Трир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трир

Trier

Поглед на Трир
Поглед на Трир
Грб на Трир
Трир is located in Германија
Трир
Управа
Земја Германија
Покраина Рајнска област-Пфалц
Округ самостоен
Надградоначалник Волфрам Либе (СДП)
Основни податоци
Површина 117,13 км2
Надм. височина 137 м
Население 110.111 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 940 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. TR
Пошт. бр. 54290–54296 (освен 54291)
Повик. бр. 0651
Портал trier.de
Координати 49°45′N 6°38′E / 49.750° СГШ; 6.633° ИГД / 49.750; 6.633Координати: 49°45′N 6°38′E / 49.750° СГШ; 6.633° ИГД / 49.750; 6.633

Трир (германски: Trier, луксембуршки: Tréierград во покраината Рајнска област-Пфалц, западна Германија, близу границата со Луксембург.

Градот е основан е од Келтите кон крајот на IV век п.н.е. под името Тревор. По три века е освоен од Римјаните, кои го нарекле Августа Треверорум („град на Октавијан Август меѓу Треверите“), и многумина го сметаат за најстар град во Германија.[2][3] Важи за најстарото епископско седиште северно од Алпит. Во средниот век, изборниот архиепископ на Трир бил важен кнез на црквата кој владеел со територијата од француската граница до реката Рајна. Архиепископскиот кнез имал исклучително влијание како еден од седумте изборни кнезови на Светото Римско Царство.

Со население од околу 105.000 жители, Трир е на чеврто место по големина во покраината, по Мајнц, Лудвигсхафен и Кобленц.[4] Најблиски поголеми градови се Луксембург (50 км на ЈЗ), Сарбрикен (80 км на ЈИ) и Кобленц (100 км на СИ).

Во градот се сместени Трирскиот универзитет, управата на административниот округ Трир-Сарбург, Дирекцијата на службите и Академијата на европското право. Се смета за еден од петте „средишни места“ на Рајнската област-Пфалц. Заедно со Луксембург, Мец и Сарбрикен, го сочинува сојузот на градови Кватрополе, но е и средиште на поширокиот регион Сар-Лор-Лукс (Сар, Лотарингија и Луксембург), Рајнската област-Пфалц и Валонија.

Трир е сместен во долина западниот дел на покраината црвен песочник, во средното течение на реката Мозел. Падините на долината се покриени со лозови насади кои се протегаат сè до висорамнината Хунсрик јужно од венецот Ајфел. Границата со Луксембург е на 15 км од градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Августа Треверорум во IV век.

Најстарите наоди на подрачјето на Трир се од жителите припадници на културата на линеарнопругестата керамика од раниот неолит. Неколку века пред христијанизацијата, на местото на денешен Трир се доселило келтското племе Тревери.[5] Името на градот доаѓа од латинското Августа Треверорум.

Римското Царство ги потчинило Треверите во I век п.н.е. Градот Августа Треверорум е основан во 16 п.н.е.[6] и наречен во чест на римскиот цар Октавијан Август. Подоцна станал главен град на провинцијата Белгиска Галија, а по Диоклецијановите реформи, седиште на префектурата на Галите, од каде се управувал голем дел од Западното Римско Царство. Во IV век, Трир прераснал во еден од најголемите градови во Римското Царство, со население од 75.000 до 100.000 жители.[7][8][9][10] Во овој период е изградена познатата градска порта, наречена Порта Нигра („Црна порта“), кога бил седиште на западниот римски цар. Во 407 г. римската управа го преселила преторијанската префектура од Трир во Арл. Градот изгубил на важност, но сепак останал седиште на управникот; во градот и понатаму работеле државните заводи за производство на балисти, оклоп и волнени униформи за војската, облека за државните чиновници и висококвалитетна облека за дворот. Северна Галија под римска власт се протегала долж линија почнувајќи северно од Келн до брегот на Булоњ преку денешна јужна Белгија сè до 460 г. Јужно од оваа линија, римската власт останала мошне силна, што може да се заклучи од понатамошното работење на царските оружарници во Амјен.

Макета на Трир околу 1800 г.
Кнежевскиот дворец во Трир.

Во 459 г/ Франките го зазеле Трир од Римјаните. Во 870 г. градот влегол во состав на Источна Франкија, која подоцна прераснала во Светото Римско Царство. Неговата улога како духовен центар започнала со пренесувањето на моштите на св. Матеј. Епископите постепено стекнале голема моќ, и Триската архиепископија станала изборно кнежевство на царството, и една од најсилните држави во Германија. По овој политички успех, следел и процутот на образованието со основањето на Трирскиот универзитет во 1473 г. Во XVII век, архиепископите и изборните кнезови на Трир ги преселиле нивните седишта во замокот Филипсбург во крепоста Еренбрајтштајн кај Кобленц. Во 1512 г. е одржана седница на Царскиот собор (Рајхстаг), на која конечно е усвоена поделбата на териториите во царски окрузи.

Во периодот од 1581 до 1593 г. во Трир се одржани најголемите ловови на вештерки во историјата на Европа. Прогонствата започнале во надворешноста на епископијата во 1581 г. и стасале во самиот град шест години подоцна; во нив се осудени на смрт околу 368 лица, што во тоа време било најмасовното погубување во Европа во мирновременски услови. Бројот на погубените во целата епископија бил повисок, иако се смета дека вкупниот број е поблизок до 1.000 лица.

In XVII и XVIII век, Трир станал привлечен за Франција, чија војска го зазмала на повеќе наврати: во Триесетгодишната војна, во Деветгодишната војна, во Војната за шпанското и во Војната за полското наследство. Франција конечно успеала да го присвои во 1794 г. за време на Француските револуционерни војни, со што е распуштено епископско кнежевство. Со крајот на Наполеонските војни во 1815 г. Трир прешол во Кралството Прусија. Тука во 1818 г. е роден Карл Маркс.

Како дел од Рајнската покраина, Трир доживеал значаен стопански подем во XIX век. Неговите граѓани се кренале на востание во Германската револуција од 1848-49 г., иако бунтовниците биле приморани да ги напуштат барањата. Во 1871 г. Трир станал дел од Германското Царство.

Во јуни 1940 г. во Динкерк и северна Франција се заробени преку 60.000 британски војници и одведени во Трир, од каде се распоредувани во разни военозаробенички логори. Трир доживеал страшни бомбардирања од страна на Сојузничките сили во 1944 г. во Втората светска војна. По војната, станал дел од Рајнската област-Пфалц. Во 1970-тите е обновен универзитетот, распуштен во 1797 г., а во 1974 г. Триската катедрала повторно ги отворила вратите за верниците и посетителите. Градот свеченјо одбележал две илјади години постоење во 1984 г.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
10020.000—    
30080.000+300.0 %
40050.000−37.5 %
125012−100.0 %
136310−16.7 %
15428,5−15.0 %
16136−29.4 %
17024,3−28.3 %
18018,829+105.3 %
187121,442+142.9 %
190043,506+102.9 %
191049,112+12.9 %
191953,248+8.4 %
191957,341+7.7 %
193376,692+33.7 %
193988,15+14.9 %
195075,526−14.3 %
196187,141+15.4 %
1970103,724+19.0 %
198794,118−9.3 %
2011105,671+12.3 %
2018110,636+4.7 %
Извор:[11]

Управна поделба на градот[уреди | уреди извор]

Окрузи на Трир

Подрачјето на Трир е поделено на 19 градски окрузи. Секој од нив има свој месен совет (Ortsbeirat) со 9 до 15 члена, како и месен началник (Ortsvorsteher). Месните совети се задолжени да расправаат по проблематика што се однесува на округот, иако конечната одлука ја носи градскиот совет. Сепак, тие имаат извесни ограничени права да донесуваат извесни мерки во рамките на своите окрузи и доделениот буџет.

Ова се градските окрузи на Трир со нивното население во 2009 година:

Бр. Округ со подокрузи Површина
(км2)
Население
11 Мите/Гартенфелд 2,98 11.954
12 Север (Нелс Лендхен, Максимин) 3,77 13.405
13 Југ (Санкт Барбара, Санкт Матијас) 1,72 9.123
21 Еранг/Квинт 26,13 9.195
22 Пфалцел 2,35 3.514
23 Бивер 5,18 1.949
24 Рувер/Ајтелсбах 9,16 3.091
31 Запад/Палиен 8,49 7.005
32 Ојрен (Херестал) 13,19 4.207
33 Цевен (Оберкирх) 7,49 3.634
41 Олевиг 3,10 3.135
42 Киренц (Стар Киренц, Нов Киренц) 5,82 8.708
43 Тарфорст 4,18 6.605
44 Филш 1,60 761
45 Ирш 4,08 2.351
46 Керншајд 3,76 958
51 Фајен/Вајсмарк 5,09 5.689
52 Хајлигкројц (Стар Хајлигкројц, Нов Хајлигкројц, Санкт Матернус) 2,03 6.672
53 Маријахоф (Санкт Михаел) 7,04 3.120
Вкупно 117,21 105.076

Клима[уреди | уреди извор]

Трир се одликува со океанска клима (класа: Cfb), но со поголеми крајности од приморската варијанта застапена во северна Германија. Летата се топли со повремени топлински бранови, а зимите се редовно студени, но не се сурови. Градот прима доста врнежи, иако не излегува на море.[12] Највисоката забележана температура е 39 °C измерена во август во 2003 г., а најниската е -19,3 °C во февруари 1956 г.[13]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Римски споменици, катедрала „Св. Петар“ и Богородична црква
Светско наследство на УНЕСКО
Trier Kaiserthermen BW 1.JPG
Остатоци од Царската бања
Вклучуваамфитеатар, римски мост, Варварина бања, Игелски столб, Порта Нигра, Царска бања, Константинова базилика, катедралата и Богородичната црква
КритериумCultural: i, iii, iv, vi
Навод367
Запис1986 (X заседание)

Трир е познат по добро зачуваните градби од римско и средновековно време:

  • Порта Нигра — најдобро зачувана римска градска порта северно од Алпите;
  • Константинова базилика — огромна римска базилика со престолна сала на римскиот цар Константин Велики, долга 67 м; денес служи како протестантска црква;
  • Римски амфитеатар;
  • Римскиот мост од II век (Römerbrücke) преку реката Мозел — најстариот сè уште прометен мост северно од Алпите;
  • рушевини на три римски бањи, меѓу кои најголемата бања северно од Алпите; меѓу нив се Варварината и Царската бања;
  • Трирската катедрала „Св. Петар“ (Trierer Dom или Dom St. Peter) — католичка црква во романски стил која води потекло од римско време; во неа се чува Ризата Господова во која бил облечен Исус при неговото распнување, воедно и многу скапоцености и релкивии во Катедралната ризница;
  • Богородична црква (Liebfrauenkirche) — една од најважните раноготски цркви во Германија, стилски споредлива со француската готика;
  • Опатија „Св. Матеј“ (Abtei St. Matthias) — манастир во чија средновековна црква и единствено почивалиште на апостол северно од Алпите;
  • Црква „Св Ганголф“ — градска црква во готски стил
  • Црква „Св. Павлин“ — една од најважните барокни цркви во покраината; делумно дело на прочуениот архитект Балтазар Нојман;
  • стари пристанишни дигалки со нагазни тркала — едната „стара“ или „готска“ од 1413 г., а другата „нова“ или „барокна“ од 1774 г.

Музеи[уреди | уреди извор]

Музејот на Рајнската област.
  • Музеј на Рајнската област (Rheinisches Landesmuseum) — важен археолошки музеј на артефакти од римско време; има ранохристијански и романски скулптури;
  • Катедрална ризница (Domschatzkammer) — моштите на св. Егберт, реликвијар на Светиот Грал, путирот на св. Елена и други реликвии, богослужбени предмети, ракописи и тн., претежно од средниот век);
  • Катедрален музеј (Museum am Dom) — музеј на Триската епископија со верска уметност и извесни римски артефакти;
  • Градски музеј „Симеонова задолжбина“ (Stadtmuseum Simeonstift) — музеј на историјата на Трир
  • Куќа на Карл Маркс; спомен-куќа на личната историја на Маркс, со стихотворби, писма и фотографии со лична посвета. Има и збирка на ретки први и меѓународни изданија на неговите дела, како и поставки од развојот на социјализмот во XIX век;
  • Музеј на играчките;
  • Етнолошки музеј на отворено „Рошајдски двор“ (Roscheider Hof) — музеј во соседниот Конц на самиот крај на Трир, во кој е прикажан народниот живот во северозападниот дел на Рајнската област-Пфалц и местото каде Германија се среќава со Луксембург и Лотарингија;
  • Музеј на шкриларството — музеј во Фел, на 20 км од Трир, со подземен рудник, руднички музеј и патека на рудата.

Образование[уреди | уреди извор]

Трирскиот универзитет.

Најстарата високообразовна установа во градот е Трирскиот универзитет, отворен во 1473 г., затворен во 1796 и обновен во 1970 г. Други вакви установи се Трирски универзитет за применети науки и Академијата за европско право (ЕРА), отворена во 1992 г. со цел да обучува правници за целите на ЕУ.

Во 2010 г. во Трир работеле 40 детски градинки,[14] 25 основни и 23 средни училишта. Такви се гимназиите „Хумболт“, „Маскс Планк“, „Августа Викторија“ и реалните училишта „Нелсон Мандела“, „Кнез Балдуен“ и „Еранг“.[15]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Градот има добри железнички врски со поважните градови во регионот како Келн, Сарбрикен и Луксембург. Низ него минуваат автопатните магистрали A 1, A 48 и A 64, кои водат до Кобленц, Сарбрикен и Луксембург. Најблиски меѓународни аеродроми се Лускембург (40 мин со автомобил), Франкфурт-Хан (1 ч), Сарбрикен (1 ч), Франкфурт (2 ч) и Келн/Бон (2 ч). Реката Мозел игра важна улога во стопанскиот сообраќај, но по неа се одвиваат и речни крстарења. Има и железничка линија која поаѓа западната страна на реката.[16]

Познати жители[уреди | уреди извор]

Ова се некои попознати личности кои се родени, живееле или работеле во Трир:[17]

Карл Маркс
Каспар Олевијан

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Градот членува во сојузот на градови „Кватрополе“ (QuattroPole), заедно со Луксембург, Сарбрикен и Мец, од кои два се во соседни земји.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Трир е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Општини во Германија по население на 31 декември 2016 г.“ (PDF). Сојузна статистичка служба на Германија. 2016.  (германски)
  2. Rathaus der Stadt Trier. „Stadt Trier - City of Trier - La Ville de Trèves | Website of the Municipality of Trier“. web.archive.org. Архивирано од изворникот на 8 август 2002. конс. 26 август 2015. 
  3. Конкуренти за оваа титула се Келн, Кемптен и Вормс.
  4. „Bevölkerung der Gemeinden am 31.12.2010“ (PDF). Statistisches Landesamt Rheinland-Pfalz. 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 јануари 2012. 
  5. Heinen, стр. 1-12.
  6. „The City of Trier“. Uni Trier. конс. 11 мај 2019. 
  7. „TRIER THE CENTER OF ANTIQUITY IN GERMANY“ (PDF). 8 март 2012. конс. 26 август 2015. 
  8. LaVerne, F.K. (1991). Europe by Eurail 2010: Touring Europe by Train. Globe Pequot Press. стр. 337. ISBN 9780762761630. https://books.google.dk/books?id=Ux7EOl11e34C&pg=PA337. посет. 26 август 2015 г. 
  9. 2.
  10. „The Fall and Decline of the Roman Urban Mind | Svante Fischer and Helena Victor - Academia.edu“. academia.edu. конс. 26 август 2015. 
  11. статија
  12. „Trier, Germany Köppen Climate Classification (Weatherbase)“. Weatherbase. конс. 2 февруари 2019. 
  13. „Wetterrekorde Deutschland“. Wetterdienst.de. конс. 2 февруари 2019. 
  14. „Stadt Trier - Startseite | Kindergärten in Trier“. cms.trier.de. конс. 26 август 2015. 
  15. „Stadt Trier - Startseite – Schulen in Trier“. cms.trier.de. конс. 26 август 2015. 
  16. Fender, Keith. „Plans approved for Trier suburban line Written by“, „International Railway Journal“, 12 февруари 2014 (посет. 25 февруари 2014 г).
  17. Heinz Monz: Trierer Biographisches Lexikon. Landesarchivverwaltung Rheinland-Pfalz, Koblenz 2000. .
  18. „Catholic Encyclopedia - St. Helena - Ökumenisches Heiligenlexikon“. heiligenlexikon.de. конс. 26 август 2015. 
  19. „Međunarodna suradnja Grada Pule“. Grad Pula. Архивирано од изворникот на 5 мај 2012. конс. 28 јули 2013. 
  20. „Fort Worth“. Sister Cities International. Архивирано од изворникот на 13 април 2014. конс. 11 април 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]