Билјана Беличанец-Алексиќ
| Билјана Беличанец-Алексиќ | ||
| Родена | Билјана Беличанец 25 јули 1973 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
|---|---|---|
| Починала | 6 април 2019 (возр. 45)[1] Скопје самоубиство | |
| Националност | Македонка | |
| Народност | Македонка | |
| Позната | по улогата во: Од денес за утре Мајки | |
| Занимање | глумица градоначалник на Општина Кисела Вода | |
| Татко | Симон Беличанец | |
Билјана Беличанец-Алексиќ (25 јули 1973 во Скопје — 6 април 2019 во Скопје)[1] — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица.[2] Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.[3]
Животопис
[уреди | уреди извор]Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Ќерка е на познатиот водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година, таа дипломирала како најмлад глумец на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно играла главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар - Скопје. Има остварено бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други установи и проекти.[4] Во 2012 година го добила признанието „Мајка Тереза“.
Смрт
[уреди | уреди извор]На 6 април 2019 година, таа била пронадена мртва во стан во Скопје. Според полицијата, се работело за самоубиство.
Филмографија
[уреди | уреди извор]| Година | Филм | Улога |
| 1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
| 1994 | Сон предизвикан од летот на калинка, пред да се разбуди ТВ-филм | |
| 1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
| 1997-2000 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
| 1998 | Денес, утре ТВ-филм | Жената |
| 2000 | Мајка Тереза ТВ-филм | |
| 2000 | Погрешно време ТВ-серија | Верче |
| 2007 | Сенки ТВ-филм | |
| 2010 | Мајки ТВ-филм | Продавачка |
| 2010-2011 | Од денес за утре ТВ-серија | Цветанка |
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Глумицата Билјана Беличанец пронајдена мртва, потврдија од МВР
- ↑ Културно-просветната заедница на Македонија. Културен живот. 4.
- ↑ „Беличанец: Кисела Вода не памети вакви резултати, граѓаните избраа дела“. Курир. 26 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-29. Посетено на 21 мај 2013.
- ↑ „Билјана Беличанец-Алексиќ“. Драмски Театар Скопје. Посетено на 21 мај 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Интервју со Беличанец - Алексиќ за ТЕА Модерна Архивирано на 30 мај 2013 г.
- Гостување во емисијата „Јади Бурек“
- Билјана Беличанец-Алексиќ на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)