Мерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мерс
Мерскиот замок
Мерскиот замок
Мерскиот замок
Грб на Мерс
Мерс во рамките на Германија
Мерс
Управа
Земја Германија
Покраина Северна Рајна-Вестфалија
Адм. подрач. Диселдорф
Округ Везел
Градски единици 3
Градоначалник Норберт Балхаус (СДП)
Основни податоци
Површина 67,68 км2
Надм. височина 23 м
Население 103.487 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.529 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WES
Пошт. бр. 47441 - 47447
Повик. бр. 0 28 41
Портал moers.de
Местоположба на градот Мерс во рамките на округот Везел
Карта
Карта
Координати 51°27′33″N 6°37′11″E / 51.45917° СГШ; 6.61972° ИГД / 51.45917; 6.61972Координати: 51°27′33″N 6°37′11″E / 51.45917° СГШ; 6.61972° ИГД / 51.45917; 6.61972

Мерс или Мерс (герм. Moers, застарено: Mörs; архаично хол. Murse, Murs или Meurs) — град во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија, сместен на левиот брег на реката Рајна. Припаѓа на округот Везел. Ова е најголемиот град во Германија што не е урбано подрачје и нема такви должности.

Историја[уреди | уреди извор]

Војводството Мерс во 1635 г.

Мерс за првпат се споменува во 1186 г. како Војводство Мерс - независно кнежевство во рамките на Светото Римско Царство.

За време на Осумдесетгодишната војна градот наизменично потпаѓа под шпанска и холандска власт, поради близината на Горната четврт на војводството Гелдерн. По војната градот му припаднал на Мориц Орански. Потоа бил одделен од Холандската Република и присоединет кон Горен Гелдерн (под шпанска власт).

По смртта на Вилем III Орански во 1702 г, Мерс му припаднал на кралот на Прусија. Тогаш се истерани сите холандски војници и службеници.

Во 1795 г. Мерс е припоен кон Франција. Со Виенскиот конгрес во 1815 градот ѝ се враќа на Прусија, а во 1871 станува дел од Германско Царство.

За време на II светска војна во Мерс се произведувала синтетичка нафта за воени потреби. По војната производствените капацитети биле делумно затворени[2].

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Мерс е збратимен со следниве места:

1966 Франција Мезон-Алфор
1974 Франција Бапом
1980 Обединето Кралство Ноузли (Мерсисајд)
1987 Израел Рамла
1989 Никарагва Ла Тринидад
1990 Германија Зелов (Бранденбург)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 21 јуни 2021. (германски)
  2. Протоколни договори - Мерс (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]