Прејди на содржината

Сојузни покраини во Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Австрија е федерална држава сочинета од девет сојузни покраини (германски: Bundesländer).

Секоја покраина има собрание (Landtag), покраинска влада (Landesregierung) и управник (Landeshauptmann). Изборите се одржуваат на секои пет години (шест во Горна Австрија). Управникот се гласа во собранието. Виена е посебен случај, каде градскиот совет и градоначалникот воедно имаат улога на покраинска управа.

Покраините имаат мошне ограничени права во носењето на закони, што не било случај секогаш. Во прво време уживале многу поголема автономија, но со време државата претрпила постепена централизација. Денес во покраинска надлежност се зонското планирање, заштитата на природата, ловот, риболовот, земјоделските работи, заштита на младите, извесни аспекти од здравството и социјалата и поситни давачки.

Функцијата на управникот има поголема политичка тежина бидејќи е надлежен за спроведување на политиката и одлуките на централната власт, покрај зонското планирање и јавните набавки.

Сојузни покраини

[уреди | уреди извор]

Покраините во Австрија, подредени по азбучен ред, се следниве:

Грб Сојузна покраина Главен град
МакедонскиГермански
ГрадиштеBurgenland Ајзенштат
ВиенаWien
Горна АвстријаOberösterreich Линц
Долна АвстријаNiederösterreich Санкт Пелтен
КорушкаKärnten Клагенфурт
ПредарлскаVorarlberg Брегенц
СалцбургSalzburg Салцбург
ТиролTirol Инсбрук
ШтаерскаSteiermark Грац

Население и површина

[уреди | уреди извор]

На следнава табела се претставени податоците за населението, површината и густината на населеност на покраините на 1 јануари 2011 г. според Статистичката служба на Австрија:[1]

Бр. ПокраинаГлавен град НаселениеПовршина
(км²)
Густина
(жит/км²)
ГрадовиСела
1 Виена 1.707.000414,654.113,3 10
2 Долна АвстријаСанкт Пелтен 1.609.80019.186,2683,9 75498
3 Горна АвстријаЛинц 1.412.30011.979,91117,9 32412
4 ШтаерскаГрац 1.208.90016.401,0473,7 34508
5 ТиролИнсбрук 708.90012.640,1756,1 11268
6 КорушкаКлагенфурт 560.7009.538,0158,8 17115
7 СалцбургСалцбург 531.8007.156,0374,3 10109
8 ПредарлскаБрегенц 370.2002.601,12142,3 591
9 ГрадиштеАјзенштат 284.0003.961,8071,7 13158

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Сојузни покраини — Статистичка служба на Австрија (германски) посет. 12 јули 2013 г