Албрехт I (Германија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Албрехт I
Albrecht Erste Habsburg.jpg
Крал на Германија
На престол 27 јули 1298 – 1 мај 1308
Крунисување 24 август 1298
Ахенска катедрала[1]
Претходник Адолф
Наследник Хајнрих VII
Војвода од Австрија и Штаерска
до 1283 со Рудолф II
1298–1307 со Рудолф III
На престол 27 декември 1282 – 1 мај 1308
Претходник Рудолф I
Наследник Фридрих I
Сопружник Елизабета Тиролска
Деца
Рудолф
Фридрих I
Леополд I
Албрехт II
Отон IV
Ана
Агнеса Унгарска
Елизабета
Катерина
Династија Хабсбуршка династија
Татко Рудолф I
Мајка Гертруда фон Хоенберг
Роден(а) јули 1255(1255-07-00)
Слободен Царски Град Рајнфелден
Починал(а) 1 мај 1308(1308-05-01) (воз. 52 г.)
Виндиш
Почивалиште Шпаерска катедрала

Албрехт I (германски: Albrecht I, роден на 1255 - починал на 1 мај 1308 во Виндиш) — владетел од Хабсбуршката династија како крал на Германија (1298—1308), војвода од Австрија и Штаерска (до 1283 со Рудолф II, од 1298 до 1307 со Рудолф III).

Рани години[уреди | уреди извор]

Албрехт бил син на Рудолф I, основач на Хабсбуршката династија. Во 1282 година Рудолф ги поставил своите синови на чело на Војводство Австрија и Војводство Штаерска. Така Албрехт станал прв владетел на Австрија од Хабсбуршката династија. Од 1283 година Албрехт како војвода владеел со двете војводства.

Албрехт бил оженет со Елизабета Тиролска.

Војвода на Австрија[уреди | уреди извор]

Албрехт воведел реформи во војводството создавајќи централизација над своите територии и ги намалил привилегиите на државните службеници и свештенството. Освен тоа ја намалил и моќта на аристократските семејства. Основал Таен совет и во Виена основал суд како единствен во војводството. Во негово време Виена станала Слободен кралски град.

Крал на Германија[уреди | уреди извор]

Во 1291 година Рудолф направил обид да го осигури изборот на својот син Албрехт за крал на Германија, но кнезовите го одбиле под изговор дека не можат да подржуваат два крала. Во суштина, кнезовите се плашеле од големата моќ која Рудолф ја имал. Поради оваа причина, изборните кнезови го избрале слабиот крал Адолф Вајлбуршки, додека Албрехт бил принуден да го прифати новиот крал и се ограничил само на владеењето на Австрија. Но дел од изборните кнезови биле незадоволни од Адолф, па во 1298 година го избрале Албрехт за крал. Војските на Албрехт и Адолф се сретнале во битката кај Гелхајм во која Адолф бил убиен а неговите сили поразени. Така, Албрехт на новиот избор за крал на Германија ја осигурил подршката на изборните кнезови и во Франкфурт на 27 јули 1298 година бил избран за крал, додека на 24 август 1298 година бил крунисан во Ахен.

Како германски крал воспоставил ред и владеење на законот, основал многу градови и го штитил еврејското население.

Надворешна политика[уреди | уреди извор]

Албрехт настојувал да биде значаен фактор во европската политика. Најпрвин се судрил со Французите околу Бургундија, но политиката кон Французите ја променил кога папата го одбил неговиот избор за крал. Со францускиот крал Филип IV Убавиот склучил договор за веридба на неговиот син со ќерката на Филип. Подоцна, односите со Франција повторно се заладиле. Со папа Бонифациј VIII склучил договор според кој папата го признал за крал и иден цар на Светото Римско Царство. За возврат, Албрехт го признал правото на папата да поставува цар и дал ветување дека ниту еден негов син нема да стане цар без дозвола и благослов од папата.

Холандија и Зеланд во 1299 година станале феудални царства. Албрехт неуспешно направил обид да ги заземе. По смртта на Вацслав III, во 1306 година ја осигурил круната на Бохемија за својот син Рудолф. Влегол во спор за Тирингија и се вклучил во спорот околу наследникот на унгарскиот простол со Отон III Баварски. Во 1307 година бил поразн, година кога починал неговиот син Рудолф. Смртта на неговиот син значително ја намалила неговата сила во Европа.

Албретх исто така направил обид да ги укине сите царински давачки кои биле наметнати од Рајна во 1250 година. Поради тоа, епископите на Рајна и палатинскиот гроф направиле сојуз против него, но градовите му помогнале да го задуши востанието. Востание започнало и во Швабија каде Албрехт бил убиен од страна на Јохан Парицида, син на брат му Рудолф II. Албрехт починал на 1 мај 1308 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Албрехт I (Германија)
Роден(а): 1255 Починал(а): 1308
Владејачки титули
Претходник
Адолф
Крал на Германија
(формално Крал на Римјаните)

1298–1308
Наследник
Хајнрих VII
Маркгроф од Мајсен
1298–1307
Наследник
Фридрих II
Претходник
Рудолф I
Војвода од Австрија и Штаерска
1282–1308
Наследник
Фридрих I
и Леополд I