Џон Дегенколб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон Дегенколб
Дегенколн во 2015 година
Лични податоци
Цело име Џон Дегенколб
Роден 7 јануари 1989 (1989-01-07) (воз. 28 г.)
Гера,  Источна Германија
Висина 1,80 м[1]
Маса 77 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Трек-Сегафредо
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2008–2010 Тирингер Енерги Тим
Професионални клубови
2011
2012–2016
2017-
ХТЦ-Хајроад
Проект 1т4и
Трек-Сегафредо
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2013)
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2014)
10 индивидуални етапи (2012, 2014, 2015)

Етапни трки

Тур де Пикарди (2012)

Еднодневни трки и класици

Милано-Сан Ремо (2015)
Париз-Рубе (2015)
Ватенфал Класик (2013)
Гент-Вевелгем (2014)
Трка околу Франкфурт (2011)
Париз-Тур (2013)
Минстерланд Џиро (2016)

Друго

Европска турнеја UCI (2012)
Последна промена
10 април 2017

Џон Дегенколб (германски: John Degenkolb; р. 7 јануари 1989 во Гера) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Трек-Сегафредо.

Во 2010, ја освоил неговата прва етапна трка, Трка околу Тирингија и завршил втор на трката под 23 години на Светското друмско првенство. Досега, негови најголеми победи во кариерата се Гент-Вевелгем 2014, деветте етапи на Вуелта а Еспања 2012, двете етапи на Критериум ду Дофине 2011[2] и победата на крајот на Европската турнеја UCI 2012.[3][4]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

ХТЦ-Хајроуд (2011)[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Дегенколб станал професионален со екипата ХТЦ-Хајроуд, следејќи ги чекорите на други познати спринтери како Марк Кевендиш и Андре Грајпел. Во неговата прва сезона ги освоил етапите на Волта ао Алгарве, Три дена Западна Фландрија и Трката околу Баварија, пред да освои две етапи на Критериум ди Дофине. Исто така ја освоил еднодневната Трка околу Франкфурт.

Пројект 1т4и / Џајант-Алпецин (2012-2016)[уреди | уреди извор]

2012[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на екипата ХТЦ на крајот на 2011 година, Дегенколб се преселил во професионалната континентална екипа Пројецт 1т4и.

Дегенколб го освоил генералниот пласман на Тур де Пикарди 2012, каде ги освоил првата и третата етапа на триетапната трка. Временските бонуси на целта на етапите му ја обезбедиле победата во генералниот пласман.[5]

На 19 август 2012, Дегенколб ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка, втората етапа на Вуелта а Еспања, која завршувала во Вијана. На малата нагорнина, тој ја поминал целта пред Алан Дејвис од Орика-ГринЕЏ и возачот на Тим Скај Бен Свифт.[6] Го повторил успехот на петтата етапа, рамна кружна етапа во Логроњо. Дегенколб дошол зад Даниеле Бенати, кој го отпочнал спринтот и направил одредена разлика во последните 200 метри и ја поминал целта со мала разлика од возачот на РадиоШек-Нисан.[7]

Со маичката за бодовниот пласман на неговите гради ја однел третата победа на Вуелта на седмата етапа, на етапа со завршница по круг на патеката во Моторленд Арагон.[8] Потоа следел уште еден успех на десеттата етапа, Дегенколб повторно стигнал до победа во Санхенхо, откако силно ги притиснал педалите на нагорнината и го поминал Французинот Насер Бухани од ФДЖ-БигМет.[9] Ја завршил Вуелта со пет победи, вклучувајќи ја и престижната последната етапа во Мадрид, каде го заокружил неговото второ учество на некоја голема трка со уште една победа.[10]

По овие успеси на Дегенколб следеле уште една спринтерска победа на Гран при д’Изберг[11] и четврто место на Светските првенства во Валкенбург, зад победникот Филип Жилбер (БМЦ Рејсинг Тим).[12]

2013[уреди | уреди извор]

Успесите на Дегенколб во 2013 година започнале во мај со етапна победа на Џиро д’Италија, негова прва победа на трката во Италија.[13] На Тур де Франс, Дегенколб важел како главен помошник за неговиот колега Марсел Кител, кој освоил четири етапи. Потоа, Дегенколб настапил и победил на Ватенфал Класик во неговата родна земја, победувајќи го Андре Грајпел на целта на трката.[14] Во октомври, Дегенколб победил на две трки во Франција во помалку од една недела, Париз-Бурж и Париз-Тур.[15]

2014[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, Дегенколб го освоил белгискиот класик Гент-Вевелгем, бодовниот пласман и три етапи на Медитеранската трка и 3 етапи на Вуелта а Еспања. Етапата вклучувала две категоризирани искачувања и била возена во прилична жештина.[16] Втората била масовен спринт каде возачот на ФДЖ Насер Буани се жалел дека бил неспортски турнат во оградите од Дегенколб, кој сепак ја задржал победата.[17] Третиот успех бил „луда завршница“ според Дегенколб, кој бил подобар од второпласираниот Том Бонен.[18] Четвртата победа дошла на седумнаесеттата етапа кога го поминал Мајкл Метјус на целта.[19] Веднаш по Вуелта и освојувањето на бодовниот пласман, Дегенколб морал да биде примен во болница поради лимфна инфекција.[20]

2015[уреди | уреди извор]

Дегенколб (средина) на подиумот по победата на Париз-Рубе 2015

Во 2015 година, Дегенколб ја освоил првата трка во Дубаи, третата етапа на трката. Ја остварил најголемата победа во неговата кариера дотогаш со победата во март на Милано-Сан Ремо, каде го освоил спринтот пред претходниот победник од 2014 година, Александер Кристоф.[21] Во април го освоил прославениот класик Париз-Рубе. Во последните километри ги достигнал двајцата бегалци и на крајот победил во групен спринт од седуммина на велодромот во Рубе.[22] Станал првиот Германец кој победил на трката од Јозеф Фишер, кој победил на воведното издание во 1896 година и прв возач кој ги освоил Милано-Сан Ремо и Париз-Рубе во истата година по Шон Кели во 1986 година.[23] Во мај, Дегенколб освоил две етапи на Трката околу Баварија, освојувајќи го и бодовниот пласман.[24]

Во текот на Тур де Франс, Дегенколб го заменил Кител како главен спринтер на Џајант-Алпецин и предводник на екипата.[25] Го опишал неговото учество како „задоволително, иако не баш она за што сонував“,[26] откако завршил помеѓу најдобрите десет на осум различни етапи без да победи на една од нив.[27] Ова вклучувало второ место на четвртата етапа, која имала делови со калдрма. Дегенколб бил напред во групата по нападите од Винченцо Нибали на деловите со калдрма, но на крајот бил победен со напад на сонародникот Тони Мартин.[28]

На Вуелта а Еспања 2015, Дегенколб бил избран за предводник на екипата.[29] На првите две недели од трката, етапните победи го одбегнале, завршувајќи високо на неколку етапи, вклучувајќи помеѓу најдобрите тројца на етапите 3, 5 и 10.[30] Кога колегата Том Димулен неочекувано влегол во борбата за генералниот пласман, Дегенколб работел за Холанѓанецот, вклучувајќи „изненадувачки“[31] резултат на деветнаесеттата етапа. На планинскиот терен успеал да остане со дваесетина возачи до крајот, поставувајќи го Димулен за напад на калдрмисаното искачување на завршницата во Авила.[32] Дегенколб бил пофален за неговиот резултат, а спортскиот директор го нарекол „феноменален“.[31] Дегенколб успеал да ја освои последната етапа во Мадрид, победувајќи возачи како Дани ван Попел во масовен спринт.[33]

Кон крајот на сезоната, Дегенколб настапил на Светското друмско првенство во Ричмонд,[34][35] вклучен во водечката двојка со спринтерот Андре Грајпел.[36] Бил сметан од многумина за способен да победи.[37][38][39][40] На самата трка, Дегенколб бил напред во групата поголем дел од последните кругови на трката. На калдрмисаното искачување во последниот круг, Дегенколб бил првиот кој го следел нападот на Здењек Штибар, но не успеал да го следи подоцнежното темпо од групата составена од Ники Терпстра и Грег ван Авермет, помеѓу другите. На крајот, завршил на 29. место, 15 секунди зад победникот Петер Саган.[41] По трката изјавил: „Секако, многу сум разочаран. Кога Петер Саган нападна на претпоследното искачување, немав ништо останато да реагирам“.[42] Дегенколб ја завршил својата сезона со победа на Критериум Саитама во Јапонија, победувајќи го локалниот возач Фумијуки Бепу (Трек-Сегафредо) и победникот на Тур де Франс Крис Фрум (Тим Скај) во спринтерска завршница. По трката изјавил: „Беше многу добра трка, со многу гледачи. Многу се емотивни, особено на крајот кога толпата беше толку гласно и може дури и да се спореди со Шанзелизе со самата атмосфера и бучавата на патот […]. Сега, сезоната е навистина завршена за мена и почнуваат подготовките за новата сезона“.[43]

2016[уреди | уреди извор]

На 23 јануари 2016 година, додека тренирале во ШПанија, бил еден од шестмината возачи на Џајант-Алпецин, кои биле удрени од автомобил. Сите возачи биле во стабилна состојба.[44] Дегенколб имал исеченици на бутот, подлактицата и неговите усни, како и за малку губејќи еден прст.[45] Бил лекуван во Валенсија и Хамбург, но ја пропуштил пролетната класична сезона.[46] Се вратил на Трката околу Франкфурт на 1 мај 2016.[47] Иако не завршил добро на трката, рекол дека бил „задоволен“ од неговиот настап и ја нарекол трката важен чекор кон неговото опоравување.[48] Потоа настапил на Трката околу Калифорнија, каде имал две завршници меѓу првите десет и бил среќен со напредокот, иако неговиот повреден прст сè уште пречка во спринтовите.[49] Покажал понатамошно подобрување на Критериум ди Дофине, прва трка во Светската турнеја, завршувајќи осми на четвртата етапа.[50] Дегенколб ја започнал Тур де Франс во јули, целејќи особено на 16. етапа која завршувала во Берн.[51] На крајот, завршил четврти на масовните спринтови на четиринаесеттата и шеснаесеттата етапа, негови најдобри резултати во сезоната дотогаш.[52][53]

На 8 јули 2016 година, Дегенколб објавил дека ќе ја напушти екипата Џајант-Алпесин и ќе се приклучи во нова екипа за 2017.[54] Во август, неговата нова екипа била потврдена и тоа била Трек-Сегафредо.[55] Ја остварил својата прва победа во сезоната 2016 на 14 август на завршната етапа на Арктичката трка на Норвешка, исто така обезбедувајќи го бодовниот пласман на трката.[56] Потоа следело второто место на Јуроајс Класик во Хамбург, стигнувајќи зад Кејлеб Јуан во масовен спринт.[57]

На Светското друмско првенство во Доха, Дегенколб бил дел од германската репрезентација. Првично останал во групата напред по нападот на белгискиот состав, кој ја поделил групата. Дупната гума го приморала Дегенколб да се врати во втората група. Тука, Дегенколб се обидел да го предводи сонародникот Андре Грајпел напред, напор кој бил попречен од белгиските возачи, што довело Дегенколб да испрска со вода во лицето на Јенс Дебишер.[58][59] Зборувајќи за инцидентот по трката, Дегенколб кажал: „Ох, Јенс бараше освежување и ја му ја уважив желбата“.[60] По повлекувањето од трката поради премореност на 40 километри пред целта,[58] Дегенколб ја заокружил неговата сезона со: „Ова беше лоша сезона оваа година. Но, уште сум жив, животот оди понатаму“.[60] Ја завршил сезоната на Трката Абу Даби, каде стигнал втор зад Џакомо Ницоло на првата етапа.[61]

Трек-Сегафредо (2017–)[уреди | уреди извор]

2017[уреди | уреди извор]

Дегенколб ја забелажал својата прва победа во 2017 на 2 февруари на третата етапа на Трката Дубаи, претекнувајќи ги Рејнарт Јансе ван Ренсбург и Сони Колбрели во масовен спринт.[62] Ја завршил трката на третото место.[63]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2008
1. Етапа 2 Трка околу Тирингија
2. Краен пласман Тур ду Хаут Анжу
2. ЗЛМ Тур
3. Bronze medal blank.svg Друмска трка под 23 години Светско друмско првенство UCI
2009
3. ЗЛМ Тур
3. Трка околу Фландрија
2010
Тур де Бретања
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 3 Тур Алзас
Тур де л’Авенир
1. Етапа 1
1. Етапа 5
1. Краен пласман Трка околу Тирингија
1. Етапа 3
9. Краен пласман ФБД Инсуранс Рас
1. Етапа 6
1. Етапа 8
2. Ла Кот Пикард
2. Silver medal blank.svg Светско друмско првенство под 23 години
2011
Критериум ду Дофине
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
1. Етапа 1 Три дена Западна Фландрија
1. Трка околу Франкфурт
1. Етапа 2 Трка околу Баварија
2. Трофео Кала Милор
2. Минстерланд Џиро
4. Париз-Бурж
2012
1. Краен пласман Европска турнеја UCI
1. Краен пласман Тур де Пикарди
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Гран при д’Исберкес
Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Етапа 7
1. Етапа 10
1. Етапа 21
1. Етапа 7 Трка околу Полска
3. Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Етапа 1
1. Етапа 2
4. Светски друмски првенства UCI
4. Париз-Тур
5. Милано-Сан Ремо
6. Е3 Харелбеке
2013
1. Ватенфал Класик
1. Париз-Бурж
1. Париз-Тур
1. Етапа 5 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Тур де л’Еурометропол
1. Етапа 2
1. Етапа 4
2. Париз-Брисел
2. Гран при д’Исберг
3. Национално друмско првенство
4. Трка околу Франкфурт
9. Трка околу Фландрија
10. ГП Уест-Франција
2014
1. Гент-Вевелгем
Медитеранска трка
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
Париз-Ница
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 3
Вуелта а Еспања
1. Етапа 4
1. Етапа 5
1. Етапа 12
1. Етапа 17
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Париз-Бурж
2. Париз-Рубе
2. Трка околу Франкфурт
2. Минстерланд Џиро
2. Бинше-Шиме-Бинше
3. Краен пласман Етоал де Бесеже
1. Jersey yellow.svg Бодовен пласман
4. Гран при д’Увертир ла Марселеза
9. Светско друмско првенство
2015
1. Милано-Сан Ремо
1. Париз-Рубе
1. Етапа 3 Дубаи Тур
1. Етапа 21 Вуелта а Еспања
Трка околу Баварија
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Гуден Пејл
1. Етапа 1 Шпаркасен Џиро Бохум
1. Критериум Саитама
1. Велсер Шпаркасен Иненштат-Критериум
7. Трка околу Фландрија
2016
1. Минстерланд Џиро
Арктичка трка на Норвешка
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 4
2. Јуроајс Класик
5. ГП Западна Франција
2017
3. Краен пласман Трка Дубаи
1. Етапа 3
5. Гент-Вевелгем
7. Милано-Сан Ремо
7. Трка околу Фландрија
7. Париз-Рубе

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016
Jersey pink.svg Џиро СО
Jersey yellow.svg Тур 121 123 109 148
Jersey red.svg Вуелта 144 131 116 90

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Џон Дегенколб“. 
  2. Дегенколб го докажал неговото педигре на етапата четири
  3. Дегенколб горд по освојувањето на Европската турнеја“, „Аргос-Шимано“, Project 1t4i, 8 октомври 2012 (конс. 22 октомври 2012 г).
  4. Аткинс, Бен. „Paris-Tours heroics secure John Degenkolb the overall Europe Tour“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 8 октомври 2012 (конс. 22 октомври 2012 г).
  5. Дегенколб победи на Тур де Пикарди“, „Cycling News“, Future Publishing, 13 мај 2012 (конс. 13 мај 2012 г).
  6. Бен Аткинс. „Вуелта а Еспања: Џон Дегенколб ја освоил етапата два“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012 г).
  7. Дегенколб добил уште една етапа на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 август 2012 (конс. 22 август 2012 г).
  8. Vuelta a España: John Degenkolb motors to a hat-trick on Alcañiz race circuit“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 24 август 2012 (конс. 24 август 2012 г).
  9. Мур, Кајл. „Четири победи за Дегенколб по етапата 10 во Санхенхо“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 28 август 2012 (конс. 29 август 2012 г).
  10. Аткинс, Бен. „Џон Дегенколб до бројот пет на последната етапа, додека Контадор победи“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012 г).
  11. Дегенколб спринташе до 11. победа во сезоната“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 16 септември 2012 (конс. 27 септември г).
  12. Бен Аткинс. „Џон Дегенколб изгледа среќен со четвртото место на Светското првенство“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 25 септември 2012 (конс. 26 септември 2012 г).
  13. Фотерингем, Аласдер. „Degenkolb ecstatic after taking first Giro d'Italia stage win“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 8 мај 2013 (конс. 9 мај 2013 г).
  14. Најџел Вин. „Џон Дегенколб победи на Ватенфал Класик“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 25 август 2013 (конс. 16 октомври 2013 г).
  15. Бери Рајан. „Дегенколб ја заокружи 2013 со победа на Париз-Тур“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 13 октомври 2013 (конс. 16 октомври 2013 г).
  16. Даниел Бенсон. „Вуелта а Еспања: Дегенколб ја освои четвртата етапа во Кордоба“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 август 2014 (конс. 29 август 2014 г).
  17. Бери Рајан. „Дегенколб ги отфрли поплаките на Буани на Вуелта а Еспања“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 27 август 2014 (конс. 27 август 2014 г).
  18. Спенсер Паулисон. „Дегенколб ја освоил третата етапа на Вуелта на етапата 12“, 4 септември 2014 (конс. 4 септември 2014 г).
  19. Вуелта а Еспања: Дегенколб победи во А Коруња“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 10 септември 2014 (конс. 10 септември 2014 г).
  20. Дегенколб во болница во Франкфурт“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 16 септември 2014 (конс. 16 септември 2014 г).
  21. Бери Рајан. „Дегенколб победи на Милано-Сан Ремо“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 23 март 2015 (конс. 29 март 2015 г).
  22. Дегенколб победи на Париз-Рубе“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 12 април 2015 (конс. 13 април 2015 г).
  23. „Сер Бредли Вигинс 18. на Париз-Рубе додека Џон Дегенколб победи“. 12 април 2015. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/32276433. конс. 13 април 2015 г. 
  24. „Ergebnis-Archiv“ (на германски). http://www.bayern-rundfahrt.com/index.php/resultate. конс. 3 октомври 2015 г. 
  25. О’Ши, Садб (3 јули 2015). „Degenkolb to lead Giant-Alpecin at the Tour de France“. http://www.cyclingnews.com/news/degenkolb-to-lead-giant-alpecin-at-the-tour-de-france/. конс. 12 август 2015 г. 
  26. „Degenkolb setzt auf Kittels Tipps“ (на германски). Sport 1. 21 јули 2015. http://www.sport1.de/radsport/2015/07/tour-de-france-john-degenkolb-will-sich-tipps-von-marcel-kittel-holen. конс. 12 август 2015 г. 
  27. „John Degenkolb“. http://www.cyclingarchives.com/coureurfiche.php?coureurid=22100. конс. 12 август 2015 г. 
  28. Флечер, Патрик (8 јули 2015). „Tour de France: Tony Martin wins cobbled stage 4 in Cambrai“. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-4/results/. конс. 12 август 2015 г. 
  29. Кларк, Стјуарт (12 август 2015). „John Degenkolb to lead Giant-Alpecin at Vuelta a España“. http://www.cyclingweekly.co.uk/racing/vuelta-a-espana/john-degenkolb-to-lead-giant-alpecin-at-vuelta-a-espana-186926. конс. 19 септември 2015 г. 
  30. „70th Vuelta a Espana (2.UWT)“. http://www.procyclingstats.com/race/Vuelta_a_Espana_2015-stages. конс. 19 септември 2015 г. 
  31. 31,0 31,1 „Degenkolb vor WM: "Alles oder Nichts"“ (на германски). Kicker. 14 септември 2015. http://www.kicker.de/news/radsport/startseite/635051/artikel_degenkolb-vor-wm_alles-oder-nichts.html. конс. 19 септември 2015 г. 
  32. Вестермајер, Сузан (11 септември 2015). „Vuelta a Espana: Gougeard wins in Avila“. http://www.cyclingnews.com/vuelta-a-espana/stage-19/results/. конс. 19 септември 2015 г. 
  33. „Vuelta a Espana: Degenkolb wins final stage in Madrid“. 16 септември 2015. http://www.cyclingnews.com/vuelta-a-espana/stage-21/results/. конс. 19 септември 2015 г. 
  34. Фотерингем, Аласдер (15 септември 2015). „World Championships countdown: John Degenkolb Q and A“. http://www.cyclingnews.com/news/world-championships-countdown-john-degenkolb-q-and-a/. конс. 3 октомври 2015 г. 
  35. Браун, Грегор (14 септември 2015). „Degenkolb targets Richmond worlds to cap monumental season“. VeloNews. http://velonews.competitor.com/2015/09/news/road/degenkolb-targets-richmond-worlds-to-cap-monumental-season_384806. конс. 3 октомври 2015 г. 
  36. Худ, Ендру (25 август 2015). „No worlds for Kittel as Germans tap Greipel, Degenkolb“. VeloNews. http://velonews.competitor.com/2015/08/news/no-worlds-for-kittel-as-germans-tap-greipel-degenkolb_382618. конс. 3 октомври 2015 г. 
  37. Бенсон, Даниел (18 септември 2015). „World Championships Preview“. http://www.cyclingnews.com/uci-road-world-championships/preview/. конс. 3 октомври 2015 г. 
  38. „The Telegraph Cycling Podcast: Degenkolb, Nibali, Kristoff … who can win at the world championships?“. The Telegraph. 24 септември 2015. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/11888617/The-Telegraph-Cycling-Podcast-Degenkolb-Nibali-Kristoff-...-who-can-win-at-the-world-championships.html. конс. 3 октомври 2015 г. 
  39. „Worlds Gallery: 15 favorites for men’s road race“. VeloNews. 25 септември 2015. http://velonews.competitor.com/2015/09/gallery/worlds-gallery-15-favorites-for-mens-road-race_385658#. конс. 3 октомври 2015 г. 
  40. „Breaking down the favorites for the road world championships“. USA Today. 11 септември 2015. http://www.usatoday.com/story/sports/cycling/2015/09/11/breaking-down--favorites---road-world-championships/72077900/. конс. 3 октомври 2015 г. 
  41. „Sagan storms to solo victory at the World Championships“. 29 септември 2015. http://www.cyclingnews.com/uci-road-world-championships/elite-men-road-race/results/. конс. 3 октомври 2015 г. 
  42. „Straßenrennen bei Rad-WM: Chancenloser Degenkolb“. Frankfurter Allgemeine Zeitung. 27 септември 2015. http://www.faz.net/aktuell/sport/mehr-sport/john-degenkolb-enttaeuscht-bei-der-rad-wm-13827174.html. конс. 3 октомври 2015 г. 
  43. О’Ши, Садб (25 октомври 2015). „Degenkolb wins Saitama Criterium“. http://www.cyclingnews.com/races/saitama-criterium-2015/results/. конс. 26 октомври 2015 г. 
  44. „John Degenkolb and Warren Barguil among six Giant-Alpecin cyclists hospitalised after being hit by a car“. Irish Independent. 23 јануари 2016. http://www.independent.ie/sport/other-sports/cycling/john-degenkolb-and-warren-barguil-among-six-giantalpecin-cyclists-hospitalised-after-being-hit-by-a-car-34390916.html. 
  45. „John Degenkolb - Danke für eure Unterstützung“ (на германски). 23 јануари 2016. http://www.johndegenkolb.de/de/437-danke-f%25C3%25BCr-eure-unterst%25C3%25BCtzung.html. конс. 11 февруари 2016 г. 
  46. „John Degenkolb - Es geht voran“ (на германски). 3 февруари 2016. http://www.johndegenkolb.de/de/441-es-geht-voran.html. конс. 11 февруари 2016 г. 
  47. „Degenkolb gibt Comeback am 1. Mai“ (на германски). kicker. 26 април 2016. архивирано од оригиналот на 26 април 2016. https://web.archive.org/web/20160426121003/http://www.kicker.de/news/radsport/startseite/650428/artikel_degenkolb-gibt-comeback-am-1-mai.html. конс. 26 април 2016 г. 
  48. „Degenkolb 'satisfied' after first race of 2016“. 2 мај 2016. архивирано од оригиналот на 2 мај 2016. https://web.archive.org/web/20160502083717/http://www.cyclingnews.com/news/degenkolb-satisfied-after-first-race-of-2016/. конс. 2 мај 2016 г. 
  49. „Degenkolb's confidence coming back after Tour of California“. 26 мај 2016. http://www.cyclingnews.com/news/degenkolbs-confidence-coming-back-after-tour-of-california/. конс. 27 јуни 2016 г. 
  50. „Dauphiné: John Degenkolb im Sprint auf der 4. Etappe geschlagen“ (на германски). Eurosport. 9 јуни 2016. http://www.eurosport.de/radsport/criterium-du-dauphine/2016/dauphine-john-degenkolb-im-sprint-auf-der-4.-etappe-geschlagen_sto5641051/story.shtml. конс. 27 јуни 2016 г. 
  51. Брик Веде, Даниел (30 јуни 2016). „Tour de France 2016: John Degenkolb - ohne Druck zum Tour-Etappensieg?“ (на германски). Eurosport. архивирано од оригиналот на 14 август 2016. https://web.archive.org/web/20160814224443/http://www.eurosport.de/radsport/tour-de-france/2016/tour-de-france-2016-john-degenkolb-ohne-druck-zum-tour-etappensieg_sto5668569/story.shtml. конс. 14 август 2016 г. 
  52. О’Ши, Садб (17 јули 2016). „Tour de France: Degenkolb building self-confidence after best result of 2016“. архивирано од оригиналот на 14 август 2016. https://web.archive.org/web/20160814224452/http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-degenkolb-building-self-confidence-after-best-result-of-2016/. конс. 14 август 2016 г. 
  53. Остерман, Михаел (18 јули 2016). „John Degenkolb - Wütend zurück in der Weltspitze“ (на германски). Tagesschau. архивирано од оригиналот на 14 август 2016. https://web.archive.org/web/20160814224944/http://www.sportschau.de/tourdefrance/tour-de-france-etappe-bern-degenkolb-nachbericht-100.html. конс. 14 август 2016 г. 
  54. „Degenkolb confirms he is leaving Giant-Alpecin“. 9 јули 2016. архивирано од оригиналот на 16 август 2016. https://web.archive.org/web/20160816115717/http://www.cyclingnews.com/news/degenkolb-confirms-he-is-leaving-giant-alpecin/. конс. 16 август 2016 г. 
  55. „Trek-Segafredo sign John Degenkolb“. 12 август 2016. архивирано од оригиналот на 16 август 2016. https://web.archive.org/web/20160816115724/http://www.cyclingnews.com/news/trek-segafredo-sign-john-degenkolb/. конс. 16 август 2016 г. 
  56. „Moscon wins Arctic Race of Norway“. 14 август 2016. архивирано од оригиналот на 14 август 2016. https://web.archive.org/web/20160814225334/http://www.cyclingnews.com/races/arctic-race-of-norway-2016/stage-4/results/. конс. 14 август 2016 г. 
  57. „First European win of 2016 for Ewan“. 21 август 2016. архивирано од оригиналот на 26 август 2016. https://web.archive.org/web/20160826095818/http://www.cyclingnews.com/news/first-european-win-of-2016-for-ewan/. конс. 26 август 2016 г. 
  58. 58,0 58,1 Вин, Најџел (17 октомври 2016). „John Degenkolb sprays Jens Debusschere in face with water bottle in frustration“. Cycling Weekly. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/racing/watch-john-degenkolb-sprays-jens-debusschere-face-water-bottle-video-290279. конс. 19 октомври 2016 г. 
  59. Худ, Ендру (16 октомври 2016). „Degenkolb blows gasket after frustrating day“. Velonews. http://velonews.competitor.com/2016/10/news/road/degenkolb-blows-gasket-frustrating-day_423075. конс. 19 октомври 2016 г. 
  60. 60,0 60,1 „Germany rue lack of Worlds co-operation after missing winning move“. 17 октомври 2016. http://www.cyclingnews.com/news/germany-rue-lack-of-worlds-co-operation-after-missing-winning-move/. конс. 19 октомври 2016 г. 
  61. „Abu Dhabi Tour: Nizzolo wins stage 1“. 20 октомври 2016. http://www.cyclingnews.com/races/abu-dhabi-tour-2016/stage-1/results/. конс. 24 октомври 2016 г. 
  62. „Dubai Tour: Degenkolb wins sand-battered stage 3“. 2 февруари 2017. http://www.cyclingnews.com/races/dubai-tour-2017/stage-3/results/. конс. 2 февруари 2017 г. 
  63. „Dubai Tour: Marcel Kittel wins final stage as Cavendish suffers mechanical“. 4 февруари 2017. http://www.cyclingnews.com/races/dubai-tour-2017/stage-5/results/. конс. 15 февруари 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]