Леверкузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Леверкузен
Музеј Мосбројх
Музеј Мосбројх
Музеј Мосбројх
Знаме на Леверкузен
Грб на Леверкузен
Леверкузен во рамките на Германија
Леверкузен
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Келн
Округ Урбан округ
Градоначалник Уве Рихрат (СДП)
Владејачки партии ДХССДП / Bürgerliste
Основни податоци
Површина 78,85 км2
Надм. височина 60 м
Население 163.905 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 2.079 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LEV and OP
Повик. бр. 0214, 02171 & 02173
Портал leverkusen.de
Местоположба во Северна Рајна-Вестфалија
Карта
Карта
Координати 51°02′0″N 6°59′0″E / 51.03333° СГШ; 6.98333° ИГД / 51.03333; 6.98333Координати: 51°02′0″N 6°59′0″E / 51.03333° СГШ; 6.98333° ИГД / 51.03333; 6.98333

Леверкузен (германски: Leverkusen) — град во покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија, на источниот брег на реката Рајна. На југ се граничи со Келн, а на север со главниот град на покраината - Диселдорф. Со над 163.000 жители, Леверкузен е еден од помалите градови во Германија. Познат е по фармацевтскиот гигант „Бајер“ (Bayer) и ФК Бајер Леверкузен.

Историја[уреди | уреди извор]

Денешниот град на Леверкузен всушност е селото Виздорф кое датира од XII век. Подрачјето се смета за рурално сè до 19 век, кога индустриски се развива создавајќи се една од најголемите фармацевтски гиганти во светот.

Во 1975 година, Опладен, Хитдорф и Бершки Нојкирхен беа припоени кон Леверкузен. Денешниот град се состои од седум села, претходно наречени Виздорф, Опладен, Шлебуш, Бириг, Манфорт, Хитдорф, Кетинген, Литценкирхен, Штајнбухел, Рајндорф и Бершки Нојкирхен.

Население[уреди | уреди извор]

Населението на градот надминува 163.000.

Најбројни групи на странски државјани
Националност Број (2018)
 Турција 3.776
 Италија 2.382
 Полска 2.159
 Македонија 1.956
 Грција 1.254
 Хрватска 1.015
останати: 12,096

Географија[уреди | уреди извор]

Околија Население
(2013)
Површина
(км2)
Виздорф 18.174 9,86
Рајндорф 15.900 6,25
Хитдорф 7.654
Бершки Нојкирхен 6.721 7,96
Бириг 6.492
Киперштег 9.184
Кетинген 12.914
Луценкирхен 10.915 4,17
Шлебуш 26.149 10,31

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)