Надвојводство Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Надвојводство Австрија
Erzherzogtum Österreich  (германски)
Дел од Светото Римско Царство
Duchy of Austria
1453–1806 Lower Austria
 
Upper Austria


Coat of arms

Гесло
A.E.I.O.U.
[1]
Главен град Виена
Јазици централно баварски
Вероисповед Римокатоличка црква
Уредување Кнежевство
Надвојвода1
 -  1453–1457 Ладислав V
(прв надвојвода)
 -  1792–1806 Франц I (последен)
Историски период Среден век
 -  Војвода Рудолф IV 1358/59
 -  Цар Фридрих III 6 јануари 1453
 -  Вклучен во Австриски царски округ 1512
 -  Фердинанд I 28 април 21
 -  Војна за австриско наследство 1740–1748
 -  распаѓање на Светото Римско Царство 6 август 1806
Валута Конвенционен талер
Денес во  Австрија

Надвојводство Австрија (германски: Erzherzogtum Österreich) — едно од главните надвојводства на Светото Римско Царство и јадрото на Хабсбуршката монархија. Со главен град Виена, надвојводството претставувало центар во југоисточниот дел на царството.

Надвојводството било основано на територијата на Маркгрофство Австрија и Војводство Австрија. Хабсуршката династија на австрискиот престол дошле во 1282 година и во 1453 година царот Фридрих III како австриски владетел официјално ја додал титулата надвојвода, основајќи го Надвојводство Австрија. Од 15 век сите свети римски цареви ја користиле титулата надвојвода.

Историјата на ова надвојводство завршила со распаѓањето на Светото Римско Царство во 1806 година. Таа била наследена од Долна Австрија и Горна Австрија како дел од Австриско Царство.

Австрија се наоѓа по долината на река Дунав. Граничела со Кралство Унгарија на исток, на југ со Војводство Штаерска, на север со Бохемија и Моравија и на запад со Војводство Баварија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Heinz-Dieter Heimann, Die Habsburger. Dynastie und Kaiserreiche. 2010. pp. 38–45. ISBN 3-406-44754-6