Прејди на содржината

Долна Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна Австрија
Niederösterreich
Покраина
Знаме на Долна АвстријаГрб на Долна Австрија
Местоположба на Долна Австрија
Држава Австрија
Главен градСанкт Пелтен
Управа
  ГувернерЕрвин Прел
Површина
  Вкупна19.186 км2 (7,408 ми2)
Население
  Вкупно1.612.000
  Густина84/км2 (220/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166AT-3
Мреж. местоnoe.gv.at

Долна Австрија (германски: Niederösterreich) — една од деветте сојузни покраини во Австрија, која се наоѓа во нејзиниот североисточен дел. Зафаќа површина од 19.177 квадратни километри и тука живеат околу 1.612.000 жители. Главен град е Санкт Пелтен.

Долна Австрија го зазема североисточниот дел на Австрија. Се граничи со:

Географија

[уреди | уреди извор]

Со површина од 19.177 квадратни километри, Долна Австрија е најголема покраина во Австрија. Според релјефот, северниот и источниот дел се во склоп на Виенската Котлина, а на југ и запад се протегаат Алпите. Климата е претежно континентална, само во повисоките делови е планинска. Водите ги застапуваат многу реки, од кои најпозната е Дунав која течи во средишниот дел и негова најпозната притока е реката Морава.

Население

[уреди | уреди извор]

Со над 1,6 милиони жители и густина на населеност од 86 жители/км2 Долна Австрија е втора по бројност покраина во Австрија. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Австријци, но во последните години има и многу доселеници од сите поранешни југословенски републики и од Турција.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]