Благој Веселинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благој Веселинов
Роден 27 февруари 1984
Кочани
Националност Македонец
Занимање глумец

Благој Веселинов (Кочани, 27 февруари 1984) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Благој Веселинов е роден на 27 февруари 1984 година во Кочани. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин. Вработен е во Македонскиот народен театар од 2018 година.[1]

Фестивали[уреди | уреди извор]

Со претставата „Разговори во четири очи“ учествувал на фестивали во Санкт Петербург (2016), Чељабинск (2016), Кошице (2017) и Суботица (2017).[1]

Театрографија[уреди | уреди извор]

  • Методија — „Црнила“ од Коле Чашуле, р. Дејан Пројковски, НТС, 2004;
  • Дедал/Елнот — „Метармофози“ од Овидиј, р. Александар Поповски, Уметнички универзитет - Грац/ФДУ - Скопје, 2007;
  • Ден — „Поблиску“ од Патрик Марбер, р. Јован Ристовски, НТС, 2008;
  • Грофот — „Вртелешка“ од Артур Шницлер, р. Владимир Милчин, ОПН Театар, 2009;
  • Џери — „Неверство“ од Харолд Пинтер, р. Нина Николиќ, ЦК - Скопје, 2009;
  • Калуѓерот — „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, р. Александар Поповски, Кино ОКО - Скопје, 2010;
  • Џуџето, синот, орелот — „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, р. Нела Витошевиќ, Вондерленд продакшн - Скопје, 2010;
  • Ајрон — „Класен непријател“ од Најџел Вилијамс, р. Васил Христов, Вондерленд продакшн - Скопје, 2011;
  • Габриел — „Кој пукаше на 21-ви“ од Керил Черчил, р. Нина Николиќ, МКЦ, 2014;
  • Григориј Пугачов — „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман, р. Александар Морфов, МНТ, 2015;
  • Вториот патник — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
  • Хенрих — „Разговор во четири очи“ од Ингмар Бергман, р. Нина Николиќ, МНТ и Скопје филм студио, 2016;
  • Креонт — „Антигона и Креонт“ од Миро Гавран, р. Нела Витошевиќ, Кино култура, 2016;
  • Томас Новачек — „Венера во крзно“ од Дејвид Ајвс, р. Ивана Ангеловска, Кино култура, 2018;
  • Јевгениј Алексеевич Дорн — „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, р. Нина Николиќ, МНТ, 2018;
  • Макдаф — „Макбет“ од Вилијам Шекспир, р. Нела Витошевиќ, МНТ, 2019;
  • Сид — „Бесачи“ од Мартин Мекдона, р. Јавор Грдев, МНТ, 2019.

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • Димитрија — „Сеќавањата на Марија“, р. Кирил Шентевски, ФДУ - Скопје, краткометражен филм, 2009;
  • Просјакот — „Серија од Мајки“, р. Илија Каров, К-15, 2009;
  • Хулиган — „Сенки“, р. Милчо Манчевски, Трајангл продакшн, 2009;
  • Убиецот — „Бунило“, р. Даријан Пејовски, Вардар филм, 2009;
  • Вук — „Како да ме нема“, р. Хуанита Вилсон, Вардар филм, 2009;
  • Марко — „Панкот не е мртов“, р. Владимир Блажевски, Вардар филм, 2011;
  • Дамјан — „Балканот не е мртов“, р. Александар Поповски, Кино ОКО, 2011;
  • Коста — „Ослободување на Скопје“, р. Раде Шербеџија, Кино ОКО, 2016;
  • „Чевли“, р. Бранко Костески, Кино ОКО, 2016;
  • Веле — „Исцелител“, р. Ѓорче Ставрески, Кино ОКО, 2017;
  • Директор на ТВ — "Година на мајмунот", р. Владимир Блажевски, 2018;
  • Филип — „Дедо и внук“, р. Илија Пиперкоски, 2019;
  • „Сите против сите“, р. Андреј Косак, 2019;
  • Млад војник — "М", р. Вардан Тозија, 2023.

Телевизиски серии

Проекти
  • Учество во кампањата за борба против дрогата - проект на Владата на Република Македонија, Quasar Film.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда за најдобар глумец на Драмски аматерски фестивал - Кочани, 2004;
  • Награда за глумечко откритие за 2017 година на „Златна бубамара на популарноста“;
  • Специјална награда на Green Montenegro International Film Festival во Црна Гора за улогата во филмот „Исцелител“, 2019;
  • Награда на Берлинале „Shooting Stars“, која ја доделува платформата Европска филмска промоција, за улогата во филмот „Исцелитет“, 2019.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]