Драмски театар - Скопје
![]() | |
Основана | 1946 |
---|---|
Тип | културна установа |
Место | Скопје |
Директор | Викторија Рангелова |
Мреж. место | dramskiteatar.com.mk |
Драмскиот театар - Скопје — една од најстарите театарски институции во Македонија.
Историја[уреди | уреди извор]
Театрот започнал како куклен/детски театар во рамките на Македонскиот народен театар (МНТ), која во 1946 година ја основал својата Куклена сцена.[1][2] Во 1949 година, по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснала во Градски куклен театар, чиј прв директор бил Лазар Балабанов.[3] Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги играл на две сцени: младинска и детска.
Од 1960 година во театарот започнала да работи и вечерната сцена, со првата претстава „Доживувањата на Николетина Бурсаќ“ (драматизација Миња Дедиќ, режија Петре Прличко; премиера на 5 февруари 1960).
Од земјотресот во 1963 до 1965 година, театарот немал своја зграда. На 4 март 1965 година, Драмскиот младинско-детски театар се преселил во монтажниот објект (изграден како донација на Британската амбасада) на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2.[4] Првата претстава што била изведена во новиот објект на театарот била „Богомилска балада“.[5] Едновремено се формирал и постојан професионален ансамбл, чии членови-основачи биле: Нада Гешоска, Димитар Гешоски, Дарко Дамески, Вукан Диневски, Мара Исаја, Јон Исаја, Ацо Јовановски, Тодорка Кондова-Зафировска, Драги Крстевски, Крум Стојанов, Милица Стојанова и Кирил Ќортошев. Истата година, театарот се преименувал во „Драмски театар“.
Претстави[уреди | уреди извор]
До крајот на 2001 година, Драмски театар поставил 332 премиери и прикажал повеќе од 10.500 претстави. Најизведувани претстави во Драмскиот театар биле „Солунски патрдии“,[6] со 335 изведби во периодот 1979-2006, како и „Болва во уво“, со 333 изведби.Исто така, голема популарност имала претставата „Чија си“, која за само две години имала 181 изведба, како и претставите „Свадба“ на Васил Иљоски и во режија на Димитар Османли и „Рибарски караници“ на Карло Голдони и во режија на Тодорка Кондова-Зафировска. Во 1963 година, претставите на Драмскиот театар ги гледале 142.465 гледачи, а таа година имало пет премиери и 259 одиграни претстави. Успешна година била и 1974 година, со 140.406 гледачи. Потоа, посетеноста на претставите започнала да се намалува и изнесувала: 80.000 гледачи во 1990 година, околу 50.000 во 2010 година (на 213 претстави) и 26.000 посетители во 2013 година (на 112 претстави). Првата Стериина награда, Драмски театар ја освоил за претставата „Покојник“ од Нушиќ, а во режија на Љубиша Георгиевски, додека најнаградувани претстави биле: „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски а во режија на Слободан Унковски, „Еригон“ од Јордан Плевнеш а во режија на Љубиша Георгиевски и „Диво месо“ на Горан Стефановски а во режија на Унковски.[7]
На сцената на Драмски театар биле поставени следниве претстави:
- Силјан штркот (адаптација и режија: Петре Прличко), 1946.[8]
- Богомилска балада, 1965.[9]
- Капетанот Џон Пиплфокс, 1965.[10]
- Васил Иљоски, Свадба (режија: Димитар Османли).[11]
- Болва во уво, 1974.[12]
- Миле Попоски, Солунски патрдии (режија: Коле Ангеловски), 1979.[13]
- Бранислав Нушиќ, Покојник (режија: Љубиша Георгиевски).[14]
- Горан Стефановски, Јане Задрогаз (режија: Слободан Унковски).[15]
- Јордан Плевнеш, Еригон (режија: Љубиша Георгиевски).[16]
- Горан Стефановски, Диво месо (режија: Слободан Унковски).[17]
- Капетанот Џон Пиплфокс, 1981.[18]
- Карло Голдони, Рибарски караници (режија: Тодорка Кондова-Зафировска).[19]
- Капетанот Џон Пиплфокс, 2014.[20]
- Нис-Моме Штокман, Човекот што го изеде светот (режија: Билјана Радиноска), 2014.[21]
- Катерина Коцевска, Љубовници (режија: Катерина Коцевска), 2015.[22] [23]
- Вилијам Шекспир, Венецијанскиот трговец (режија: Наташа Поплавска), 2017.[24]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Прва претстава Силјан Штркот; драматизација и режија на Петре Прличко; изработка на кукли Светлана Малахова; премиера на 21 април 1946
- ↑ Милена Атанасоска Манасиева, „Драмски имал најмногу гледачи веднаш по скопскиот земјотрес“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 22.

- ↑ „Драмски театар одбележа 50 години живот на улицата Шекспирова“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 15.
- ↑ Милена Атанасоска Манасиева, „Драмски имал најмногу гледачи веднаш по скопскиот земјотрес“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 22.
- ↑ „Сомнително лице најизведувана во МНТ, Последните Македонци - во Драмски“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 19.

- ↑ „Чиста и природна играбазирана на чувствителен текст“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 19.
- ↑ „Премиера на „Љубовници“ во Драмски театар“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 14.
- ↑ „Љубовници е непредвидлива и забавна претстава“, Утрински весник, година XVI, број 4723, понеделник, 2 март 2015, стр. 16.
- ↑ Вилијам Шекспир, Венецијански трговец. Скопје: НУ Драмски театар - Скопје, 2017.