Зафаќајќи поовршина од 2.601 квадратен километар, таа е осма по големина покраина во Австрија. Според релјефот, најголем дел зафаќаат планините, во случајов Алпите, додека пак во западниот дел на покраината е долината на рекатаРајна, на 400 - 600 м.н.в. Климата, поради планинските предели е во најголем дел континентална, само на повисоките предели е планинска, додека пак покрај долината на Рајна е малку поблага. Водите играат значаен дел во Предарлска, најмногу реката Рајна, и секако, на север големото значајно Боденско Езеро.