападнал, но Ланда се покажал посилен од Ару, кој не можел да го прати потегот. Ланда се одвоил на последното искачување, освојувајќи ја втората етапа по ред со 38 секунди пред Краусвејк и Контадор. Ару завршил две минути и 51 секунда зад него и така Ланда се искачил пред неговиот колега на второто место во генералниот пласман.[7] Меѓутоа, на деветнаесеттата етапа, Ару се покажал посилен од двајцата, напаѓајќи на последното искачување и одземајќи им минута и 18 секунди на Контадор и Ланда, кои не можеле да го следат. На дваесетаттата етапа, последната планинска етапа, Ланда нападнал освојувајќи го Чима Копи поради поминувањето на највисоката точка на трката во водство откако на врвот го поминал Илнур Закарин, една минута пред Ару и половина пред Контадор. Меѓутоа, Ланда чекал на Ару на спустот и двоецот не успеал да добие доволно време од Контадор на остатокот од етапата, пред Ару да нападне на последното искачување за победа на етапата. Иако, Контадор изгубил две и пол минута, ја задржал розевата маичка со водство од 2' 02" пред Ару и за победа на Џиро, додека Ланда завршил трет со 3 минути и 14 секунди зад него.[8]

Ланда возел на Вуелта а Еспања 2015 повторно како поддршка на Ару, откако другиот предводник на Астана, Винченцо Нибали бил дисквалификуван на втората етапа поради држење за автомобилот на екипата. Ланда ја освоил планинската единаесетта етапа од бегство, непочитувајќи ги наредбите на екипата да се врати назад и да му помогне на Ару.[9] Меѓутоа, Ланда работел за Ару во текот на остатокот на трката откако Италијанецот го претекнал во водството на трката Том Димулен и одиграл клучна улога во одлучувачкиот потег на дваесетта етапа, кога тој и Ару го отфрлиле Димулен на претпоследното искачување пред да им се приклучат колегите од бегството, со што Димулен изгубил три минути и така Вуелта ја освоил Ару.

Тим Скај[уреди | уреди извор]

Во септември 2015 година, Ланда потврдил дека ќе се приклучи на Тим Скај за сезоната 2016.[10]

Откако пропуштил неколку трки рано во сезоната поради болест, Ланда го имал својот прв настап за Тим Скај на Сетимана интернационале ди Копи е Бартали, на која завршил на 11. место.[11] Подоцна, возел на домашната трка, Трката околу Баскија, каде ја освоил втората етапа и го презел водството на трката, кое го загубил на третата етапа.[12]

Ланда го повел Скај на Џиро дел Трентино на неговата последна трка пред Џиро д’Италија 2016. Ја освоил втората етапа и го презел водството на трката и успешно го одбранил на следните две етапи, и покрај нападите од двоецот на Астана, Танел Кангерт и Јакоб Фуглсанг, при што ја освоил етапата за една секунда пред Кангерт.[13] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[14]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
5. Краен пласман Тур де л’Авенир
10. Краен пласман Ронде де л’Изар
2011
19. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Jersey red.svg Планински пласман
1. Етапа 5
2012
2. ГП Мигел Индураин
2013
2. Краен пласман Вуелта а Астурија
1. Бодовен пласман
2. Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
6. Краен пласман Вуелта а Бургос
6. Класика де Сан Себастијан
2014
10. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 4
2015
Вуелта а Еспања
1. Етапа 11
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 11
1. Етапа 5 Трка околу Баскија
2. Краен пласман Џиро дел Трентино
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 15
1. Етапа 16
2016
1. Jersey violet.svg Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Jersey green.svg Планински пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Трка околу Баскија

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро 34 3 СО
Jersey yellow.svg Тур
Jersey red.svg Вуелта 69 39 28 25

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Корзи, Лука. „Mikel Landa, al Astana“, „El Diario Vasco“, Grupo Vocento, 10 август 2013 (конс. 10 август 2013 г). (на шпански)
  2. Даниел Бенсон. „Паис Васко: Ланда победи на претпоследната етапа“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 10 април 2015 (конс. 10 април 2015 г).
  3. „Џиро д’Италија: Инчаусти ја освои осмата етапа со планинска завршница на Кампитело Матезе“. cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/giro-ditalia/stage-8/results. 
  4. „Џиро д’Италија: Ричи Порт казнет две минути“. cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/giro-ditalia-richie-porte-docked-two-minutes. 
  5. Стивен Падикомб. „Astana unable to break Contador as Mikel Landa wins Giro d’Italia stage 15“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 24 мај 2015 (конс. 25 мај 2015 г).
  6. „Tinkov: I don't think Astana and Katusha showed any class“. cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/tinkov-i-dont-think-astana-and-katusha-showed-any-class. 
  7. Ричард Виндзор. „Микел Ланда ја освои втората етапа победа на напорниот ден на Џиро д’Италија“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 26 мај 2015 (конс. 26 мај 2015 г).
  8. „Џиро д’Италија, етапа 20: Ару победи во Сестриере“. cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/giro-ditalia/stage-20/results. 
  9. 'I needed a win so I took my day,' says Mikel Landa“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 3 септември 2015 (конс. 3 септември 2015 г).
  10. Кларк, Стјуарт (16 септември 2015). „Микел Ланда потврди дека ќе вози за Тим Скај во 2016“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest-news/mikel-landa-confirms-he-will-ride-for-team-sky-in-2016-191773. конс. 24 септември 2015 г. 
  11. http://www.cyclingnews.com/news/landa-puts-doubts-to-bed-after-finally-starting-his-season/
  12. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/racing/landa-climbs-into-tour-of-the-basque-country-lead-219728
  13. http://www.cyclingnews.com/races/giro-del-trentino-2016/stage-4/results/
  14. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. http://www.procyclingstats.com/race.php?id=163736&c=3. конс. 30 јуни 2016 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]