Бранислав Нушиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранислав Нушиќ
Нушиќ на фотографија од 1904, сликана од неговиот кум и фотограф Милан Јовановиќ.
Роден/аАлкибијад Нуша
20 октомври [ст. ст. 8 октомври] 1864
Белград, Кнежевство Србија
Починат/а19 јануари 1938(1938-01-19) (возр. 73)
Белград, Кралство Југославија
Јазиксрпски
Потпис

Бранислав Нушиќ (српски: Бранислав Нушић; Белград, 20 октомври 1864 - Белград, 19 јануари 1938) — српски комедиограф, сатиричар и критичар. Работел и како новинар и дипломат[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Интервју на Бранислав Нушиќ со Јане Сандански во весникот Политика, 21 јули 1908

Нушиќ е роден како Алкибијад Нуша (влашки: Alchiviadi al Nuşa) со татко Ѓорѓе (Георгијас) кој бил Влав од Македонија и мајка Љубица, Србинка од Босна. Татко му бил Влав преселен од битолското село Магарево. Се школувал во Смедерево, Белград, а една година поминал и во Грац. Како ученик започнал да пишува под псевдонимот Алкибијад Нушиќ, студирал право, но најмногу од се го привлекувала драмската уметност. Рано го заинтересирале негативните страни на извесни појави во општеството, на кој реагирал од позицијата на опозиција на тогашниот Обреновиќевски режим, за што почувствувал извесни консеквенции: за сатиричната песна „Два раба“ бил изведен пред суд, одлежувајќи една година во затворот во Пожаревац. А за да биде парадоксот поголем - веднаш по издржувањето на казната бил испратен во дипломатска служба од оние што го затвориле во затвор[2].

Поставен бил за писар во конзулатот а потоа и за конзул во Битола (каде и се оженил во 1893 година). Работел и во Солун и Сер, учествувајќи и самиот во подготовките за ширење на српската пропаганда во Македонија. На југот на Србија и во Македонија поминал цела деценија. Во 1900 година бил поставен за секретар на Министерството за просвета на Србија. Во 1912 година се вратил во Битола и во периодот 1912-1913 година бил околиски началник. Учествувал во формирањето на Народниот театар во Битола. Во 1913 година го основал и театарот во Скопје, каде живеел до 1915 година. Ја напуштил државата заедно со српската војска во текот на Првата светска војна и живее во Италија, Швајцарија и Франција до крајот на војната.

По завршувањето на Првата светска војна се вратил во Белград на работа во Министерството за просвета.

Творештво[уреди | уреди извор]

Негови најпознати дела се комедиите „Сомнително лице“, „Протекција“, „Народен пратеник“, „Госпоѓа министерка“, „Кнезот од Семберија“, „Белград некогаш и сега“ и други.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бранислав Нушиќ: За општеството и луѓето кои немаат ни сила ни храброст“. radiomof.mk. 03/02/2014. Посетено на 26.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. Mihailovich 1995, стр. 178.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]