Душан Ковачевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Душан Ковачевиќ
Душан Ковачевиќ на Белградски Саем на книга, 22 октомври 2007.
Роден(а) јули 12 1948 (1948-07-12) (70 г.)
Мрѓеновац, ФНР Југославија (денес Србија)
Занимање сценарист и театарски режисер

Душан Ковачевиќ (Мрѓеновац кај Шабац, 12 јули 1948) е српски академик, драмски писател, сценарист и театарски работник. Гимназија завршил во Нови Сад 1968. година. Академија за театар, филм, радио и телевизија студирал во Белград, дипломирал на отсек за Драматургија 1973. година.

Работа и дела[уреди | уреди извор]

Душан Ковачевиќ е автор на голем број драмски дела со комична содржина во кои е застапена и гротеската, односно присуство на смешно и крајно сериозно, убаво и грдо, стилизирано и недоквакано, традиционално и малограѓанско. Таквата слика на општествената стварност и актуелниот живот станува не само препознатлива туку и потполна и комплексна. Во неговите остварувања се бришат оштрите жанровски разлики и доаѓа до преплетување на комедија на карактер, комедија на табиет, фарса и драма во потесен смисол, впрочем како што е испреплетен и самиот живот. Често, као драмски писател, се споредува со Бранислав Нушиќ.

Најпознати негови остварувања се:

  • Маратонците го трчаат почесниот круг (1972),
  • Радован III (1973),
  • Пролет во јануари (1977),
  • Свемирски змеј (1977),
  • Луминација на село (1978),
  • Кој тоа таму пее (1980),
  • Собирен центар (1982),
  • Балкански шпиун (1983),
  • Свети Ѓорѓи ја убива аждајата (1984),
  • Клаустрофобична комедија (1987),
  • Професионалец (1990),
  • Урнебесна трагедија (1991),
  • Лари Томпсон, трагедија на една младост (1996),
  • Контејнер со пет ѕвездички (1999),
  • Доктор Шустер (2000),
  • 20 српски поделби (на Србите на Срби) (2008),
  • Генерална проба на самоубиство (2010),
  • Живот во тесни чевли (2011),
  • Реинкарнација (2011).

Го напишал сценариото за филмот на Емир Кустурица, Подземје.

Теми[уреди | уреди извор]

Во сите овие дела Душан Ковачевиќ ги дава сите аспекти од секојдневниот живот, обојувајќи го од време на време и со алузии на политика и се што таа носи со себе. Дејствието во неговите дела опфаќа обично повеќе нивоа на општествениот живот, разни занимања и идеолошки определувања во времето кое ни е блиско и по содржините многу препознатливо.

Ја објавил книгата „Век, календар за годините кои поминале“ (1998). Живее и работи како професионален писател во Белград.

Награди[уреди | уреди извор]

  1. Душану Ковачевићу награда за животно дело („Политика“, 15. новембар 2012)