Салцбург
| Салцбург Salzburg | ||
|---|---|---|
Поглед на Салцбург од тврдината Хоензалцбург | ||
| ||
| Земја | Австрија | |
| Покраина | Салцбург | |
| Округ | статутарен град | |
| Управа | ||
| • Градоначалник | Харалд Пројнер (ÖVP) | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 65,678 км2 (25,358 ми2) | |
| Надм. вис. | 424 м | |
| Население (1.1.2016)[1] | ||
| • Вкупно | 150.887 | |
| • Густина | 2,3/км2 (6,0/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Пошт. бр. | 5020 | |
| Повик. бр. | 0662 | |
| Рег. таб. | S | |
| Мреж. место | stadt-salzburg.at | |
Салцбург (правилно: Залцбург, (германски: Salzburg) — четврти град по големина во Австрија, сместен во средишниот дел на државата. Претставува административен, економски и културен центар на истоимената покраина Салцбург. Салцбург е познат по барокниот стил, еден од најзачуваните во Средна Европа. Поради тоа, градското јадро претставува културно наследство заштитено од УНЕСКО. Исто така, познат е и како "град на класичната музика", благодарение на Волфганг Амадеус Моцарт, кој се родил токму овде. Салцбург е познат и по блискоста на Алпите и познатите алпски зимски центри, па затоа го викаат „Врата на Алпите“.
Географија
[уреди | уреди извор]Салцбург се наоѓа во средниот дел на Австрија, на околу 15 километри од границата со Германија, така што тој е најблизок поголем град на германскиот Минхен, оддалечен 150 километри. Според релјефот, сместен е во подножјето на Алпите. Климата е умереноконтинентална со благо влијание на планинска клима поради близината на планините. Водите ги застапува реката Залцах која тече низ градот.
Население
[уреди | уреди извор]Со 150.000 жители Салцбург е четврт град по големина во државата. Околината на градот има повеќе од 210.000 жители. Треба да се напомене дека тука живеат и работат многу студенти и работници од разни места на светот и секојдневно градот е посетен од илјадници туристи.
Салцбург како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Салцбург се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Салцбург“ (Salzburg) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Салцбург. Статистика Австрија — Население на почетот на годината од 2002 до 2016 г. по општини (состојба на 1.1.2016).
- ↑ Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 95-96.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Салцбург на Ризницата ?- Градски портал на Салцбург
| ||||||||||||
|