Народен театар „Војдан Чернодрински“
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Историјат[уреди | уреди извор]
Завесата на прилепскиот т.н. Градски театар (кој подоцна бил преименуван во Народен театар) првпат се кренала на 18 февруари 1950 година, со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.[1] Првите глумци кои несебично „гореле“, на сцената биле: Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Алампиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски, Димче Шилоски. Потоа, во театарот настапила генерацијата на Димче Гешоски и Кирил Жежоски.
Во 2004 година, театарот започнал да работи во состав на НУЦК „Марко Цепенков“, нопоради несоодветната сцена, повторно се вратил во старата зграда, поранешното кино на семејството Напевци. Ансамблот брои 19 глумци, од кои дел се хонорарно ангажирани.[1]
Најгледани претстави[уреди | уреди извор]
Во текот на својата работа, театарот „Војдан Чернодрински“ прикажал над 360 премиери и изиграл над 6.500 претстави, кои ги гледале над 1,5 милиони луѓе.[1] Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е претставата „Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски. Голем успех постигнале и претставите „Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа „Кумови”, „Собирен центар”, „Туѓо сакаме свое не даваме”, „Колобан”, „Молам за секс” и „На два стола”. Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите „Спиро Црне” од Б.Р. Платнар, а во режија на Владимир Милчин, „Колобан” од Блаже Алексоски, а во режија на Љубиша Георгиески, „Арсениј” од Б.Р. Платнар, „Полковникот птица” од Христо Бојчев и „Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски итн. Покрај „Солунски патрдии“, и претставата „Од кол на кол“, во режија на Коел Ангеловски, ја забележала 100. изведба, со која била одбележан јубилејот 65 години од основањето на театарот.[1]
Награди и достигнувања[уреди | уреди извор]
- Во досегашната историја на театарот, претстава која најмногу го свртела вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика била „Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски.
- Со претставата „Тапаните“, театарот освоил три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и бил победник на 44. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.
- Претставата „Кавкаскиот круг со креда“ во 2011 година била прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.
Репертоар[уреди | уреди извор]
2013[уреди | уреди извор]
- „Многу врева за ништо“ - режија Ива Милошевиќ
- „Од кол на кол 2“ - режија Коле Ангеловски
- „Сонот на Цепенко“ - режија Кирил Петрески
- „Змејовата невеста“ - режија Нела Витошевиќ
2012[уреди | уреди извор]
- „Многу врева за ништо“ - режија Ива Милошевиќ
- „Од кол на кол 2“ - режија Коле Ангеловски
- „Антиумешност“ - режија Саша Нацевски
- „Змејовата невеста“ - режија Нела Витошевиќ
- „Антица“ - режија Бранко Брезовец
- „Маратонците го трчаат почесниот круг“ - режија Кирил Петрески
- „Од кол на кол“ - режија Коле Ангеловски
- „Мангите пијат чај“ - режија Коле Ангеловски
- „Калигула“ - режија Зоја Бузалковска
- Монодрамата „Јустинијан Први“
Галерија[уреди | уреди извор]
- Antica 1.jpg
Сцена од претставата „Антица“
- Foto od pretstavata MNOGU VREVA ZA NISTO 384 288 90.jpg
Сцена од претставата „Многу врева за ништо
- Foto od Antiumesnost 307 288 90.jpg
Сецена од претставата „Антиумашност“
- Foto od Sonot na Cepenko.JPG
Сцена од претставата „Сонот на Цепенко“
- Kaligula 1.jpg
Сцена од претставата „Калигула“
- Kavkaskiot krug so kreda 1.jpg
Сцена од претставата „Кавкаскиот круг со креда“
- Maratoncite go trcaat pocesniot krug 1.jpg
Сцена од претставата „Маратонците го трчаат почесниот круг“
- Mangite pijat caj.jpg
Сцена од претставата „Мангите пијат чај“
- Juancite od bajkite.jpg
Сцена од претставата „Јунаците од бајките“