Војводство Штаерска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Војводство Штаерска
Herzogtum Steiermark (германски)
Vojvodina Štajerska (словенечки)
Држава во Светото Римско Царство и Австриско Царство
March of Styria
1180–1918
 

Знаме Грб
Карта на Австро-Унгарија во 1910, Штаерска е во црвено
Главен град грац
Уредување Кнежество
Историски период Среден век
 -  Штаерска
     Каринтија
 
970
 -  прогласено за војводство од
    Фридрих Барбароса
1180
 -  под управа на Бабенберг 1192
 -  под управа на Арпади 1254
 -  под управа на Пршемисловци 1260
 -  под управа на Хабсбуршка династија 1276/78
 -  Австро-Унгарија 31 октомври 1918
 -  Распаѓање (Договор од Сер Женмен во 1919) 10 септември 1919
Денес во  Австрија
 Словенија
*

Војводство Штаерска (германски: Herzogtum Steiermark, словенечки: Vojvodina Štajerska, унгарски: Stájer Hercegség) — војводствo на Светото Римско Царство кое било основано во 1180 година и опстојувало до нејзиното распаѓање во 1806 година. Војводството било во составот на Цислајтанија како дел од Австро-Унгарија до 1918 година. Во почетокот на 20 век, во Штаерска живееле 983,000 Германци и 409,000 Словени[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Војводството било основано од страна на Фридрих Барбароса во 1180 година кога Штаерска била подигната на еднаков ранг со соседните војводства Каринтија и Баварија, по паѓањето од власт на баварскиот војвода Хајнрих Лавот, претходно таа година. Грофот Отокар IV станал прв војвода од Штеарска. Тој во 1186 година го потпишал Георгенбергскиот договор до династија Бабенберг, владетели на Австрија од 976 година според кој договор двете војводства се ограничиле од идни конфликти поврзани околу зазимање на територии. Но, по неговата смрт, Штаерска паднала под управа на Бабенберг, на чело со Леополд V.

Машката линија на династија Бабенберг изумрела во 1246 година, кога војводата Фридрих II бил убиен во битка против унгарскиот крал Бела IV . Штаерска во 1254 година била заземена од Унгарија. Династија Пшемисловци извршиле обид да ги остварат своите претензии кон Австрија, преку организирање на брак меѓу Маргарет фон Бабенберг и Отокар, кој бил дваесет години помлад од неа, и кој бил син на Вацлав I. Како резултат од ова Австрија станала бојно поле на конфликтот меѓу Пшемисловци и унгарската династија Арпад во кој Отокар најпрвин имал предност, победувајќи го кралот Бела во битката кај Кресенбрун, а конечно бил поразен и исфрлен од германскиот крал Рудолф I во битката на Моравско поле во 1278 година.

Во следните години, Рудолф целосно се посветил во зацврстување на својата власт во новите територии. Тој потрошил неколку години додека потполно не ја зацврсти својата власт. Но Рудолф и понатаму се соочувал со тешкотии да овие провинции ги претвори во наследни територии на своето семејство. Во декември 1282 година успеал да го совлада отпорот на четирите провинции. По ова, тој ги поставил своите синови: Албрехт I и Рудолф II на чело на Војводство Австрија и Војводство Штаерска, со кое биле поставени темелите на Хабсбуршката династија.

Во 1379 година бил потпишан договор во Нојберг според кој Штаерска, Корушка и Крањска биле прераспределени на потомците на Леополд III и Албрехт III. Во 1512 војводството било приклучено кон Австрискиот круг на царството.

Војводи[уреди | уреди извор]

Отакари

Бабенберги

Пршемисловци

Арпади

Хабсбуршка династија[уреди | уреди извор]

Леополдска линија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A.J.P. Taylor, The Habsburg Monarchy 1809-1918, 1948: Serbian edition: A. Dž. P. Tejlor, Habzburška monarhija 1809-1918, Beograd, 2001, page 302.