Билјана Беличанец-Алексиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 25 јули 1973
Скопје
Починал 6 април 2019(2019-04-06) (воз. 45 г.)[1]
Скопје
самоубиство
Националност Македонка
Познат по улогата во:
Од денес за утре
Мајки
Занимање глумица
градоначалник на Општина Кисела Вода


Билјана Беличанец-Алексиќ (25 јули 1973 во Скопје6 април 2019 во Скопје)[1] — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.[2] Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.[3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот ТВ спикер и водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје. До сега реализира бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти.[4] Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“. На 6 април 2019 година била пронадена мртва во стан во Скопје. Според полицијата се работело за самоубиство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва, потврдија од МВР
  2. Културно-просветната заедница на Македонија. Културен живот. 4. 
  3. "Беличанец: Кисела Вода не памети вакви резултати, граѓаните избраа дела" (Македонски). Курир. Вторник, 26 Март. конс. 21 мај 2013. 
  4. "Билјана Беличанец-Алексиќ" (Македонски). Драмски Театар Скопје. конс. 21 мај 2013. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]