Насер Бухани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Насер Бухани
Бухани на Гран при де Фурмје 2015
Лични податоци
Цело име Насер Бухани
Роден 25 јули 1990 (1990-07-25) (28 г.)
Епинал,  Франција
Висина 1,75 м
Маса 66 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Кофидис
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
2010–2014
2015-
Франсес де же
Кофидис
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Бодовен пласман (2014)
3 индивидуални етапи (2014)
Вуелта а Еспања
2 индивидуални етапи (2014)

Етапни трки

Тур де Пикарди (2016)

Еднодневни трки и класици

Национално друмско првенство (2012)
ГП де Фурмје (2013, 2017)
Тур де Вандеја (2013, 2016)
Нокере Курсе (2017)

Други

Европска турнеја UCI (2015)
Последна промена
28 август 2018

Насер Бухани (француски: Nacer Bouhanni; р. 25 јули 1990 во Епинал) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Кофидис. Се насочил кон спринтот и станал француски национален друмски првак во 2012 година.[1] Иако неговиот прв настап на некоја голема трка бил во 2012 година, негов вистински пробив бил настапат на Џиро д’Италија 2014, кога освоил три етапи и бодовниот пласман. Во август 2014 година било објавено дека Бухани ќе го напушти ФДЖ и дека ќе се приклучи на Кофидис на двегодишен договор од 2015 година.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

2014[уреди | уреди извор]

Сезоната 2014 била многу успешна за Бухани, со бројни победи вклучувајќи три етапи на Џиро д’Италија, како и освојувањето на бодовниот пласман на трката.[3] На Вуелта а Еспања, Бухани победи на два масовни спринта, на втората и осмата етапа. На осмата етапа се појавиле накрсни ветрови, а Бухани успеал да се задржи со првата група, победувајќи во контроверзниот спринт пред Мајкл Метјус и Петер Саган.[4] По повлекувањето од Вуелта, Бухани дал интервју во кое изнел критики за управата на екипата. Како одговор, Марк Мадио го отстранил од остатокот на сезоната, поради што Бухани се одлучил да ја напушти екипата за Кофидис.[5]

2015[уреди | уреди извор]

Морал да чека до април за да ја добие својата прва победа за неговата нова екипа на воведната етапа на Сиркут де ла Сарт во масовен спринт откако бегството било достигнато во рамки на последниот километар.[6] Исто така, ја освоил последната етапа на трката.[7] Малку подоцна во месецот ја освоил Гран при де Денен втора година по ред.[8] Својата прва победа за екипата на некоја трка од Светската турнеја ја остварил на втората етапа на Критериум ди Дофине во масовен спринт.[9] Ја повторил победата на четвртата етапа по жестоката завршница со многу напади.[10] Бухани бил принуден да се повлече од Тур де Франс по падот на 12. километар на петтата етапа.[11]

2016[уреди | уреди извор]

Бухани ја освоил првата етапа на Волта а Каталуња и ја носел водечката маичка.

Бухани се повлекол од националните првенства поради повреда на раката здобиена при тепачка со гости во хотелот ноќта пред трката.[12] Повредата, исто така, предизвикала да се повлече од Тур де Франс.[13]

На 21 август 2016 година, Бухани го освоил Јуроајс Класик во спринт, но подоцна поради неправилно спринтање му била одземена победата.

Инциденти[уреди | уреди извор]

Бухани бил казнет една минута поради удирање на друг возач, Џек Бауер, на Тур де Франс 2017. Судиите на трката исто така го казниле со 200 швајцарски франци.[14] Бухани бил исто така под истрага по контактот со Антони Малдонадо на крајот на етапата на Тур де л’Ен во август. Судиите на трката одлучиле да не преземат дејствија.[15] Подоцна во 2017 година, по трката Париз-Бурж, Бухани морал да биде одвоен Руди Барбје, кој ја освоил трката. Бухани подоцна се извинил за своето однесување, но искажал дека Барбје возел опасно и неправилно во завршниот спринт.[16] Во мај 2018 година, француското спортско списание L'Équipe пријавило дека Бухани бил вклучен во „насилна кавга“ со спортскиот директор на Кофидис, Роберто Дамијани, во автобусот на екипата по Трката околу Франкфурт, на која Бухани не завршил.[17]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
5. Краен пласман Тур де Жиронда
1. Етапа 2
2011
1. Етапа 3 Ла Тропикал Амиса Бонго
8. ГП де Денен
8. Париз-Трој
2012
1. MaillotFra.PNG Национален друмски првак
1. Краен пласман Сиркут де Лорен
1. Етапа 1
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Хале-Ингоигем
1. Етапа 1 Етоал де Бесеже
1. Етапа 1 Тур де Валони
1. Етапа 4 Тур де л’Еурометропол
2013
1. Вал д’Ил У Класик 35
1. Гран при де Фурмие
1. Тур де Вандеја
Трка околу Пекинг
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1. Етапа 6 Трка околу Оман
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 2 Сиркут де ла Сарт
2. Омлоп ван хет Хутланд
3. Гран при де Денен
3. Хале-Ингоигем
3. Париз-Брисел
8. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 3
2014
1. Гран при де Денен
Џиро д’Италија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман
1. Пласман Аѕури д’Италија
1. Етапа 4
1. Етапа 7
1. Етапа 10
Сиркут де ла Сарт
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2 Етоал де Бесеже
1. Етапа 1 Париз-Ница
1. Етапа 1 Критериум Интернасионал
1. Етапа 4 Енеко Тур
Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
1. Етапа 8
3. Ле Самин
3. Нокере Курсе
10. Светско друмско првенство
2015
1. Европска турнеја UCI
1. Хале-Ингоигем
1. Сиркуто де Гечо
1. Гран при д’Изберг
Сиркут де ла Сарт
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Гран при де Денен
Критериум ди Дофине
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Тур де л’Ен
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1 Етапа 2
1. Национален Слујтингспрејс
2. Париз-Бурж
2. Рут Адели
3. Гран при де Фурмје
4. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
6. Милано-Сан Ремо
9. Полинорманд
2016
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де Пикарди
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Тур де Вандеја
Волта а Каталуња
1. Етапа 1
1. Етапа 2
Тур ди Поату-Шарант
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 4 Париз-Ница
1. Етапа 2 Вуелта а Андалусија
1. Етапа 1 Критериум ди Дофине
2. Трофео Плаја де Палма
2. Гран при де ла Сом
2. Гран при де Фурмје
3. Курне-Брисел-Курне
3. Бриселски велосипедски класик
4. Милано-Сан Ремо
5. Класика де Алмерија
7. Париз-Тур
2017
1. Гран при де Фурмје
1. Нокере Курсе
1. Париз-Камемберт
1. Етапа 4 Волта а Каталуња
1. Етапа 2 Тур де Јоркшир
1. Етапа 2 Тур ди Поату-Шарант
1. Етапа 2 Тур де л’Ен
2. Национално друмско првенство
2. Гран при де Денен
3. Схелдепрејс
3. Трофео Плаја де Палма
8. Милано-Сан Ремо
8. Класик Бретања
9. Јуроајс Класик
2018
1. ГП Марсел Кинт
1. Етапа 1 Рут д’Окситан
1. Етапа 3 Четири дена Денкерк
2. Ронде ван Лимбург
6. Краен пласман Трка Дубаи

Распоред на резултатите на големите трки[уреди | уреди извор]

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Jersey pink.svg Џиро СО 140
Jersey yellow.svg Тур СО СО 138
Jersey red.svg Вуелта СО СО СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мур, Кајл (24 јуни 2012). „Nacer Bouhanni times it perfectly to grab first French tricolor“. VeloNation. http://www.velonation.com/News/ID/12201/Nacer-Bouhanni-times-it-perfectly-to-grab-first-French-tricolor.aspx. посет. 13 февруари 2013 г. 
  2. Худ, Ендру (1 август 2014). „Бодовниот првак на Џиро Бухани во Кофидис; Бом во Астана“. http://velonews.competitor.com/2014/08/news/giro-points-champ-bouhanni-leaves-fdj-signs-with-cofidis-for-2015_339257. посет. 3 август 2014 г. 
  3. Бухани ја прослави победата во бодовниот пласман на Џиро“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 2 јуни 2014 (посет. 30 август 2014 г).
  4. Вуелта а Еспања: Бухани победи на осмата етапа во Албасете“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 30 август 2014 (посет. 30 август 2014 г).
  5. ФДЖ го отстрани Бухани како одговор на интервјуто на Французинот“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 11 септември 2014 (посет. 12 септември 2014 г).
  6. Жан Франсоа Кене. „Бухани до прва победа во 2015 на воведната етапа на Сиркут Сарт“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 7 април 2015 (посет. 8 април 2015 г).
  7. Жан Франсоа Кене. „Навардаускас победил на Сиркут Сарт“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 10 април 2015 (посет. 10 април 2015 г).
  8. Стивен Фаранд. „Бухани ја одбрани титулата на ГП де Денен“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 17 април 2015 (посет. 18 април 2015 г).
  9. Критериум ди Дофине: Бухани ја зема победата на втората етапа“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 8 јуни 2015 (посет. 8 јуни 2015 г).
  10. Бухани победи на етапата 4 на Критериум ди Дофине: Денис води“, „Yahoo! News“, Yahoo - ABC News Network, 10 јуни 2015 (посет. 11 јуни 2015 г).
  11. Насер Бухани падна на Тур де Франс“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 8 јули 2015 (посет. 8 јули 2015 г).
  12. „Bouhanni injured in fight with 'drunk' hotel guests at French Championships“ (на (англиски)). http://www.cyclingnews.com/news/bouhanni-injured-in-fight-with-drunk-hotel-guests-at-french-championships/. посет. 2 јули 2016 г. 
  13. „Bouhanni's Tour de France absence a 'catastrophe' for Cofidis“ (на (англиски)). http://www.cyclingnews.com/news/bouhannis-tour-de-france-absence-a-catastrophe-for-cofidis/. посет. 2 јули 2016 г. 
  14. „Tour de France: Bouhanni penalized for hitting Quick-Step Floors rider“. 12 јули 2017. http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-bouhanni-penalized-for-hitting-quick-step-floors-rider/. посет. 7 октомври 2017 г. 
  15. „More controversy for Bouhanni as rival taken to hospital after Tour de l'Ain clash“. 11 август 2017. http://www.cyclingnews.com/news/more-controversy-for-bouhanni-as-rival-taken-to-hospital-after-tour-de-lain-clash/. посет. 7 октомври 2017 г. 
  16. „Bouhanni apologises for behaviour after Paris-Bourges“. 7 октомври 2017. http://www.cyclingnews.com/news/bouhanni-apologises-for-behaviour-after-paris-bourges/. посет. 7 октомври 2017 г. 
  17. Робертшо, Хенри (9 мај 2018). „Nacer Bouhanni reportedly involved in ‘violent altercation’ with Cofidis DS on team bus after race“. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/nacer-bouhanni-reportedly-involved-violent-altercation-cofidis-ds-379191. посет. 19 мај 2018 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]