Ахен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ахен
Грб на Ахен
Ахен во рамките на Германија
Ахен
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Келн
Округ Ахен
Градоначалник Marcel Philipp (ДХС)
Владејачки партии ДХСЗелени
Основни податоци
Површина 160,83 км2
Надм. височина 266 м
Население 248.878 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.547 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AC
Пошт. бр. 52062–52080
Повик. бр. 0241 / 02405 / 02407 / 02408
Портал www.aachen.de
Местоположба на градот Ахен во рамките на округот Ахен
Карта
Карта
Координати 50°46′31″N 6°4′58″E / 50.77528° СГШ; 6.08278° ИГД / 50.77528; 6.08278Координати: 50°46′31″N 6°4′58″E / 50.77528° СГШ; 6.08278° ИГД / 50.77528; 6.08278

Ахен (германски: Aachen, француски: Aix-la-Chapelle, холандски: Aken, латински: Aquisgranum, месно: Oche) — град во германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, на граница со Холандија и Белгија, 65км западно од Келн. Ахен е најзападен град на Германија.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот првин го населиле Римјани во 1 век од новата ера. На местото на античката населба Карло Велики соградил дворец и катедрала по пример на катедралата од Равена, Сан Витале околу 800 година. Во неа бил крунисан неговиот син Лудвиг I Побожен во 813 година, како и скоро сите цареви на Римско-германските царства до 1513 година.

Градот бил центар на каролиншката култура и втор град во големина во царството на Карло Велики. По норманските пустошења во 881 година градот бил обновен во 983 година.

Царот Фридрих I издигнал цврсти ѕидини, кои подоцна уште повеќе ги појачал Фридрих II во 1215 година.

Во времето на верските равоти во 16 век градот страдал и почнал да го губи своето значење и своите привилегии, а посебно кога германските владетели го избрале Франкфурт на Мајна, како крунобден град.

Од 1801 година градот припаѓал на Франција, а во 1815 година на Прусија.

Во втората светска војна, како важен центар на прилазот на Рур во долготрајните и тешки борби бил готово потполно разрушен.

Географски и демографски податоци[уреди | уреди извор]

Положбата на градот во округот Ахен

Градот се наоѓа на надморска височина од 173 метри. Површината на општината изнесува 160,8км2. Во самиот град според проценките од 2010 година живееле 259,269 жители. Просечната густина на населението изнесувала 1,612ж/км2. Претставува една од 10-те општински центри на округот и регион Ахен. Поседува регионална шифра (AGS) 5334002, NUTS (DEA21) и LACODE (DE AAH) код.

Во околината има јаглен и железна руда, бакарна руда и олово. Познат е по индустриските машини, вагони, сапуни, стакла. Покрај катедралата на Карло Велики, во која и тој самиот е погребан, тука е и готската зграда од 16 век, музеи и позната бања со термоминерални сулфурни извори.

Ахенскиот универзитет (RWTH Aachen), основан во 1870 година, е еден од водечките европски технички универзитети, посебно за електротехника и машинство, но и за информатика и физика. Универзитетската клиника Ахен е најголемата европска клиника во една зграда. Голем број на софтверски и компјутерски компании се разввиле во околината на Ахен.

Катедралата во Ахен е од 1978 година на списокот на светските градби.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)