Винер Нојштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Винер Нојштат
Градската катедрала
Градската катедрала
Грб на Винер Нојштат
Грб
Винер Нојштат is located in Австрија
Винер Нојштат
Винер Нојштат
Локација во Австрија
Координати: 47°49′N 16°15′E / 47.817° СГШ; 16.250° ИГД / 47.817; 16.250
Држава Австрија
Покраина Долна Австрија
ОкругСтатутарен град
Управа
 • ГрадоначалникКлаус Шнебергер
Површина
 • Вкупна60,93 км2 (2,353 ми2)
Надм. вис.&10000000000000265000000265 м
Население (1 јануари 2014)
 • Вкупно42.273
 • Густина690/км2 (1,800/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Поштенски факс2700
Повик. бр.02622
Регист. табличкиWN
Мреж. местоwiener-neustadt.gv.at

Винер Нојштат е град кој се наоѓа јужно од Виена, во сојузната покраина Долна Австрија, во североисточна Австрија.

Градот е статутарен, и е седиште на областната администрација на округот Винер Нојштат-Ланд. Винер Нојштат е местото каде што се наоѓа една од најстарите светски воени академии, Терезијанската воена академија, која била основана од императорката Марија Терезија во 1752 година за обучување на офицери за австриската војска.

Историја[уреди | уреди извор]

Областа некогаш припаѓала на грофовијата Питен, која била наследена од маркгрофот Отокар III од Штаерска во 1158 година. Откако династијата на отакарите исчезнала со смртта на неговиот син Отокар IV, Војводството Штаерска било предадено на австриската династија Бабенберг во согласност со георгенбергскиот договор. Војводата Леополд V го основал градот во 1194 година[1] и финансирал изградба на тврдина близу до унгарската граница со откупнината платена за англискиот крал Ричард I, кој претходно го заробил и го држел како заложник во замокот Дирнштајн. Во 1241 година, мал монголски ескадрон упаднал во Нојштат за време на монголската инвазија на Европа.

Винер Нојштат, што значи повеќе или помалку „Нова Виена“ („Виенски Новград“), се стекнал со важни привилегии кои му биле доделени со цел да се овозможи неговиот развој. Тој останал дел од Штаерска, која по битката на Моравското поле од 1278 година потпаднала под Хабсбуршката династија и во 1379 година станал составно војводство на Внатрешна Австрија. Во 15. век, Винер Нојштат доживеал популациска експанзија, кога императорот Фридрих III подигнал живеалиште тука и основал Епархија на Винер Нојштат во 1469 година. Неговата сопруга, Елеонора-Елена Португалска, починала во Винер Нојштат во 1467 година. Неговиот син Максимилијан I го одржал неговиот дворец во Винер Нојштат и е погребан тука во катедралата „Св. Ѓорѓи“. Тогаш градот имал значајна еврејска заедница во која рабинот Израел Исерлајн бил нејзин најзначаен член, но по наредба на императорот Максимилијан I, сите евреи биле протерани во 1496 година.

Долгогодишниот противник на династијата Хабсбург, унгарскиот крал Матија Корвин го окупирал градот во август 1487 година откако го држел под двегодишна опсада. Максимилијан I успеал повторно да го освои родниот град во 1490 година. Во 16. век, Винер Нојштат го изгубил својот статус како империска резиденција и голем дел од својата важност. Сепак, тој сеуште ја имал фунцијата на одбранбен ѕид против турците и куруците.

Во 1751 година градот добил големо внимание кога императорката Марија Терезија одлучила да создаде воена академија во внатрешноста на царскиот замок. Во 1752 година, Терезијанската воена академија започнала да фунционира, што продолжила до денес со само неколку прекини (Ервин Ромел бил назначен за командант по австрискиот Аншлус во 1938). Во 1768 година, Винер Нојштат бил уништен од земјотрес кој го уништил замокот, којшто бил повторно изграден според планови на архитектот Николо Пакаси.[2] Во 1785 година, императорот Јосиф II ја префрлил епископската столица од Винер Нојштат во Санкт Пелтен.

Во 19. век, градот се индустријализирал, посебно по отварањето на австриската јужна железница во 1841 година. Во 1909 година, „првата официјална австриска воздушна база“ била отворена северно од градот.[3] Таа служела како терен за обука на пионерите на летањето Иго Етрих, Карл Илнер и Адолф Вархаловски, кои тука спроведувале тестови.

Во текот на втората светска војна, стратешки цели во Винер Нојштат, вклучувајќи ги ранжирните станици, фабриката за воени авиони,[4] и два погони на фабриката за локомотиви биле повеќекратно бомбардирани. Бомбашките операции како Pointblack оставиле само 18 неоштетени објекти од вкупно 4,000.[5]

Партнерства[уреди | уреди извор]

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Buttlar, Gertrud (1993). Wiener Neustadt Geschichte, Kunst, Kultur, Wirtschaft. стр. 3. ISBN 978-3-7003-1032-7. 
  2. Gerhartl, Wiener Neustadt, p. 332
  3. „Cradle of the Austrian aviation“. Wiener Neustadt history. stadtmuseum.wm.at. конс. 2009-09-15. 
  4. Wernfried, Haberfellner; Schroeder Walter (1993). Wiener Neustädter Flugzeugwerke. Entstehung, Aufbau und Niedergang eines Flugzeugwerkes. Weishaupt Verlag, Graz. ISBN 978-3-7059-0000-4. 
  5. Wiener Neustadt - Flugzeugwerk
  6. Israel Isserlein

Надворешни врски[уреди | уреди извор]