Кањон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кањон е многу тесна, длабока долина направена од река низ отпорна карпа и има стрмни, речиси вертикални страни. Кањоните најчесто се појавуваат во суви или полусуви региони. Некои кањони (на пр., Големиот Кањон) се спектакуларни природни карактеристики.


Кањонска долина[уреди]

Кањонската долина е издолжена и формирана со помош на сегментите од Земјината кора што се лизгаат или, обично меѓу прекините. кањонските долини обично се тесни и долги и имаат релативно рамно дно. Страните се спуштаат стрмно, постепено или терасасто. Кањонските долини се наоѓаат на континенетите долж гребените на океанските рабови. Тие се појавуваат таму кате што се одвојуваат две плочи што ја сочинуваат земјината површина. Подморските кањонски долини обично се центри на раширеното морско дно, каде што магмата извира нагоре од обвивката. Најпространи континентални кањонски долини има во Источноафриканскиот кањонски систем; другите забележани примери ги вклучуваат руската Бајкалска кањонска долина и германската Рајнска кањонска долина.