Долина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во геологијата, долина е депресија со доминантна должина во еден правец, во однос на останатите. Претставува ерозивен облик кој се јавува во неколку геоморфолошки процеси. Многу длабоките речни долини се нарекуваат кањони и клисури. Долините можат да имаат два основни облици, U-облик и V-облик. Најголем број на долини припаѓаат на овие два основни типа или на некоја нивна комбинација.[1]

Речна долина[уреди | уреди извор]

Долината која е формирана со постојан линиски тек, односно речна долина, обично има V-облик. Точниот облик зависи од карактеристичниот тек по кој тече долината. Реките по стрмнина, како што е случајот по планинските подрачја, формираат стрмни страни. Поплитките реки можат да формираат поблаги долини, но во најниските делови на реката, каде таа ја достигнува својата ерозивна база, почнува да таложи седименти, па дното на долината постанува зарамнето.

Ледничка долина[уреди | уреди извор]

Долината која формира ледник, обично има U-облик. Долината постанува видливa дури кога се зголемува ледникот кој ја формира. Кога ледникот ќе се повлече или се стопи, на дното на долината останува материјал кој е транспортиран внатре во мразот. Обликот на долината не ја одредува подлогата туку количината мраз односно големината на ледникот. Ледниците кои континуирано се движат, особено во текот на ледената ера, обично формираат голема долина.

U-облик долина, Јута, САД

Примери на долини во U-облик се пронајдени на скоро секоја планина. Ледниците ги продлабочувале и проширувале менувајќи го така и нивниот облик. Ова се случувало во текот на ледничката ерозија, непосредно или посредно, што резуртирало со огромна количина на карпест материјал кој го транспортирал мразот. Овој материјал се таложел на ледничките долини. По топењето на мразот, долината останала многу стрмна и широка со зарамнето дно. По оваа долина започнува да тече река, но многу мала во однос на тоа која би ја формирала долината со таа димензија.

Премински форми[уреди | уреди извор]

Во зависност од топографијата, типот на карпите и климата, постојат многу премински типови долини помеѓу U-облик и V-облик, а постојат и зарамнети долини. Нивното дно може да биде широко или тесно. Што повеќе е поширока планинската долина тоа пониско ќе бидат лоцирани пониско. Важен исклучок се кањоните каде долинските рамена се лоцирани скоро на врвот на долината.


Висечки долини[уреди | уреди извор]

Висечката долина е долина од притока на некоја река чие дно е на многу повисоко ниво во однос на долините на реките во кои се влева притока. Обично имаат U-облик, кога помал ледник се спојувал со поголем ледник. Главниот ледник формира длабока долина во U-облик со вертикални долински страни, додека помалиот ледник формира поплитка со U-облик. Бидејќи површинските ледници на почетокот се на исто ниво, изгледа како поплитката долина да виси над главниот ледник. На крајот на висечката долина обично се формираат водопади.

Висечка долина, река Плива во Врбас, Јајце

Тектонска долина[уреди | уреди извор]

Тектонските долини се вдлабнати во Земјината кора, обично издолжена во еден правец, а потоа се обликуваат со некои геоморфолошки процеси. Тектонските долини настануваат така што Земјината кора се спушта по должината на паралени систем и така настанатата долина се нарекува тектонски ров. Тектонските ровови настануваат предиспозиција за развој на линискиот речен тек.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Анђелић М. Геоморфологија. Војногеографски институт, Београд, 1990.
  • Марковић М., Павловић Р., Чупковић Т. Геоморфологија. Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 2003.
  • Петровић Д. Геоморфологија. Грађевинска књига, Београд, 1977.
  • Пешић Л. Општа геологија — Егзодинамика. Рударско-геолошки факултет, Београд, 2001.