Грац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Грац (германски: Graz) или Градец (словенечки: Gradec) — главен град на Штаерска и втор најголем град во Австрија по Виена. Според податоците од 1 јули 2015 година, бројот на жители во Грац изнесува 310,391.[1]

Градот има долга традиција на „универзитетски град“, со шест универзитети и преку 44.000 студенти. Старото градско јадро на Грац се смета за едно од најзачуваните во Средна Европа

Географија[уреди | уреди извор]

Грац се наоѓа по течението на реката Мура во југоисточна Австрија. Оддалечен е околу 200 км југозападно од Виена. Најблискиот поголем град до Грац е Марибор во Словенија, кој е оддалечен околу 50 км. Грац е главен и најголем град на Штаерска.

Култура[уреди | уреди извор]

Во текот на 2003 г. Грац бил европска престолнина на културата.

Музеи[уреди | уреди извор]

Грац е град со богата култура и мноштво музеи. Еден од најзначајните е Кунстхаус (Kunsthaus Graz). Изграден е во 2003 година и оттогаш е главно архитектонско обележје на градот. Музејот му служи на современото уметничко творештво од последните четири децении. 

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Други форми на соработка и меѓуградски пријателства, слични со концептот на збратимени градови: 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Anwesende Bevölkerung nach Wohnsitz und Gechlecht pro Bezirk – Stand 1. April 2010“ (PDF) (германски). Graz: Stadt Graz – Präsidialamt. Посетено на 7 May 2010.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 „Twin Towns – Graz Online – English Version“. www.graz.at. Посетено на 5 January 2010.
  3. „Coventry – Twin towns and cities“. Coventry City Council. Архивирано од изворникот на 14 April 2013. Посетено на 6 August 2013.
  4. Griffin, Mary (2 August 2011). „Coventry's twin towns“. Coventry Telegraph. Посетено на 6 August 2013.
  5. „Städtepartnerschaften und Internationales“. Büro für Städtepartnerschaften und internationale Beziehungen (германски). Посетено на 26 July 2013.
  6. Groningen – Partner Cities. 2008 Gemeente Groningen, Kreupelstraat 1,9712 HW Groningen. Посетено на 8 December 2008.
  7. „Medmestno in mednarodno sodelovanje“. Mestna občina Ljubljana (Ljubljana City) (словенечки). Посетено на 27 July 2013.
  8. „Međunarodna suradnja Grada Pule“. Grad Pula (хрватски и италијански). Архивирано од изворникот на 5 May 2012. Посетено на 28 July 2013.
  9. „Stadt Graz: Sister Cities“. Посетено на 1 December 2008.
  10. (Norwegian)Trondheims offisielle nettsted – Vennskapsbyer