Кејлеб Јуан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кејлеб Јуан
Јуан на Трката околу Британија 2018
Лични податоци
Цело имеКејлеб Јуан
ПрекарЏебна ракета (The Pocket Rocket)
Роден11 јули 1994 (1994-07-11) (28 г.)
Сиднеј, Австралија Австралија
Висина1,67 м[1]
Маса69 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубЛото-Судал
Дисциплинадрумски и велодромски
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2013–2014
2014
Џајко-АИС Академија
Орика-ГринЕЏ (стажант)
Професионални клубови
2014–2018
2019-
Орика-ГринЕЏ
Лото-Судал
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
5 поединечни етапи (2019, 2020)
Џиро д’Италија
5 поединечни етапи (2017, 2019, 2021)
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2015)

Еднодневни трки и класици

ЈуроАјс Класик (2016)
Класика де Алмерија (2018)
Бриселски велосипедски класик (2019)
Схелдепрејс (2020)
ГП де Фурмје (2022)
Последна промена
20 октомври 2022

Кејлеб Јуан (англиски: Caleb Ewan; р. 11 јули 1994 во Сиднеј) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Судал.[2] Негова специјалност е спринтот. Има сличен стил на возење на Марк Кевендиш, со исклучително ниска положба[3] што му дава значајна аеродинамична предност.[4]

Животопис[уреди | уреди извор]

Јуан е роден во Нов Јужен Велс во семејство на корејска мајка и австралиски татко. На осум години започнал да вози, поттикнат од неговиот татко, кој исто така бил велосипедист.[5] Јуан започнал со трки во велосипедизам на десет години. Во 2010 година станал национален јуниорски друмски првак. Следната година освоил повеќе дисциплини на националните јуниорски велодромски првенства и станал светски првак во омниум на Светското јуниорско велодромско првенство.

Во 2013 година, Јуан започнал да вози за Џајко-АИС Академија. Таа година ја освоил првата етапа како и генералниот пласман на Заливскиот класик. Исто така, победил на Ла Кот Пикард, Гран Премио Палио дел Речото и етапи на Тур Алзас, Трката околу Тирингија и Тур де л’Авенир. На крајот на годината завршил четврти на друмската трка под 23 години на Светското друмско првенство.

Јуан потпишал преддоговор со екипата Орика-ГринЕЏ во октомври 2013 година, приклучувајќи се на екипа од Светската турнеја како стажант од август 2014 година и како професионален од октомври.[6][7] На почетокот на август, пред да се приклучи на екипата, Јуан учествувал на друмската трка на Комонвелтските игри 2014, настапувајќи за Австралија. Австралиската репрезентација се обидела да ја контролира трката за спринт на Јуан, но не успеале во тоа. Откако се обидел да стигне сам до тројцата предводници, се повлекол назад и бил последен кој ја поминал целта; завршил на 12. место, над 11 минути зад освојувачот на златниот медал Герајнт Томас (Велс).[8]

Негови први професионални победи биле втората и третата етапа на Хералд Сан Тур 2015. Еден месец подоцна, на Тур де Лангкави ја освоил втората професионална победа и водството во генералниот пласман. Иако го загубил водството на трката, Јуан ја освоил втората етапа (трета победа во кариерата) и бодовниот пласман. Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015,[9] каде ја освоил петтата етапа,[10] но се повлекол од трката на десеттата етапа.[11]

Во 2016 година, Јуан учествувал на Тур Даун Андер и ја освоил првата етапа во масовен спринт.[12] Стигнал со втора победа и на шестата етапа.[13] Победил и на втората етапа на Хералд Сан Тур, уште една австралиска трка.[14] Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016.[15] Возел на Џиро д’Италија 2017, каде што ја освоил седмата етапа во групен спринт.[16]

Во јули 2019 година учествувал на Тур де Франс 2019 и на единаесеттата етапа го поразил Дилан Груневеген во тесен спринт во Тулуза.[17][18] Ја освоил етапата 16 на Тур де Франс во Ним, тесно поразувајќи го Елија Вивијани, а победил и на познатата завршна етапа во Париз на Шанзелизе, повторно тесно победувајќи го Груневеген.

Тој бил последен на Тур де Франс 2022, завршувајќи над 5 часа позади крајниот победник Јонас Вингегор.[19]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Друмски[уреди | уреди извор]

2010
1. MaillotAustralia.PNG Национално јуниорско друмско првенство
2011
1. MaillotAustralia.PNG Национално јуниорско хронометарско првенство
2012
Национални јуниорски друмски првенства
1. MaillotAustralia.PNG Хронометар
2. Друмска трка
1. Гент-Менен
1. Етапа 4 Реџо-Тур јуниори
1. Етапа 2б Лиеж-Ла Глез
2. Silver medal blank.svg Светско јуниорско друмско првенство
2. Трофео Комуне ди Вертова
2. Трофео Емилио Паганеси
3. Краен пласман Кезер дер Јуниорес
2013
1. ГП Палио дел Речото
1. Ла Кот Пикард
Трка околу Тирингија
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4
1. Етапа 7
Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Тур Алзас
3. ГП Индустри дел Мармо
4. Светско друмско првенство под 23 години
8. Трофео Пива
2014
1. MaillotAustralia.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. Етапа 2 Тур де л’Авенир
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство под 23 години
2. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
6. Трофео Пива
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Кореја
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Вуелта а Ла Риоха
Тур де Лангкави
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 6
Хералд Сан Тур
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 5 Вуелта а Еспања
2. Национално друмско првенство
2016
1. ЈуроАјс Класик
1. Тур Даун Андер
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 8 Трка околу Британија
1. Етапа 2 Хералд Сан Тур
2017
Тур Даун Андер
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 6
Трка околу Британија
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Тур де Јоркшир
1. Етапа 7 Џиро д’Италија
1. Етапа 4 Трка околу Полска
1. Етапа 4 Трка Абу Даби
1. Пиплс Чојс Класик
10. Милано-Санремо
2018
1. Класика де Алмерија
1. Етапа 2 Тур Даун Андер
1. Етапа 8 Трка околу Британија
2. Милано-Санремо
4. Национално друмско првенство
2019
1. Бриселски велосипедски класик
Тур де Франс
1. Етапа 11
1. Етапа 16
1. Етапа 21
Џиро д’Италија
1. Етапа 8
1. Етапа 11
Трка околу Турција
1. Етапа 4
1. Етапа 6
1. Етапа 4 Трка ОАЕ
1. Етапа 4 ЗЛМ Тур
2. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2. Јуроајс Класик
2020
1. Схелдепрејс
Тур де Франс
1. Етапа 3
1. Етапа 11
Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Трка ОАЕ
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 1 Тур де Валони
2. Милано-Торино
7. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2021
Џиро д’Италија
1. Етапа 5
1. Етапа 7
Трка околу Белгија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 4
1. Етапа 5 Трка Бенелукс
1. Етапа 7 Трка ОАЕ
2. Милано-Санремо
2022
1. Гран при де Фурмје
Трка околу Турција
1. Етапа 1
1. Етапа 6
1. Етапа 3 Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 Тур де Алпс-Маритим ет ди Вар
1. Етапа 1 Трка околу Саудиска Арабија
1. Етапа 1 Трка околу Белгија
2. Курне-Брисел-Курне
2. Елфстеденронде
2. Фландриско првенство

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Jersey pink.svg Џиро СО СО СО СО СО
Jersey yellow.svg Тур 132 144 СО 135
Jersey red.svg Вуелта СО

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо 10 2 29 113 2
Трка околу Фландрија не настапил во текот на својата кариера
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Џиро ди Ломбардија
Класични трки 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Курне-Брисел-Курне 15 2
Гент-Вевелгем 101 СО
Схелдепрејс 1
Хамбуршки класик 1 34 2 НСО 88
Бриселски велосипедски класик 1
Милано-Торино 2
Париз-Тур 178

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Критериуми[уреди | уреди извор]

2012
2. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 1
2014
3. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 4
3. Даун Андер Класик
2015
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
2. Национално првенство
2016
1. MaillotAustralia.PNG Национално првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Даун Андер Класик
2017
1. MaillotAustralia.PNG Национално првенство
1. Даун Андер Класик
3. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 3
2018
1. MaillotAustralia.PNG Национално првенство
3. Даун Андер Класик
2019
1. Даун Андер Класик
2. Краен пласман Заливски класични серии
1. Етапа 2
1. Етапа 3

Велодромски велосипедизам[уреди | уреди извор]

2011
1. Jersey rainbow.svg Светско јуниорско првенство во омниум
Национални јуниорски првенства
1. MaillotAustralia.PNG Омниум
1. MaillotAustralia.PNG Бодовна трка
1. MaillotAustralia.PNG Медисон
2. Екипна потера
3. Скреч
2012
Национални јуниорски првенства
2. Медисон
2. Бодовна трка
3. Скреч
3. Екипна потера
2. Океански првенства - поединечна потера
2013
2. Национално првенство - екипна потера

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Caleb Ewan | Lotto Soudal“. Лото-Судал. Посетено на 10 July 2022.
  2. „Lotto Soudal“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  3. „A tiny 22-year-old Aussie bike racer has the most extreme sprinting position in pro cycling“. Business Insider (англиски). Посетено на 31 May 2017.
  4. „Getting low: Caleb Ewan explains his super-aero sprinting position“. CyclingTips. 1 февруари 2016. Посетено на 8 февруари 2016.
  5. „Korean-Australian Cyclist Caleb Ewan (16) won Australian Track Championship : Korea.net : The official website of the Republic of Korea“. www.korea.net.
  6. „Кејлеб Јуан потпиша со Орика-ГринЕЏ“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2016-01-20.
  7. „Кејлеб Јуан потпиша преддоговор со австралиската екипа Орика-ГринЕЏ“. skysports.com. 21 октомври 2013. Посетено на 2 јануари 2015.
  8. О’Ши, Садб (4 август 2014). „Тежок ден за Јуан на Комонвелтските игр“. Cyclingnews.com. Посетено на 10 март 2015.
  9. „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
  10. Виндзор, Ричард (1 септември 2015). „Caleb Ewan takes maiden Grand Tour victory on Vuelta a España stage five“. Cycling Weekly. Посетено на 1 септември 2015.
  11. „Јуан се повлече од Вуелта а Еспања на етапата 10“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 31 август 2015. Посетено на 31 август 2015.
  12. Вудпауер, Зеб (19 јануари 2016). „Тур Даун Андер: Јуан ја освои првата етапа“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 2016-01-21. Посетено на 19 јануари 2016.
  13. Милјачо, Вал (24 јануари 2016). „Tour Down Under 2016: Caleb Ewan wins Stage 6“. The Advertiser. Посетено на 11 февруари 2016.
  14. Вин, Најџел (5 февруари 2016). „Caleb Ewan wins stage two of Herald Sun Tour as Peter Kennaugh retains lead“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 11 февруари 2016.
  15. „99th Giro d'Italia Startlist“. Pro Cycling Stats. Посетено на 6 мај 2016.
  16. „A tiny 22-year-old Aussie bike racer has the most extreme sprinting position in pro cycling“. Business Insider (англиски). Посетено на 31 мај 2017.
  17. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  18. Official Tour de France site. Retrieved 17 July 2019.
  19. „Caleb Ewan has locked down the Tour de France Lanterne Rouge classification“. 23 July 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]