Од денес за утре (телевизиска серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Од денес за утре
Од денес за утре.jpg
ЖанрДрама
комедија
Создадена одИво Лауренчиќ
Напишана одБратислав Димитров
Предраг Перишиќ
Режирана одИво Лауренчиќ
УлогиЅвезда Ангеловска
Митко Апостоловски
Билјана Беличанец Алексиќ
Сенко Велинов
Ленче Делова
Шусјин Дунг
Диме Илиев
Влатко Илиевски
Јовица Михајловски
Јасмина Поповска
Ана Стојановска
Марко Чаласан
Композитор(и)Ристо Самарџиев
Земја на потеклоМакедонија
Првичен јазикМакедонски
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди16 (список на епизоди)
Продукција
Извршен продуцент(и)Игор Цветковски
Владимир Дојчиновски
МестоположбаСкопје, Македонија
Продукциска куќаИдеја Плус комуникации
Прикажување
Првична мрежаСител телевизија
Првично прикажувањеНедела во 19:30
Преместена во 20:00 часот 3 октомври 2010 – 16 јануари 2011

Од денес за утре — македонска телевизиска серија создадена од Иво Лауренчиќ, која се емитувала на Сител телевизија. Во серијата се работи за фиктивното семејство Броз, просечно македонско семејство од средната класа кое се обидува да ги преживее секојдневните проблеми и неочекувани настани. Својата премиера ја имаше на 3 октомври 2010.

Глумечка екипа[уреди | уреди извор]

Сенко Велинков го толкува главниот лик Томче „Трикотажа“ Броз, поранешен директор на пропадната фирма за трикотажа, Билјана Беличанец Алексиќ ја толкува неговата жена Цветанка, професорка по историја, Влатко Илиевски и Ана Стојаноска ги играат нивните деца, Бојан и Калина Броз, соодветно.[1]

Сценскиот глумец, Јовица Михајловски го толкува ликот на Ал Капоне, со Марко Чаласан во улогата на неговиот син. Глумецот Диме Илиев го толкува ликот на Боге, братот близнак на Томче. Глумиците Јасмина Поповска и Ленче Делова сестрите Пепи и Ружица, соодветно. Глумецот Митко Апостоловски го толкува Сајо, сосед на семејството Броз и Ѕвезда Ангеловска ја толкува Софи, секретарката на Томче. Шусјин Дунг, како специјална гостинка од Кина ја игра На Ли, студентка и љубовен интерес на Бојан.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Димитров, Петре (16 април 2010). „Промовирани глумците од серија „Од денес за утре". Forum.com.mk. Архивирано од изворникот на 2010-04-19. Посетено на 1 октомври 2010.
  2. „Претставена акерската екипа за новата играна серија „Од денес за утре". MRT.com.mk. 16 април 2010. Посетено на 1 октомври 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]