Прејди на содржината

25 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

25 јули — 206-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (207-и во престапна година). Остануваат 159 денови до крајот на годината.

Настани:

1878  Првата кинеска дипломатска мисијa во САД пристигнува во Вашингтон.
1917  Холанѓанката Маргарета Гертруда Целе, попозната како Мата Хари, осудена е на смрт под обвинение дека шпионирала за Германија во текот на Првата светска војна.
1945  Со одлука на Европската консултативна комисија, Германија во периодот до склучувањето на мировниот договор е поделена на четири зони: источна (советска), северозападна (британска), југозападна (американска) и западна (француска). Таа поделба подоцна доведе до формирање на двете германски држави.
1968  Папата Павле VI им ги забранува на католичките верници сите вештачки методи за спречување на зачнувањето.
1984  Советскиот космонаут Светлана Савицка стана првата жена која излегла надвор од бродот во вселената и првата жена во историјата на освојувањето на вселената која двапати била во нејзиното пространство.
2017  Рам Нат Ковинд станува претседател на Индија.

Родени:

1894  Волтер Бренан — американски глумец.
1894  Гаврило Принцип — српски анархист, атентатор на Франц Фердинанд.
1905  Елијас Канети — германско-британски писател, добитник на Нобеловата награда во 1981 година.
1919  Илија Антевски - Смок — македонски комунист.
1920  Розалинд Френклинанглиски научник.
1920  Куширо Хајаши — јапонски астрофизичар.
1923  Коста Томашевиќ — српски и југословенски фудбалер.
1925  Невена Георгиева Дуња — македонска партизанка во НОВ.
1946  Љупка Димитровска — македонска пејачка.
1953  Џемал Хаџиабдиќ — босански и југословенски фудбалер.
1958  Турстон Мур — американски рок-музичар, член на групата Соник јут.
1973  Билјана Беличанец - Алексиќ — македонска глумица.
1976  Јовица Тасевски - Етернијан — македонски поет.
1978  Луис Џој Браун — првото бебe од епрувета.
1981  Кевин Кузманов — американски безбол играч со македонско потекло.
1983  Ненад Крстиќ — српски кошаркар.
1986  Андреј Шкиотов — руски кану-спринтер.
1987  Џекс Џонс — англиски поп-музичар.
1990  Насер Бухани — француски велосипедист.
1994  Бјанка Буша — српска одбојкарка.

Починале:

1492  Инокентиј VIII — римски папа.
1533  Атахуалпа — последен владетел на Тавантинсују.
1564  Фердинанд Iцар на Светото Римско Царство.
1794  Андре Шение — француски поет.
1834  Семјуел Тејлор Колриџанглиски поет.
1980  Владимир Висоцки — советски пејач.
1986  Винсент Минелиамерикански филмски режисер.
1987  Крсто Симовски — учесник во НОВ.
1999  Богољуб Арсиќ — учесник во НОВ.
2002  Рудигер Дорнбуш — германски економист.
2003  Џон Шлезингер — англиски режисер и глумец.