Географија на Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мстоположба[уреди | уреди извор]

Австрија е држава која се наоѓа во Средна Европа.

Граници[уреди | уреди извор]

Австрија се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад[1].

Плоштината на Австрија изнесува 83,871 км2[1][2], и според неа се наоѓа на 112 место во светот. Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта.

Население[уреди | уреди извор]

Австрија има 8,356,707 жители (2009), а густината на населението изнесува 99/km2 жител на км2. Главниот град Виена со 1,631,082 жители е најголемиот град во земјата.

Клима[уреди | уреди извор]

Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска. Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура.

Австрија од рудното богатство има железна, олово-цинкова руда, камен јаглен, нафта и друго. Австрија е високоразвиена индустриска и земјоделска земја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Johnson, Lonnie (1994). „Geography“. Во Solsten, Eric; McClave, David E. (уред.). Austria: a country study (изд. 2nd.). Washington, D.C.: Federal Research Division, Library of Congress. стр. 69–78. ISBN 0-8444-0829-8. OCLC 30664988. Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  2. „Austria“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. April 30, 2021. Посетено на June 9, 2021.