Матија Корвин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Милениумскиот споменик на Плоштадот на хероите во Будимпешта - бистата на Матија Корвин во бронза.

Матија Корвин (унгарски: Corvin Mátyás, хрватски: Matija Korvin, чешки: Matyáš Korvín, латински: Matthias Corvinus) познат и како Матија или Матијаш Хуњади (унгарски: Mátyás Hunyadi, хрватски: Matija Hunjadi, чешки: Matyáš Hunyadi, латински: Matthias Hunyadi; Клуж, 23 февруари 1443Виена, 6 април 1490), бил унгарски крал (14581490) и австријски војвода (од 1486 година), а од 1469. година полагал право и на чешката кралска круна, за која водел борби најпривн со Јиржи Подјебрадски, а потоа и со Владислав II Јагелонски.

Биографија[уреди | уреди извор]

Грбот на Матија Корвин.

Како син на Јанош Хуњади, војвода од Трансилванија, Матија Корвин бил изабран а крал во 1458 године и тој бил последниот унгарски владетел кој успеал да ги среди внатрешните прилики во Унгарија и да воспостави силна кралска власт.[1][2] Времето на династијата Корвин е период на најголемиот подем на унгарската држава. Матија Корвин најпрвин се потпирал врз ниското и средното благородништво, а потоа и на моќта на градовите. Во тој период, секоја година се свикувал Државниот собор, при што биле одржувани и жупаниски собори или конгрегации на кои учествувале и претставници на градовите, кои давале голема материјална поддршка за освојувачките походи на Унгарија.[2]

Кралот Матија Корвин како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Кралот Матија и чизмарот“ - унгарска народна приказна.[3]
  • „Кралот Матија и старецот“ - унгарска народна приказна.[4]
  • „Кралот Матија и овчарот кој ја зборува вистината“ - унгарска народна приказна.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Чубриловић 1939.
  2. 2,0 2,1 Удаљцов, Космински & Вајнштајн 1950, стр. 351.
  3. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 33-35.
  4. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 154-157.
  5. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 158-161.