Рафал Мајка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рафал Мајка
Мајка на Јапонскиот куп 2012
Лични податоци
Роден 26 септември 1989 (1989-09-26) (воз. 27 г.)
Зегартовице,  Полска
Висина 1,73 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Бора-хансгрое
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2008–2009
2009

2010
Грањано С.К.
Мике-Силвер Крос-Селе Италиа (стажант)
Петроли Фиренце
Професионални клубови
2011–2016
2017-
Саксо Банк-СанГард
Бора-хансгрое
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Планински пласман (2014, 2016)
3 индивидуални етапи (2014, 2015)

Етапни трки

Трка околу Полска (2014)

Еднодневни трки и класици

MaillotPolonia.PNG Национален друмски првак (2016)
Последна промена
25 мај 2017

Рафал Мајка (полски: Rafał Majka; р. 12 септември 1989) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-хансгрое.

Познат е како силен искачувач, а се истакнал на Џиро д’Италија 2013, кога завршил седми во генералниот пласман и шести наредната година. Други поголеми достигнување се трите планински етапни победи на Тур де Франс, како и планинскиот пласман во 2014 година и во 2016 година, двете етапи и победата на Трката околу Полска. Своето прво завршување на подиум на некоја голема трка го постигнал на Вуелта а Еспања 2015, каде завршил како трети. На Летните олимписки игри 2016 освоил бронзен медал за Полска на друмската трка.

Кариера[уреди | уреди извор]

Мајка во точкастата маичка на Тур де Франс 2014

Во 2013 година настапил на Џиро д’Италија по прв пат, каде имал жестока и долга борба со Карлос Бетанкур за водството во пласманот за млад возач, но на крајот Колумбиецот го освоил во претпоследната етапа. Во генералниот пласман завршил на седмото место, осум минути зад победникот Винченцо Нибали.

Една година подоцна на Џиро д’Италија 2014 завршил едно место повисоко од 2013 година, односно на шестото место.

Мајка бил повикан во последен момент во составот на Тинкоф-Саксо на Тур де Франс 2014, откако Роман Кројцигер бил привремено суспендиран од возење поради невообичаено вредности во неговиот биолошки пасош. На етапата 14 ја освоил својата прва професионална победа откако заминал сам на последното искачување до Ризул.[1] Четири дена подоцна победил на етапата 17, стигнувајќи сам пред останатите на планинската завршница до Пла д’Аде.[2] Овие успеси, како и неколку други добри пласмани на планинските етапи, му ја донеле на Мајка точкастата маичка за планинскиот пласман. Така, тој станал првиот Полјак што освоил етапа и маичка на Тур де Франс. Неколку недели по Тур де Франс ги освоил петтата и шестата етапа на Трката околу Полска 2014, кои биле планински, а со нив и генералниот пласман.[3] Мајка е првиот Полјац кој ја освоил трката откако таа станала дел од Светската турнеја.

Спротивно на изминатите две години, Мајка не настапил на Џиро д’Италија 2015, каде Алберто Контадор го направил првиот чекор во обид за освојување на Џиро-Тур, но учествувал на Тур де Франс. Завршил помеѓу првите десет на Трката околу Оман, Тур де Романди и Тур де Свис како подготовка за Тур. Мајка ја освоил единаесеттата етапа на Тур де Франс од бегство, со што стигнал до својата трета етапна победа на Тур. Потоа, Мајка се подготвувал за својата цел, Вуелта а Еспања 2015, обидувајќи се да заврши помеѓу првите пет или пак на подиум. Имал одлични резулати на целата трка, со што се нашол на врвот на генералниот пласман со Наиро Кинтана и Фабио Ару. На претпоследната етапа, Мајка успеал да се искачи од четвртото на третото место, завршувајќи на подиум и остварувајќи ја својата цел да се најде на подиум на некоја голема трка.

На Џиро д’Италија 2016, Мајка настапил како предводник за Тинкоф и завршил петти во генералниот пласман, четири минути зад победникот Винченцо Нибали, негов најдобар резултат на трката.[4] По Џиро, Мајка го освоил националното друмско првенство по прв пат во својата кариера, оддалечувајќи се од групата на последното искачување и одржувајќи се пред нив до целта.[5] Во текот на Тур де Франс 2016, предводникотна екипата Контадор отпаднал, оставајќи го Мајка како една од можностите на екипата за успех. Преку повеќе бегства успеал да го повтори своето достигнување од 2014 година и да го освои планинскиот пласман, иако не успеал да освои ниту една етапа.[6]

На Летните олимписки игри 2016, Мајак завршил трет на друмската трка, освојувајќи го бронзениот медал. Бил дел од доцното бегство составено од Винченцо Нибали и Серхио Енао. На последниот спуст, Нибали и Енао паднале, оставајќи го Енао сам напред, кој не успеал да ја зачува својата предност пред групата до целта. Бил достигнат од победникот Грег ван Авермет и Јакоб Фуглсанг во последните два километри до целта и не учествувал во завршниот спринт.[7] Медалот на Мајка бил прв за Полска на Игрите и прв медал освоен од полски велосипедисти на индивидуална трка од сребрениот медал на Чеслав Ланг на Летните олимписки игри 1980.[8] Подоцна, во август 2016 година, Бора-хансгрое објавиле дека Мајка се согласил на двегодишен договор со екипата од 2017 година, заедно со колегата од Тинкоф, Петер Саган.[9]

Личен живот[уреди | уреди извор]

На 18 октомври 2014 година се оженил со Магдалена Ковал на приватна церемонија во Вишњова.[10] Во февруари 2017 година се родила нивната ќерка.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Трофео Енцо Саки
3. ГП Чита ди Монсумано
4. Трофео С.К. Корсанико
2009
1. Фиренца-Вијареџо
3. Болоња-Ратикоса
4. Гран Премио Чита ди Емполи
5. Трофео Нести & Нели
8. ГП Каподарко
8. Трофео Педалата Елетрика
9. Трофео С.К. Корсанико
9. Копа Кадути
2010
2. ГП Кјанти Колине д’Елса
3. Краен пласман Џиро деле Песке Нетарине
3. Болоња-Ратикоса
3. Трофео Чита ди Ластра а Сиња
5. Копа Спортиви Малвеси
7. ГП Броџо
9. ГП Палио дел Речото
9. Фиренце-Вијареџо
10. Краен пласман Карпачки
1. Етапа 2 (ITT)
10. Трофео Матеоти
2012
3. Јапонски куп
7. Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2013
2. Милано-Торино
3. Џиро ди Ломбардија
4. Краен пласман Трка околу Полска
1. Jersey white.svg Бодовен пласман
7. Краен пласман Џиро д’Италија
2014
Тур де Франс
1. Точкаста маичка Планински пласман
1. Етапа 14
1. Етапа 17
1. Jersey yellow.svg Генерален пласман Трка околу Полска
1. Етапа 5
1. Етапа 6
4. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
4. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
6. Краен пласман Џиро д’Италија
2015
1. Етапа 11 Тур де Франс
2. Милано-Торино
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Трка околу Оман
7. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Тур де Свис
2016
1. MaillotPolonia.PNG Национално друмско првенство
3. Bronze medal olympic.svg Олимписка друмска трка
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
5. Краен пласман Џиро д’Италија
7. Краен пласман Тур де Сан Луис
Тур де Франс
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 15
2017
2. Краен пласман Трка околу Калифорнија
1. Етапа 2
6. Краен пласман Трка Абу Даби
7. Трофео Поленка-Порт де Андрат
10. Лиеж-Бастоњ-Лиеж

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро 7 6 5
Jersey yellow.svg Тур 44 28 27
Jersey red.svg Вуелта СО 32 19 3

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тур де Франс: Мајка победи во Ризул“. Cyclingnews.com. 19 јули 2014. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-14/results. конс. 19 јули 2014 г. 
  2. „Тур де Франс: Мајка победоносен на Пла д’Аде“. Cyclingnews.com. 23 јули 2014. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-17/results. конс. 23 јули 2014 г. 
  3. Мајка крунисан како победник на Трката околу Полска додека Вандевале победи на хронометарот на седмата етапа“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 9 август 2014 (конс. 24 септември 2014 г).
  4. „Rafal Majka ends successful Giro d’Italia campaign with top 5 GC finish in Turin, as Jay McCarthy takes 9th on stage“. Tinkoff Team. 29 мај 2016. http://www.tinkoffteam.com/news/rafal-majka-ends-successful-giro-ditalia-campaign-top-5-gc-finish-turin-jay-mccarthy-takes-9th-stage/. конс. 8 август 2016 г. 
  5. „Tinkoff Teamwork against all odds carries Rafal Majka to Polish national championship victory“. Tinkoff Team. 26 јуни 2016. http://www.tinkoffteam.com/news/tinkoff-teamwork-odds-carries-rafal-majka-polish-national-championship-victory/. конс. 8 август 2016 г. 
  6. О’Ши, Садб (24 јули 2016). „Tour de France: Sagan and Majka save Tinkoff“. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-sagan-and-majka-save-tinkoff/. конс. 8 август 2016 г. 
  7. „Rio Olympics 2016, men's cycling road race: Greg Van Avermaet wins gold after crash ends Geraint Thomas and Vincenzo Nibali hopes“. The Telegraph. 6 август 2016. http://www.telegraph.co.uk/olympics/2016/08/06/rio-olympics-2016-mens-road-race-chris-froome-live/. конс. 6 август 2016 г. 
  8. Гаѕала, Павел (8 август 2016). „Olympic Games: Majka scores another historic result for Poland“. http://www.cyclingnews.com/news/olympic-games-majka-scores-another-historic-result-for-poland/. конс. 8 август 2016 г. 
  9. „Majka joins Sagan at Bora-Hansgrohe for 2017“. 30 август 2016. http://www.cyclingnews.com/news/majka-joins-sagan-at-bora-hansgrohe-for-2017/. конс. 14 октомври 2016 г. 
  10. Rafał Majka wziął ślub - se.pl - 18-02-20178

Надворешни врски[уреди | уреди извор]