Гослар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гослар
Поглед на градот
Поглед на градот
Грб на Гослар
Гослар се наоѓа во Германија
Гослар
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гослар
Градски единици 18
Градоначалник Оливер Јунк (CDU)
Основни податоци
Површина 163,71 км2
Надм. височина 255 м
Население 51.439 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 314 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GS
Пошт. бр. 38640, 38642, 38644
Повик. бр. 05321, 05325
Портал www.goslar.de
Местоположбата на градот Гослар во рамките на округот Гослар
Карта
Координати 51°54′26″ СГШ 10°25′48″ ИГД / 
Рамелсбершки рудници, Стариот град на Гослар и Систем на водно управување во Горен Харц
Светско наследство на УНЕСКО
GoslarMaltermeister.jpg
Критериум културно: i, iv
Навод 623
Запис 1992 (16. заседание)

Гослар (германски: Goslar) — историски град во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Претставува административно седиште на истоимениот округ и е сместен на северозападните падини на планинскиот масив Харц.

Стариот град Гослар, заедно со Рамелсбершките рудници и системот на водно управување во Горен Харц се прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО во 1992 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Гослар се наоѓа северозападните падини на планинскиот масив Харц, околу 40 километри јужно од Брауншвајг и околу 70 километри југоисточно од покраинскиот главен град Хановер. Врвот Шалке е највисоката точка во рамките на градот со 762 метри. Најниската точка е 175 метри близу реката Окер. Географски, Гослар ја создава границата помеѓу Хилдесхајм Берде, која е дел од Северногерманската Низина и масивот Харц, кој е највисока најсеверна планина на Средногерманските планини. Хилдесхајм Берде се карактеризира со низина со богата почва — користена за земјоделство, најчесто за одгледување шеќерна репа — испреплетена со неколку ридови, познати како Хилдесхајмска шума и Залцгитерски ридови. На североисток се протега шумата Харли до реката Окер, на исток се граничи со сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Веднаш на југ, планинскиот масив Харц се издига над стариот град на височина од 636 метри со врвот Рамелсберг. Големи шумски подрачја преовладуваат во околината. Поголема река која поминува низ градот е Окер со нејзините притоки Гозе/Абцухт и Радау. Реката Гозе извира околу 9 километри југозападно од Гослар кај Ауерхан (638 м.) источно од врвот Боксберг. На северните падини на Херцберг (632 м.) се влива и потокот Абцухт, пред заедно да се влијат во Окер. Потоците Дерпке и Гелмке исто така течат од Харц на југ во Гослар, при што се вливаат во Абцухт.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Општини со кои се граничи градот Гослар (од север надесно): Либенбург, Шладен-Верла (округ Волфенбител), Остервик (округ Харц, Саксонија-Анхалт), Бад Харцбург, Клаустал-Целерфелд и Лангелсхајм.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот се состои од 18 окрузи (Stadtteile):

  • Стар град
  • Рамелсберг (со Сименсфиртел и Розенберг)
  • Георгенберг (со Катенберг)
  • Штајнберг
  • Зудмерберг
  • Јиргенол (со Крамерсвинкел)
  • Басгајге
  • Олхоф

Припоени во 1972 година:

  • Хандорф (со Граухоф)
  • Ханенкле (со Боксвизе)
  • Јерштет
  • Окер

Припоени во 2014 година:

  • Именроде
  • Ленгде
  • Лохтум
  • Финенбург (со Велтингероде и Венероде)
  • Вединген
  • Видела

Историја[уреди | уреди извор]

Стара слика од Гослар

Гослар има богата културна, политичка и индустриска историја.

Царот Хајнрих I го основал градот во X век по откривањето на рудните богатства на сребро на Рамелсберг. Богатството добиено од среброто му го донело статусот на слободен царски град, кој го означувал посебниот интерес во рамките на Светото римско царство.

Средновековната Царска палата (Kaiserpfalz Goslar) била изградена во XI век и станал летна резиденција на царевите, особено на Хајнрих III, кој ја посетувал својата омилена палата по дваесет пати годишни. Срцето на Хајнрих е закопано во Гослар, додека неговото тело останало во семејната гробница во Шпајерската катедрала.

Во зимата 1798 година, најстудената во тој век, младиот англиски поет Вилијам Вордсворт останал во Гослар. Да ја разбие носталгијата започнал да пишува неколку стихови за неговото детство, што подоцна се претворило во ремек-дело кое било објавено во тринаесет изданија по неговата смрт како „The Prelude“.[2]

Средновековната Госларска катедрала била изградена во исто време како и средновековната Царска палата, но единствено останал тремот; самата катедрала била срушена во 1820 година. Други знаменитости се Градското собрание (XVI век) и блиските Рамелсбершки рудници, каде се наоѓа и рударски музеј.

Во текот на Студената војна, Гослар бил голем гарнизонски град за војската на Западна Германија и граничната полиција. По падот на Берлинскиот ѕид, касарните биле затворени, што му задало голем економски удар на градот.

Демографија[уреди | уреди извор]

Движење на населението низ годините
Година Жители
1821 7.547
1848 9.748
1871 11.900
1885 15.997
1905 23.640
1925 27.881
Година Жители
1933 29.538
1939 34.371
1946 47.855
1950 53.804
1956 53.236
Година Жители
1961 54.151
1968 53.819
1970 52.649
1975 53.963
1980 52.556
Година Жители
1985 49.636
1990 46.251
1995 46.142
2000 44.278
2005 43.119

(податоците се од 31 декември секоја година)

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија
Средновековниот царски орел на Гослар

Гослар е збратимен со следниве градови:

Култура и знаменитости[уреди | уреди извор]

Споменик во дворот на касарните
Споменик со фигура во клечење
Средновековната Царска палата (Kaiserpfalz)
Кулата Цвингер и езерцето
  • Споменик на паднатите војници во Франко-пруската војна (сега на плажа во Кранентајх)
  • Споменик на паднатите војници во Првата светска војна

Театар[уреди | уреди извор]

Театарот „Одеон“ е главното театарско место во градот. Неодамна бил обновен. Домаќин е на неколку посетувачки театри и музички групи.

Алтернативниот театар „Kulturkraftwerk“ е сместен во напуштена електрична станица. Предводен е од доброволци и создава современ театар, комедиција и е домаќин на многубројни алтернативни културни настани. Тука спаѓаат Културните денови на Гослар, кои се одржуваат во средината на јуни.

Музеи[уреди | уреди извор]

  • Музеј Рамеслберг, првична точка на Европската рута на индустриско наследство
  • Музеј „Царска палата“ (Kaiserpfalz)
  • Куќа на монасите (Mönchehaus Museum) за современа уметност
  • Градски музеј
  • Музеј во Градското собрание
  • Кула Цвингер, музеј за доцносредновековната историја

Религија[уреди | уреди извор]

Црква Франкенберг
  • Протестантски: -Лутерански
    • Црква на плоштадот (изградена 1151 г.)
    • Нојверк
    • Св. Стефан
    • Франкенберг
    • Густав Адолф
    • Мартин Лутер
    • Св. Павле
    • Св. Ѓорѓи
    • Св. Јован
    • Св. Килијан
    • Св. Лукас
    • Св. Матеј
    • Св. Петар
  • Баптистички
    • Црква на Исус
  • Римокатолички
    • Св. Јаков (изградена во 1073 г., најстара романска црква во употреба во Гослар)
    • Св. Богородица Снежната
    • Св. Варвара
    • Св. Конрад
    • Св. Бено
    • Манастир Св. Ѓорѓи
  • Ислам
    • Џамија на турско-германското друштво
    • Џамија Гослар

Спорт[уреди | уреди извор]

Сместен на падините на ридовите Харц, Гослар нуди одлични услови за надворешни спортови, од пливање до искачување по карпи; од моторни спортови и авијација до едрење и планински велосипедизам.

Најстариот и најтрадиционален спортски клуб е MTV Goslar (основан во 1849 г.). Негови главни објекти, фудбалскиот терен и гимназијата се сместени во Голдене Ауе.

Фудбалскиот дел ФК Гослар 08 играл во четвртата регионална лига Север во 2009-10 по победата во покраинската лига на Долна Саксонија.[4]

Прослави и настани[уреди | уреди извор]

Во 2006 година, Гослар бил домаќин на основање на германската царска династија Салиер, кое било пред еден милениум.

Други настани биле:

  • Годишно доделување (од 1975 г.) на „царскиот прстен“ на личност кој имала посебен придонес во општеството и уметноста.
  • Меѓународни концертни денови Гослар
  • Госларски саем
  • Годишен уметнички панаѓур
  • Фестивал во Стариот град
  • Ханзини денови
Панорамски поглед од главната црква во Гослар

Стопанство и инфраструктура[уреди | уреди извор]

Фахверк куќите на реката Гозе
Хотел „Кајзерворт“

Градското средиште на Гослар служи како регионално трговско место на целата област.

Туристичкиот сектор е растечки во Гослар. Неколку хотели и хостели се сместени во центарот на градот или во негова близина. Воедно, градот има одморалишта за постари лица и постојат многу старечки домови во градот.

Гослар станал конференциски центар, пред сè со хотелите „Ахтерман“ и „Кајзерворт“.

Најголеми работодавци се Штарк (хемиско претпријатие), туризмот и граѓанскиот сектор. Многу жители од Гослар работат во Залцгитер.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Гослар има одлични патни врски, како и железнички врски кои го поврзуваат со главните европски центри. Гослар служи како главен сообраќаен јазол за областа Горен Харц.

Автопатите А7 и А395 поминуваат покрај градот. Автопатот А7 го поврзува Хамбург/Хановер на север со Франкфурт на Мајна/Минхен на југ. А395 се двои од главниот автопат А2 во насока исток-запад кај Брауншвајг и завршува кај Финенбург, околу 12 километри источно од Гослар. А2 го поврзува Берлин на исток со областа Рур и Холандија на запад. Сојузните автопати Б6 и Б82 се соединуваат кај Гослар.

Гослар е опслужуван од Германските железници преку линиите Хановер-Гослар-Хале (Саксонија-Анхалт) како и Брауншвајг-Гослар-Крајензен. Главната железничка станица е во близина на средиштето на градот.

На железничката станица се наоѓа и главна автобуска станица со автобуси до различни места во планините Харц.

Медиуми[уреди | уреди извор]

Регионалниот весник е Goslarsche Zeitung, кој има 90.000 читатели. Списанието General-Anzeiger поседувано од издавачката куќа „Хајнрих Бауер“ има уредништво во Гослар. Покрај овие два, постојат уште две списанија.

Radio Okerwelle GoslarRadio е регионално приватно радио засновано во Брауншвајг, кое емитува современа музика, информации и вести на германски јазик во пошироката област.

Луѓе од Гослар[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]